Европа
Поради пристапување на IS осудени тројца Норвежани
Суд во Осло осуди во петокот тројца Норвежани на казни од седум месеци до речиси пет години затвор поради припадност на џихадистичката терористичка групација Исламска држава (IS).
Осуден за припадност на Исламската држава, којашто судот во пресудите ја нарекува најлошата терористичка организација денес на светот, судиите му изрекоа најстрога казна од 4 години 9 месеци затвор на 28-годишниот Ваљон Авдили, Норвежанец со албанско потекло. Авдили признал дека заминал во Сирија, но тврди дека ѝ припаѓал на Ахрар ал-Шам, салафистичка групација за којашто тврди дека извршувал хуманитарни активности.
Норвежанецот од сомалиско потекло, 30-годишниот Џибрил Башир добил нешто поблага казна, од 4 години и 3 месеца затвор.
Судот во Осло заклучил дека двајцата мажи уапсени во мај 2014 година учествувале во воени операции, а многу елементи наведувале дека биле свесни за нелегалноста на својата припадност на Исламската држава во Сирија и во Норвешка, врз основа на законот донесен во јуни 2013 година.
На третиот осуденик, 25-годишпниот Висар Авдили му е одредена затворска казна во траење од 7 месеци, поради кршење на законот за оружје и затоа што заедно со неговиот брат Ваљон се обидел од Норвешка да му испрати воена опрема на третиот брат Егзон, кој бил убиени во април 2014 година на боиштето во Сирија.
Овој процес послужи како тест во Норвешка, каде што првпат судот спомена одредби од кривичниот закон со кој се казнува финансиска поддршка на терористичка организација, што се казнува со шест години затвор под одредени околности.
Според норвешките разузнавачки агенции, повеќе од 70 Норвежани учествувале или сé уште учествуваат во џихадот на Исламската држава и другите екстремни сунитски групи во Сирија./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.
Европа
Продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација во Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација од 14 мај до 11 август.
Зеленски на 6 мај достави до парламентот предлог за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација за уште 90 дена, објави „Киев индепендент“.
Украинскиот парламент гласаше да го одобри продолжувањето два дена подоцна.
Тој претходно ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата од 14 февруари до 14 мај.
Зеленски првпат прогласи вонредна состојба и општа мобилизација на 24 февруари 2022 година, кога Русија започна напад врз Украина.
Оттогаш, мерката беше продолжена неколку пати.
Оваа мерка значи дека Украинците на возраст меѓу 18 и 60 години, со некои исклучоци, не можат да ја напуштат земјата бидејќи може да бидат повикани на воена служба.
Во април, парламентот усвои закон за ажурирање на правилата за мобилизација додека земјата се обидува да ги надополни редовите на своите вооружени сили.
Европа
На парадата на Путин имаше само еден тенк, луѓето се потсмеваат: „Па, барем вози“
Иако воената парада во Москва е нормално можност Русија да се пофали со својата војска, оваа година само еден тенк помина низ Црвениот плоштад. За работите да бидат уште поинтересни, тоа беше тенк Т-34, произведен пред 90 години – уште пред да се роди Путин.
Да потсетиме, на воената парада и минатата година учествуваше еден тенк, истиот Т-34. Многумина го исмеваат Путин поради ова.
The only Russian tank present at today’s Victory Day parade in Moscow is a single T-34. pic.twitter.com/ut3T6zr31v
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) May 9, 2024
„Овој Т-34, легендарниот советски тенк од Втората светска војна, беше единствениот руски тенк изложен на парадата на Денот на победата на Црвениот плоштад денес“, напиша Макс Седон, шеф на московското биро за „Фајненшл тајмс“. „Сите останати мора да се некаде зафатени!“
Про-украински корисник на „Икс“ напиша: „Па, барем вози“.
Друг корисник додаде: „Ништо не говори „втора армија на светот“ како осамениот тенк на победничката парада втора година по ред“.