Контакт

Европа

Путин: Насилната струја во Киев е причина за ескалацијата во Донбас

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонските разговори од неделата со германската канцеларка Ангела Меркел и од понеделникот со францускиот претседател Франсоа Оланд, рекол дека причина за влошувањето на ситуацијата во југоисточна Украина е настојувањето на властите во Киев за насилно решавање на регионите познати под заедничкиот назив Донбас, пренесуваат руските агенции повикувајќи се на соопштение на Кремљ кој истовремено информира дека дури во понеделникот бил добиен одговор од украинскиот претседател Петро Порошено на писмото што уште на 15-ти јануари му го упати Путин.

dobivaj vesti na viber

„Претседателот на Русија истакна дека причина за ескалацијата на непријателствата е определбата на киевските власти за насилно задушување на Донбас. Тој потсети дека на 15-ти јануари му испрати писмен предлог на Порошенко за итно повлекување на тешкото вооружување од линијата на раздвојување на спротиставените страни, што ќе оневозможи гранатирање на населени места и голем број цивилни жртви“, се наведува во соопштението на Кремљ без да се наведат други детали од телефонските разговори со Меркел и Оланд,

Кремљ во истото соопштение за јавноста информира дека „Формалниот одговор на предлогот (од 15-ти јануари) пристигна дури во понеделникот (26-ти јануари)“.

„Во разговорите Путин ја истакна големата важност од воспоставување политички дијалог меѓу киевските власти и претставниците на Донецк и Луганск (одметнатите рускојазични региони во источна година кои пролетта минатата година самопрогласија ткн Народни република независни од Киев – з.р.), со цел да се стави крај на крвопролевањето и да се соработува во надминувањето на внатрешноукраинската криза“, се наведува во соопштението на Кремљ.

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Жесток руски напад врз Харков, погодена болница: 30.000 луѓе останаа без струја

Објавено пред

Руските сили го нападнаа Харков со наведувани бомби, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија на 30.000 корисници во три области, соопштија локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Регионалниот гувернер Олех Синиехубов напиша во Телеграм дека руските сили користеле наведувани бомби за да ги нападнат областите Немишљански и Слободски на југоисток и областа Шевченковски на север од градот.

Градоначалникот Ихор Терехов, во интервју за локална телевизија, рече дека три бомби оштетиле болница и погодиле далноводи. Речиси 30.000 корисници биле погодени од прекинот на електричната енергија.

Тој рече дека четири лица се повредени, повеќето од расфрлани стакла, а некои пациенти се префрлени на други одделенија. „За жал, болницата беше доста оштетена и внатре имаше пациенти. Четири лица беа повредени во различен степен, а околу 200 прозорци беа скршени“, рече Терехов.

„Нападите се главно врз енергетски цели – производство, пренос, електрична мрежа. Целта е електричната мрежа да престане да работи.“

Во последните недели, руските сили ги концентрираа своите напади врз цели поврзани со електричната мрежа и гасната индустрија на Украина, како што се приближува зимата во повеќе од 3 и полгодишната војна.

Масовниот напад врз Киев и другите центри минатата недела остави повеќе од еден милион домаќинства и бизниси привремено без електрична енергија низ целата земја. Снабдувањето со вода беше исто така прекинато.

Прикажи повеќе...

Европа

Неколку возови во Украина запрени поради закани за бомба

Објавено пред

Анонимни закани со бомби повторно го нарушија железничкиот сообраќај низ Украина, соопштија вчера властите.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека патнички воз што се движел кон Запорожје бил принуден да застане во селото Бурштин, каде што патниците биле евакуирани на безбедно растојание додека експерти и кучиња трагачи ги пребарувале вагоните за експлозиви. Откако добиле дозвола за патување, возот го продолжил своето патување.

Според новинската агенција УНИАН, неколку други возови во различни региони исто така биле запрени и проверени по слични закани. Меѓу нив била и линијата Днепар-Будимпешта што ја поврзува Украина со Унгарија.

Слични инциденти се пријавени во последните денови, иако не се пронајдени експлозивни направи во ниту еден од засегнатите возови, вклучително и на меѓународните линии. Сепак, превентивните проверки предизвикаа доцнења. Властите досега не дале информации за можните мотиви или потекло на заканите.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Големо невреме во Шпанија: црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Објавено пред

Големи поплави предизвикани од обилни дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните власти, пренесе Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Драматични снимки кружат на социјалните мрежи на кои се гледаат порои од каллива вода што се движат низ градовите Ла Рапита и Санта Барбара во покраината Тарагона, носејќи сè на својот пат.

Лошото време ја натера националната метеоролошка агенција на Шпанија АЕМЕТ да издаде црвена тревога, највисоко ниво, за крајбрежниот регион. Досега нема извештаи за жртви или повредени.

Каталонската агенција за цивилна заштита апелираше до жителите на делтата на реката Ебро во Тарагона да не ги напуштаат своите домови. AEMET предупреди дека во областа може да наврнат до 180 милиметри дожд за само 12 часа.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

Трамп го потпиша мировниот договор за Газа: „Поминаа 3.000 години за да се стигне до ова“

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша првиот мировен план за Газа, изјавувајќи при потпишувањето: „Поминаа 3.000 години за да се...

Македонија12 часа

ЕУ отвора центри за вештачка интелигенција во Македонија и Србија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска најави дека Европската унија ќе отвори две „ВИ фабрики“ (центри за...

Топ12 часа

Поранешен дечко со оружје дошол пред домот на девојка во Гевгелија, полицијата го спречила

Полицијата во Гевгелија денеска спречи обид за убиство на девојка од нејзиниот поранешен партнер. Според информациите на Министерството за внатрешни...

Македонија16 часа

Алиу лично е за токсиколошка проверка да биде законска за сите лекари, но не знае дали правно може да се дефинира

Министерот за здравство Азир Алиу лично смета дека треба да се додаде законска обврска за токсиколошки анализи на сите лекари...

Македонија16 часа

Јован Божиновски назначен за нов директор на Клиникaта за неврологија, соопшти Алиу

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше дека за нов в.д. директор на Клиниката за неврологија е назначен...

Македонија17 часа

Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа

Иднината на Скопје, кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски ја гледа како град кој функционира паметно, брзо...

Македонија18 часа

Новата грејна сезона официјално почнува на 15 октомври: испораката на топлинска енергија ќе зависи од атмосферските услови

Од 15 октомври, официјално почнува грејната сезона 2025/2026 година за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во градот...

Македонија18 часа

Инспектор од Тетово уништувал докази во постапка против неговиот син кој бил уапсен за трговија со дрога

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово за...

Македонија20 часа

Граѓаните да се пријавуваат на vakcinacija.mk за вакцинирање против сезонскиот грип

Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, граѓаните може да се пријавуваат на апликацијата...

Македонија20 часа

На полноќ завршува објавувањето резултати од анкетите за локалните избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење...

Свет20 часа

(Видео) Израелските заложници контактираа со своите семејства преку видеоврска пред да бидат ослободени

Некои заложници што ги држеше Хамас можеа да разговараат со своите семејства преку видео повик кратко пред нивното ослободување, објавија...

Свет21 час

(Видео) Ослободени сите живи заложници од Газа

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени на Црвениот крст, објавија израелските...

Македонија22 часа

„Влен“: Вресоците на Ахмети, Таравари и на Села се последните извици на една коалиција во распад

„Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари...

Македонија23 часа

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на...

Европа23 часа

(Видео) Големо невреме во Шпанија: црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Големи поплави предизвикани од обилни дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните...

Свет24 часа

Хамас ги ослободи првите заложници

Првите седум заложници се предадени на Црвениот крст во Појасот Газа. Меѓу ослободените се Гали Берман, Зив Берман, Матан Ангрест,...

Свет1 ден

(Видео) Хамас ги објави имињата на заложниците што треба да бидат ослободени

По прекинот на огнот во Газа, се очекува Хамас денес да ги ослободи израелските заложници што ги држи повеќе од...

Свет1 ден

(Видео) Трамп на летот за Израел: Војната е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи дека конфликтот во Појасот Газа е „завршен“ додека леташе за Израел и Египет за...

Европа1 ден

(Видео) Украинците нападнаа големо складиште за нафта во Крим, се шират снимки

Украински напад со беспилотни летала предизвика пожар во голем складишен објект за нафта на Крим, украинскиот полуостров што Русија нелегално...

Свет1 ден

Јужна Кореја: Русија веројатно ѝ помогнала на Северна Кореја да развие подморници

Северна Кореја веројатно добила техничка помош од Русија за развој на своите подморници, изјави денес пред парламентот јужнокорејскиот министер за...