Европа
Путин: Русија не е изолирана поради украинската криза
Претседателот Владимир Путин негира дека Русија поради украинската криза ќе биде изолирана на меѓународната политичка сцена и изрази убедување дека руската економија нема да биде единствената којашто ќе претрпи штети од санкциите и падот на цената на нафтата и рубљата, како и дека силата на неговата земја е во тоа што е во право.
Претседателот Владимир Путин негира дека Русија поради украинската криза ќе биде изолирана на меѓународната политичка сцена и изрази убедување дека руската економија нема да биде единствената којашто ќе претрпи штети од санкциите и падот на цената на нафтата и рубљата, како и дека силата на неговата земја е во тоа што е во право.
Европската унија следејќи ги САД воведе неколку сета санкции против Русија, откако руското мнозинство на црноморскиот полуостров Крим во март годинава, откако по безредијата во Киев на власт дојдоа прозападните и националистички политички сили, прогласи враќање на автономија и преку референдум се присоедини на Руската Федерација, што западот го смета за руска анексија на украинска територија, и ја обвинува дека им дава поддршка на бунтовниците во рускојзачните југоисточни региони на Украина, што Москва решително го отфрла.
„Ние ја разбираме фаталноста на ткн ‘Железна завеса’ за нас. Во ниеден случај нема да одиме по тој пат и никој нема да подигне ѕид околу нас. Тоа е невозможно“, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за агенцијата ТАСС.
Санкциите се одразија врз руската економија и предизвикаа пад на рубљата, што е притисок засилен со остриот пад на глобалната цена на нафатат, што аналитичарите го сметаат за намерно предизвикан за да се одрази врз буџетот на Русија, имајќи предвид дека нафтата е еден главниот руски извозни производи.
„Доколку цената на енергенсите е намерно намалена, тоа ќе ги погоди и оние коишто ги воведуваат тие ограничувања. Далеку од тоа дека санкциите, наглиот пад на цената на нафтата и падот на вредноста на националната валута ќе предизвикаат негативни ефекти или катастрофални последици само кај нас. Таквото нешто ќе ги погоди сите“, убеден е Путин,
Рускиот претседател го поврзува падот на цената на нафтата со зголеменото американско производство на нафта и гас од шкрилци, зголемувањето на продажбата од Либија, Саудиска Арабија и Ирак, вклучително и продажбата на црниот пазар којашто на џихадистичката Исламска држава ѝ овозможува големи заработки.
Путин во разговорот за ТАСС, исто така, навестува можност да се кандидира за четвртиот претседателски мандат на изборите во 2018 година, што доколку го освои би го задржало на власт до 2024 година.
„Да, можно е да се кандидирам. Се’ уште не знам дали ќе се случи тоа или не“, додава Путин.
Во врска со новинарското прашање за неговиот рејтинг кој и по 15 години на власт надминува 80 отсто, Путин вели дека тоа произлегува од неговото чувство дека е дел од Русија и народот, и дека постојано се труди да ја оправда високата доверба на избирачите во него./крај/мф/сн
Извор: TAСС
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.