Европа
Путин: Турција сè уште не се извини за инцидентот
Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четврток дека Турција сè уште не се извинила заради соборувањето на рускиот воен авион пред два дена во близина на турско-сириската граница, ниту дека понудила гаранции дека „одговорните за тоа злосторство“ ќе бидат казнети.
Путин порано во четврток во обраќањето пред новинарите во Кремљ се пожали дека нема добиено извинување од Турција, како ниту „понуда да се надомести штетата“.
Тој додаде дека жали бидејќи односите меѓу Турција и Русија западнаа во ќорсокак.
Според Путин, Турција намерно сака да ги влоши односите меѓу Москва и Анкара.
Рускиот претседател уште додаде дека пасивноста и помагањето на тероризмот довеле до создавање на таканаречената „Исламска држава“.
„Потсетувам дека токму пасивноста на редица земји, а често и директното помагање на тероризмот доведе до настанокот на ужасниот феномен – таканаречената ‘Исламска држава’“, рече Путин на церемонијата на врачување на агримени на новите амбасадори.
Путин нагласи дека не само што ги покривале и ги покриваат терористите, нивното незаконско тргување со нафта, луѓе, дрога, уметнички дела, оружје, туку дека некој на тоа продолжува да заработува.
Тој рече дека станува збор за стотина милиони и милијарди долари, пренесува „Спутњик“.
„Заканата кон мирот, пред сè, е поврзана со тероризмот, со неговите крвави и варварски злосторства“, истакна Путин. /крај/бл/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

