Европа
Потврдена уверливата победа на партијата Путин
Партијата Единствена Русија на претседателот Владимир Путин надмоќно победи на неделните парламентарни избори која ѝ овозможува создавање двотретинско или уставно мнозинство, покажуваат првите официјални резултати објавени во понеделникот, меѓутоа нискиот одѕив од околу 48 отсто од гласачите се толкува како слабеење на ентузијазмот кај владејачката партија, заситеноста на гласачите и апатија поради преслабата опозиција.
Изборите според новиот изборен систем за Државната Дума, долниот дом на рускиот парламент, во кој првпат од 450-те мандати пратениците се избираа половина на партиски листи а половината непосредно, минаа без проблеми во нарушувањето на гласањето и ја потврдија доминацијата на владејачката Единствена Русија и покрај тоа што земјата се соочува со најдолгата рецесија од појавата на политичката сцена на Владимир Путин. Според политичките аналитичари, тоа најверојатно се должи на разбирањето дека влошената економска состојба е предизвикана од надворешни фактори.
„Веќе можеме да објавиме со сигурност дека партијата обезбеди добар резултат. Ситуацијата е тешка, но луѓето и натаму гласаат за Единствена Русија“, изјави Путин по завршувањето на гласањето на државната телевизија.
Според резултатите по обработка на 93 отсто од избирачкиот материјал, Единствена Русија освоила 54,28 отсто од гласовите со што обезбедува 338 мандати во Думата. Според прелиминарните резултати, во Државната Дума ќе влезат вкупно шест партии, покрај досегашните четири парламентарни и партиите Родина и Граѓанска платформа.
Од досега присутните партии во Думата, Комунистичката партија на РФ (КПРФ) го освоила второто место со 13,45 отсто од гласовите, додека десно ориентираната Либерално-демократска партија на Русија (ЛДПР) е трета со 13,24 отсто, а Справедлива Русија освоила 6,17 отсто од гласовите. Другите партии не го минуваат петпроцентниот изборен праг, кој во настојувањата за демократизацијата на општеството беше за овие избори симнат од 7 отсто.
Покрај тоа Единствена Русија води и на изборите кои даваат по еден пратеник, и тоа во 203 окрузи, Справедлива Русија и КПРФ водат во седум, ЛДПР води во пет, а Родина и Граѓанска платформа водат во еден изборен округ, а во еден округ води и еден независен кандидат.
Премиерот Дмитриј Медведев изјави уверен дека неговата партија ќе освои „апсолутно мнозинство во Думата. Но иако вкупниот број освоени гласови за Единствена Русија ги надминува оној од 49 отсто на изборите во 2011 година, се забележува дека одѕивот бил слаб, особено во големите градови Москва и Санкт Петербург. Имено гласале 47,8 отсто од избирачите наспроти 60 проценти пред пет години.
Изборите минаа во период кога поддршката за претседателот Владимир Путин е 78 отсто, и се смета дека тој без проблеми уверливо би победил и на претседателските избори во 2018 година.
Резултатите, исто така, покажуваат дека таканаречените либералните опозициски групи кои се симпатизирани на Западот не освоија доволно поддршка за влез во парламентот, ниту партијата Јаблоко, ниту партијата Парнас којашто ја води поранешниот премиер Михаул Касајнов, кои дури забележаа и поразителни резултати, кои освоија под 2 отсто, дури помалку и од партијата Комунисти на Русија. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.