Европа
Путин: Санкциите нема скоро да бидат укинат, Киев си го отсекува Донбас
Рускиот претседател Владимир Путин во текот на традиционалното годишно одговарање на прашањата на граѓаните во ткн „Директна линија“ емитувана во живо во четвртокот на три руски телевизиски и радио канали рече дека не очекува дека санкциите што Западот ги воведе против Русија поради нејзината наводна улога во кризата во Украина, а притоа се осврна и на ситуацијата во Украина, односите со Западот.
„Кога станува збор за санкциите, одржавме состанок со претприемачите и реков дека санкциите нам наскоро да бидат укината, бидејќи тоа е исполитизирано прашање. Мораме да ја искористиме оваа ситуација за да достигнеме ново ниво на развојот“, рече рускиот претседател Владимир Путин.
Смета дека санкциите против Русија „не се многу ефикасни“ и дека да се врши притисок врз неа преку санкциите е „бескорисно и бесмислено“, како и дека е потребно да се изнајдат компромиси.
На прашањето дали тие би можеле да останат на сила подолг период, на пример со децении, како во случај на некои други земји, Путин одговори дека Русија не може да биде споредена со другите земји. „Русија не е Иран. Руската економија е далеку поголема и далеку поразновидна, и ние не водиме таква политика во областа на енергетиката каква што има иранската економија“, појасни рускиот претседател.
Говорејќи за економската ситуација во Русија, Путин рече дека приходите опаднале поради инфлацијата. „Голем е притисокот врз рубљата. Тоа зависи од цените на нафтата. За жал, нашата економија е многу зависна од нафтата и тешко е тоа да биде променето. Многу нешта зависат од нас. Најважно е да ги користиме софистицираните начините на управување“, рече.
Путин тврди дека руската економија заздравува и дека постојат основните услови за натамошен раст. „Руската економија ќе се опорави за околу две години, можеби дури и побрзо. Рубљата зајакна, така што не можете да кажете дека не е сторено ништо. Ги повикувам сите да бидат стрпливи. Владата тргна по вистинскиот пат напред“, смета рускиот челник. Според него, Русија го преживеала врвот на проблемите, и покрај нивното постоење инфлацијата е пониска отколку во еврозоната.
Запрашан за договорот за испораката на ракетните противвоздушни системи С-300 на Иран и разговорите на шесте светски сили за нуклеарната програма на Техеран, Путин потсети дека тој договор е потпишан уште во 2007 година и дека во 2010 година тогашниот руски претседател, сега премиер, Дмитриј Медведев, го суспендираше во врска со меѓународните санкции поради иранската нуклеарна програма.
Путин истакна дека одлуката за обновување на тој договор е донесена поради волјата и флексибилноста на Иран да изнајде компромисно решение со Западот во врска со својата нуклеарна програма. „Денес има јасен знак дека иранските партнери имаат волја да најдат компромиси за нуклеарното прашање. Сите страни потврдија дека договорот ќе биде постигнат и затоа ја донесов таа одлука. Можеби нашите колеги не се запознаени со фактот дека санкциите на ОН не ја вклучуваат воената опрема“, подвлече Путин. Притоа повторно истакна дека испорака на системите С-300 на Иран „апсолутно не го загрозува Израел“. Станува збор инаку, за одбранбени ракетни системи.
Говорејќи за ситуацијата во Украина, изјави дека властите во Киев „со својата рака го отсекува од себе Донбас, и во тоа е проблемот“. Рече, исто така, дека сегашното украинско раководство прави многу грешки, но и дека тоа е нивниот избор.
Запрашан за наводното присуство на руски војници во Украина, Путин одговори „Нема руски војници во Украина. Началникот на Генералштабот на украинската армија самиот тоа отворено го потврди“.
Путин смета дека украинскиот претседател Петро Порошенко имал можноста да искористи мирни методи за решение на кризата откако беше избран на должноста. „Барав од него да не ги обновува непријателствата, но тој сепак го стори тоа. Тоа е огромна грешка“, порача.
Рускиот претседател кажа дека во меѓународните прашања не се води симпатиите и антипатиите, туку од интересите на државата. „Ситуацијата сега е во ќорсокак. Постои само еден излез, придржување на договорот од Минск, на уставната реформа. Ние можеме да го изразиме нашето мислење и очекуваме дека сите наши партнери ќе ги спроведат договорите од Минск. Политичката ситуација може да се промени, но таму секогаш ќе има луѓе. Не правам разлика меѓу Украинците и Русите, тие во основа се ист народ“.
Истакна дека Русија е заинтересиран за излегување на украинската економија од кризата, како и дека Москва му излегува в пресрет на Киев кога станува збор за гасот и јагленот.
Путин, исто така, рече дека Русија од прозападните власти во Киев не очекува ништо, освен една работа – да ја третираат како рамноправен партнер и, секако, да ги почитуваат правата на етничките Руси. „Повторувам, заинтересирани сме за нормализација на односите со Украина и ќе сториме сé што можеме да тоа да го оствариме“, категоричен беше рускиот претседател.
Според Путин, во Украина се случило се случи замор на граѓаните од сиромаштијата, измамите, проневерите, корупцијата, а кога луѓето ќе се најдат во таква ситуација се обидуваат да го пронајдат излезот. Украинските националисти ја искористија таа ситуација, смета Путин.
Одбивањето да ги испорача платените носачи на хеликоптери „Мистрал“ од страна на Франција, нема да ги поткопа одбранбените способности на Русија, тврди претседателот.
Путин порача дека Русија ќе го почитува изборот на секој политички челник и држава во врска дали ќе присуствуваат на парадата на 70-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна во Москва, но за него јасно е дека врз одлуките на многумина влијае „вашингтонскиот реонски комитет“.
„Тоа е изборот на секој политички функционер посебно. Некој не сака да дојде, а некому тоа не му го дозволува вашингтонскиот реонски комитет“, рече Путин, алудирајќи во прв ред на чешкиот претседател Милош Земан кој по силните надворешни и внатрешни притисоци претходно седмицава изјави дека на 9-ти мај ќе присуствува во Москва, но дека се откажува од учеството во делегациите коишто ќе ја следат воената парада./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.
Европа
(Видео) Вилијам и Кејт го игнорираа прашањето што им беше поставено на БАФТА наградите
Принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс, пристигнаа на доделувањето на наградите БАФТА во лондонската Кралска фестивалска сала во неделата вечерта, но нивното пристигнување имаше свои подеми и падови. Тие пристигнаа на црвениот тепих само три дена откако се појави веста дека Ендру Маунтбатен Виндзор е уапсен во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден.
За таа пригода, 43-годишниот Вилијам избра бордо кадифено сако, додека 44-годишната Кејт носеше долг, лелеав розов фустан. Организаторите го затворија црвениот тепих за да ѝ дозволат на двојката да влезе без други луѓе, но еден извик сепак одекна.
Prince William, BAFTA President since 2010, and Catherine, Princess of Wales arrive at the 2026 #BAFTAs. See all the red carpet looks: https://t.co/eLm0bmsH9f pic.twitter.com/0y1ymR9AT5
— VANITY FAIR (@VanityFair) February 22, 2026
Во еден момент, некој од публиката директно ги праша: „Дали монархијата е во опасност?“ Вилијам и Кејт не реагираа, само продолжија според протоколот.
Ова беше нивното прво заедничко појавување на БАФТА наградите по три години. Последен пат се појавија на црвениот тепих заедно во 2023 година. Вилијам дојде сам во 2024 година, а потоа рече дека неговата сопруга не може да му се придружи бидејќи се опоравува од лекување од рак. Минатата година, тие го пропуштија доделувањето на наградата, па нивното појавување во неделата го привлече вниманието на многумина.
Европа
Се состануваат европските министри: главна тема: Виктор Орбан
Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, во сенка на блокирањето од страна на Унгарија на заем од 90 милијарди евра за Украина. Клучниот состанок и неговите импликации се главна тема на денешното политичко известување од срцето на ЕУ, објавува „Еуроњуз“.
Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел од Унгарија во Украина сè додека, како што изјави, Унгарија не добие пратки нафта преку Украина и дека ќе ја блокира европската помош за Украина во вредност од 90 милиони евра.
Друга важна тема на Советот е одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на царините што ги воведе Доналд Трамп и како Европската Унија ќе одговори на нив. ЕУ веќе ги осуди новите американски царини и ги повика САД да го почитуваат веќе воспоставениот трговски договор.

