Контакт

Европа

Порошенко не го продолжи прекинот на огнот во источна Украина

Објавено пред

Украинскиот претседател Петро Порошенко одлучи да не го обнови примирјето во источниот дел од земјата откако и 72-часовно продолжување истече во понеделникот во 21 часот по средноевропско време, но изрази подготвеност повторно да прогласи прекин на огнот доколку сите страни во конфликтот се придржуваат до мировниот план, се наведува во соопштението на интернет страницата на претседателот на Украина објавено во ноќта кон вторникот.

dobivaj vesti na viber

 

Во објаснувањето на одлуката, се наведува дека претседателот Порошенко смета оти не била искористена шансата за исполнување на мировниот план, поради „криминалните дејствија“ на проруските бунтовници и дека „претседателот презема дејствија во врска со прекинот на огнот во Донбас“.„Тие (бунтовниците) јавно ја изразија својата неподготвеноста да го поддржат мировниот план во целост и посебно прекинот на огнот. Повеќе од сто пати го нарушија примирјето“, се вели во соопштението.Се истакнува и дека за заштитата на територијалниот интегритет на Украина, безбедноста и животите на цивилите неопходни се не само дефанзивни, туку и офанзивни дејствија против бунтовниците.Порошенко порачал дека вооружените сили, Националната гарда, Државната гранична служба и Службата за безбедност (СБУ) повеќе не се ограничени со прекинот на огнот. Украинскиот претседател истакнал дека украинскиот војници нема да употребат сила против цивилите и нема да биде отворан оган врз станбени населби.Киев е подготвен да се врати на прекинот на огнот, само доколку сите страни се придржуваат до мировниот план, се вели натаму во соопштението објавено на веб страницата на претседателот на Украина.„Нашиот мировен план, како стратегија за Украина и Донбас, останува на сила (…) Во секој момент сме подготвени да се вратиме на прекинот на огнот. Кога ќе увидиме дека сите страни се придржуваат кон спроведувањето на основните точки од мировниот план“, се вели во пизмената изјава на Порошенко.Според него, украинските власти не се откажуваат од реализацијата на мировниот план, кој предвидува разоружување, децентрализација, слободна употреба на рускиот јазик, како и поврат на загубената сопственоста за сметка на државата.Примирјето коешто го прогласи украинскиот претседател Порошенко на 20-ти јуни, завршуваше на 27-ми јуни, но беше дополнително продолжено за уште 72 часа и заврши во понеделник навечер во 21 часот по средноевропско време.Во настојувањето да се прекинат повеќе од двомесечните судири, Порошенко и проруските бунтовници во саботата известија дека примирјето коешто требаше да заврши во петокот навечер е продолжено до 21 часот по средноевропско време во понеделник. Самопрогласениот премиер на самопрогласената Народна република Донецк, Александар Бородај во неделата соопшти дека следниот круг преговори со претставниците на власта во Киев би требало да се одржи во вторник 1-ви јули. Примирјето беше првиот чекор од мировниот план на претседателот Порошенко во 15 точки, кој предвидува и децентрализација на власта, како и делумно враќање на употребата на рускиот јазик во училиштата и претпријатијата, откако го загуби статусот на службен јазик кога кон крајот на февруари новите прозападни власти го укинаа законот за јазиците./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар

Објавено пред

Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.

dobivaj vesti na viber

Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.

Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал

Објавено пред

Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.

dobivaj vesti na viber

Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.

Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Објавено пред

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.

dobivaj vesti na viber

„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.

Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.

Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.

Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија3 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија3 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија3 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија4 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија4 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија4 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија6 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија6 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија6 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет8 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет8 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет9 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет10 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет10 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет10 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет10 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија18 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија19 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ20 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...