Европа
Путин е подготвен за соработка со САД, и сака заедничка борба против тероризмот

Русија е подготвена да го развива односите со новата американска администрација и се надева дека двете земји ќе ги здружат напорите во борбата против глобалниот тероризам, порача во четвртокот рускиот претседател Владимир Путин во своето 69-минутно годишно обраќање во рускиот парламент.
„Подготвени сме да соработуваме со новата американска администрација. Важно е да се нормализираат и да започнат да се развиваат односите на рамноправна и заедно полесна основа. Се надеваме дела ќе ги здружиме напорите со САД во борбата против стварната а не измислената закана – глобалниот тероризам“, рече рускиот претседател Владимир Путин во говорот за ткн состојбата на нацијата пред членовите на двата дома на руската Дума.
Путин истакна дека Русија ќе се зазема за своите интереси, но дека нема намера да се впушта во никакви геополитички судири.
„Не бараме и никогаш не сме барале непријатели. Потребни ни се пријатели“, продолжи рускиот челник притоа истакнувајќи дека нема да толерира никакви обиди за им се нанесат штети на руските интереси.
Меѓутоа, сепак, додаде дека Русија е подготвена да учествува во решавањето на глобалните кризи, доколку и кога тоа ќе биде неопходно.
„Искрено, подготвени сме да учествуваме во решавањето на глобалните и регионални проблеми, каде што нашиот ангажман е соодветен, неопходен и баран“, рече Путин.
Според него, соработката меѓу Русија и САД во решавањето на глобалните и регионалните проблеми е во интерес на целиот свет.
„Ние имаме заедничка одговорност за гарантирање на меѓународната безбедност и стабилност“, истакна.
Исто така, Путин рече дека Русија ги развива своите развојни задачи во тешки услови, но дека нејзиниот народ докажал оти е способен да го одбрани независниот курс на својата земја.
„Ние мораме сите тие задачи да ги решаваме во тешки, необични околности, како што често се случува во нашата историја. Меѓутоа, рускиот народ уште еднаш убедливо докажа дека е способен да одговори на тешките предизвици, да ги брани и да ги штити своите национални интереси, суверенитетот и независниот курс на земјата“, рече рускиот претседател./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Романски пилот преживеал авионска несреќа, загинал неколку часа подоцна во друга

Неколку часа откако преживеал една авионска несреќа, пилот на мал авион загина во друга во Романија.
Уривањето на малиот авион ICP Savannah S се случи вчера околу 19 часот во општина Јуриловца на брегот на Црното Море во Романија кратко по полетувањето.
Загинатиот 54-годишен пилот имал искуство од повеќе од 200 часа летаље, а само неколку часа претходно преживеал пад на сличен авион кога летал со својот 18-годишен син.
Нивниот авион се превртел при слетувањето, но двајцата останале неповредени.
Тие повикале други пилоти да ги пренесат од местото на несреќата и отпатувале со посебни авиони, од кои едниот се урна, објави романската „Про ТВ“.
Двајца лица во авионот ги загубиле животите во несреќата.
Фото: принтскрин
Европа
(Видео) Илјадници луѓе заглавени на руските аеродроми поради напади со дронови

Големи украински напади со беспилотни летала врз Русија резултираа со целосен хаос на главните аеродроми во Москва денес, при што илјадници патници чекаат во редови или спијат на подот од аеродромите откога летовите беа откажани или одложени, објавија руските медиуми.
Видеата објавени од руските медиуми покажаа луѓе како чекаат во редови или спијат на подот на „Шереметјево“, најпрометниот аеродром во Русија според бројот на патници.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека соборило 117 беспилотни летала преку ноќ, вклучувајќи 30 над Московскиот Регион, откога претходниот ден беа соборени 172 беспилотни летала, вклучувајќи исто така 30 над Московскиот Регион.
Moscow region, Russia ❗
✈️❌ A real collapse has formed at Sheremetyevo Airport! Hundreds of people have been crowding the airport for a whole day. Due to drone attacks, dozens of flights have been postponed or completely canceled. This is already the second collapse of the… pic.twitter.com/m5EgND4ni9— LX (@LXSummer1) July 20, 2025
Руската служба за цивилно воздухопловство „Росавијација“ накратко воведе ограничувања за ноќните летови на главните московски аеродроми: „Шереметјево“, „Внуково“, „Домодедово“ и „Жуковски“.
Неколку илјади луѓе беа блокирани на далечниот исток на Русија поради откажани летови во европскиот дел на Русија, а дополнителни возови беа пуштени во сообраќај за да им се овозможи на патниците да се вратат во Москва од северниот руски град Санкт Петербург, објавија руските медиуми.
Москва и околниот регион се дом на најмалку 21,5 милион луѓе.
Фото: принтскрин
Европа
Трагедија на Алпите: Британка загина за време на рафтинг

Британка загина во трагичен инцидент во француските Алпи додека била на рафтинг на реката Гуисан, во југоисточна Франција, откако паднала од сплав за време на спуштањето, изјави за АФП регионалниот обвинител Марион Лозакмер.
Британката била дел од организирана тура и паднала од чамецот на предизвикувачки дел од реката, објави локалниот весник „Ле Дофин“. Идентитетот на жената не е објавен.
Според извештаите на локалните медиуми, спасувачите ја пронашле на брегот на реката и таа била итно префрлена во блиската болница во критична состојба со хеликоптер.
И покрај напорите на лекарите, таа не можела да биде спасена. „Жртвата за жал почина“, потврди обвинителот Лозакмер.
Смртта на британскиот државјанин ја потврди и Министерството за надворешни работи на Велика Британија, кое соопшти дека е во контакт со француските власти.
Обвинителството започна истрага за сомнение за убиство од небрежност, а наредена е обдукција за да се утврди точната причина за смртта, додаде Лозакмер.
Фото: принтскрин