Европа
Приврзаниците и противниците на независноста на Шкотска речиси изедначени
Девет дена пред референдумот за независност Шкотска (18-ти септември), најновата анкета направена од институтот TNS Scotland објавена во вторникот покажа дека приврзаниците и противниците на отцепувањето на Шкотска од Обединетото Кралство по 307 години, се речиси изедначени со „лесен“ тренд на растот на гласовите за независност.
Девет дена пред референдумот за независност Шкотска (18-ти септември), најновата анкета направена од институтот TNS Scotland објавена во вторникот покажа дека приврзаниците и противниците на отцепувањето на Шкотска од Обединетото Кралство по 307 години, се речиси изедначени со „лесен“ тренд на растот на гласовите за независност.
Приврзаниците за независноста на Шкотска би добиле 38 отсто од гласовите, додека 39 проценти од избирачите би се определиле за останување во унијата на Велика Британија, а 23 отсто од испитаниците се изјасниле дека сé уште немаат одлучено, според истражувањето на јавното мнение што го спровел институтот TNS Scotland, на репрезентативен примерок од 990. Меѓутоа, оние што ќе гласаат „за“ и „против“ се целосно изедначени на 41 отсто гласови меѓу избирачите коишто се изјасниле дека сигурно ќе гласаат на 18-ти септември.
Ова истражување на јавното мнение всушност покажува дека анкетата што институтот YouGov ја направи за весникот The Sunday Times објавена во неделата во којашто приврзаниците на независноста првпат минаа во водство со 51 наспроти 49 отсто, не била аномалија.
Британските медиуми, исто така, истакнуваат дека во анкетата на TNS Scotland од август заговорниците на шкотското останување во рамките на Велика Британија имаа предност од 13 процентни поени.
„Ова испитување на јавното мнение открива значителна промена во намеруваните гласови. Премногу е тесно за предвидувања, но двата табора последните денови од кампањата ќе се обидат да ги убедат неодлучните избирачи во предноста на своите аргументи, изјави директорот на институтот TNS, Том Гостли.
За противниците на независноста кои ја водат кампањата „Better Toether“„ (Подобро заедно), ова е сигнал дека ќе мора да се смета на секој глас.
„Изминатите два дена ќе се сметаат за вистински почеток на референдумот. Гласот на секој од нас би можел да се покаже како клучен и да направи разлика меѓу распадот на Обединетото Кралство и неговото одржување“, изјави директорот на кампањата, Блер Мекдугл.
Водачите на кампањата за независност под назив „Yes Scotland“, пак, изразија задоволство со ова „клучно испитување на јавното мнение кое потврдува дека гласовите ’за’ растат“.
Двете последни истражувањата на јавното мнение прават зголемен притисок врз британскиот премиер Дејвид Камерон кој минатата седмица повтори дека не сака да поднесе оставка доколку на референдумот победат приврзаниците на шкотската независност.
Владата на Велика Британија поради нагорнито тренд на поддршката за независност, се обврза дека на Шкотска ќе и’ пружи поголема автономија, доколку на претстојниот референдум за независност на 18-ти септември се одлучи да остане во 307 години долгата унија со Англија во Обединетото Кралство, откако во неделата беше објавено дека првпат приврзаниците на независноста минале во водство во анкетите, откако претходно постојано растеше овој процент во испитувањата на јавното мнение. Британскиот министер за финансии Џорџ Осборн изјави во неделата дека следните денови ќе бидат претставени плановите за давање поголема автономија на Шкотска во сферата на даноците, трошоците и социјалната грижа, доколку Шкотите на историскиот референдум од 18-ти септември донесат одлука против независноста. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.