Контакт

Европа

Порошенко: Снајперист на Кремљ убивал во Киев

Објавено пред

Украинскиот претседател Петро Порошенко во петокот изјави дека полициски докази покажуваат дека советникот на рускиот претседател Владислав Сурков управувал со „странските снајперисти“ коишто во февруари минатата година убиваа демонстранти и полицајци на протестите во Киев со кои беше соборен претседателот Виктор Јанукович.

dobivaj vesti na viber

„Пред неколку дена, шефот на државната безбедност ми рече дека припадниците на специјалните единици во текот на испитувањето дале докази дека претседателскиот советник Владислав Сурков ги водел групите странски снајперисти на Мајдан“, рекол украинскиот претседател Петро Порошенко, според текстот објавен на неговата официјална интернет страница.

Ова Порошенко го изјавил на средбата со семејствата на околу стотината жртви кои загинаа во трите најкрвави дена од протестите на Плоштадот на независноста во Киев кои ги организираше тогашната прозападна опозиција, против претседателот Виктор Јанукович кого го обвинија дека ја свртува земјата кон Русија.

Уште во април 2014 година, откако го соборија, прозападните украински власти за убиствата на повеќе од стотина демонстранти кои во февруари протестираа во украинскиот главен град Киев, рекоа дека се случиле под директна наредба на соборениот претседател Виктор Јанукович.

„Во текот на протестите кои траеја три месеца, во седиштето на украинските сили за безбедност се наоѓале непознати руски државјани”, изјави тогаш поставениот директор на државата за службата за државна безбедност (СБУ), Валентин Наливајченко, потсетувајќи дека на 20-ти февруари бил еден од најкрвавите денови во украинската постоветска историја.„Тој ден на аеродромот во близина на Киев од рускиот град Шкаловска слетале авиони со околу 5.100 килограми експлозиви и друг материјал произведен во Русија”, додаде тогаш Наливајченко.

Украинските челници за тоа го обвинија директно Јанукович, а наведоа и дека планот „бил разработен во ФСБ на Русија (Федералната служба за безбедност)” а пукале од „припадници на единците Алфа и Беркут” од 18-ти до 20-ти февруари. Наливајченко, исто така, лани истакна дека биле употребени автоматски пушки „калашникови” и снајпери од германско производство.

Меѓутоа, цел месец пред ова тврдење на Наливајченко, на почетокот од март 2014 година, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров побара од Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), поведување истрага за убиствата на десетици лица при безредијата во Киев, убиени со истрели на снајперисти, истакнувајќи дека вистината и покрај премолчувањето не може да се сокрие. Тогаш шефот на руската дипломатија се повика на телефонскиот разговор меѓу поранешната висока претставничка на Европската унија за заедничка надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон, и естонскиот министер за надворешни работи Урмас Пает кој од Киев ја известува за сознанијата добиени од локална лекарка којашто вршела обдукција врз загинатите дека се убиени со исто оружје и оти се повеќе е јасно дека и вистината не може да се сокрие.

Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин, исто така, на почетокот од ланскиот март изјави дека е неопходно да се спроведе објективна истрага за насилствата во Киев, во кои биле употребени и снајперисти, што ја побарал во светската организација додавајќи дека „откако ќе се спроведе таквата истрагата, ќе се откријат многу интересни детали и не само за ангажирањето на опозициските снајперисти за нивни цели, туку и за тоа што стрелале во припадниците на безбедносните сили”.

Западните земји ја обвинуваа интервентната полиција „Беркут” којашто во меѓувреме новите власти во Киев ја распуштија, дека по налог на отстранетиот претседател Виктор Јанукович вршеле насилства и стрелале во демонстрантите во текот на февруари во безредијата во Киев, кога загинаа 90-ина луѓе, од кои најмалку 15 беа припадници на интервентната полиција, којашто последните два дена од протестите доби дозвола да биде вооружена со боева муниција.

Русија, пак, споменатиот телефонски разговор, кој очигледно бил прислушуван, но не е утврдено од кого, го предочи и како поткрепа на своето тврдење дека насилните протести во Киев кои започнаа кон средината на февруари, откако сосема спласнаа претходните мирни протести започнати ланскиот ноември откако Јанукович не ја потпиша Спогодбата за придружување на ЕУ, ги започнала опозицијата.

Станува збор за појавената на интернет снимка од телефонскиот разговор од 26-ти февруари 2014-та на естонскиот министер за одбрана Урмас Пает, по неговата посета на Киев, и Кетрин Ештон, во којашто се дискутира за наодите на украинските лекари коишто вршеле обдукција на убиените во протестите од судиите во Киев. Според шефот на дипломатијата на Естонија, „сите докази укажуваат дека сите убиени од двете страни, и од полицијата и меѓу цивилите, се убиени од ист снајпери”.„Сега постојат уште посилни индиции дека зад снајперисти не стоеше Јанукович, туку некој од новата коалиција”, истакнува Пает во еден дел од разговорот и забележува дека новите власти во Киев воопшто не сака да го истражува тоа. „Па да…тоа е, тоа е ужасно…. Мислам дека треба да покренеме истрага за тоа… Досега не сум го слушнала тоа, а е многу интересно. Боже…”, одговара Ештон на снимката, но забележува дека лекарката која ги дала тие информации сепак не е политичарка и брзо го свртува разговорот на друга тема.

Во март 2014-та во руските медиуми се појави снимката со притворен млад човек во градот Берјанск по враќањето од Украина, кој тврди дека во безредијата во Украина учествувале странски платеници од САД, Германија, Турција итн, а оти самиот тој наводно бил ангажиран од опозицијата како „руски снајперист”./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

16-годишно момче избодено во училиште во Германија

Објавено пред

16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.

dobivaj vesti na viber

На нападот наводно му претходела вербална расправија.

Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.

Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.

По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.

Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“

Објавено пред

45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.

dobivaj vesti na viber

Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.

Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.

Прикажи повеќе...

Европа

Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС

Објавено пред

Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.

dobivaj vesti na viber

Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.

Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.

Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.

Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.

– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.

Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија9 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија9 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ12 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија12 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет14 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет15 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет15 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион15 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет16 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија2 дена

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...