Европа
Русија бара од Западот да влијае врз властите во Киев кои ’отидоа предалеку’
Москва бара до Киев да ја запре војната против сопствениот народ, а од Западот кој ги подржува новите украински власти бара да влијае врз нив бидејќи „отишле премногу далеку“ како и да престане со гранатирањето на руската територија, се вели во соопштението на руското министерство за надворешни работи објавено во вторникот попладне.
Според руската дипломатија, „последните денови и часови ситуацијата во источна Украина станува многу посериозна“. Се потсетува дека само во бомбардирањата на украинските сили во понеделникот врз Горловка, град со над 280 илјади жители во источна Украина меѓу градовите Донецк и Луганск во територијата контролирана од проруските бунтовници, загинале 17 цивили од кои три се деца. Руското министерство за надворешни работи притоа известува дека со директен погодок од украински проектил е уништено едно училиште во Горловка. Неколку ракети паднале и околу градската болница, а во гранатирањето било оштетено и градското родилиште. „Сочувствуваме со жителите на овој славен рударски град. Убедени сме дека виновниците за ова страшно злосторство нем ада побегнат од одговорноста“, порачува руската дипломатија. Москва, во споменатото соопштение бара до „Киев да ја сопре војната против сопствениот народ“ .„Апелираме до нашите западни партнери да влијаат на власите во Киев кој отидоа предалеку. Одговорноста за цивилните жртви во источниот дел од Украина лежи врз оние кои ги поддржуваат овие кривични дела“, се вели во соопштението.Руската дипломатија, притоа, истакнува дека виновниците за гранатирањето на болницата во источниот украински град Горловка нема да исчезнат.Добивајќи одново поддршка до САД и од ЕУ, кеивските власти започнаа масивен напад врз мирните градови во истокот на Украина и врз тамошното цивилно население, сметаат во руското министерство за надворешни работи. Покрај Москва побара од Киев да го прекине гранатирањето на руската територија, порачува министерството, како и да ја осигури безбедноста на набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).„На 29-ти јули (вторникот) рускиот порганичен премин ‘Гуково’ се најде под оган на минофрлачите и автоматското оружје на украинските војници. На пограничниот премин му се нанесени нови оштетувања, покрај претходните како резултат на пукањето на украинските сили“, се вели во друго соопштение на руското министерство за надворешни работи. „Судејќи според сѐ, во Киев очигледно стравуваат од присуството на набљудувачите на ОБСЕ на преминот ‘Гуково’ повикана да ја регистрира ситуацијата на руско-украинската граница. Бараме од официјален Киев да престане со пукањето на суверената територија на Руската Федерација и да ја осигури безбедноста на меѓународните набљудувачи“, истакнуваат од руското министерство. Првата група набљудувачи од постојаната мисија на ОБСЕ требаше во вторникот да пристигне од украинската престолнина Киев во руската Ростовска област за разгледување на состојбата на заедничката граница односно премините „Донецк“ и „Гуково“./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости/Итар-Тасс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дронови во воздушниот простор на Романија во екот на рускиот напад, подигнати борбени авиони
За време на масивниот руски напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во вторник наутро, наводно беспилотно летало влегло во воздушниот простор на членката на НАТО, Романија, соопштија украинските воздухопловни сили. Романското Министерство за одбрана потврди дека регистрирало два упади на беспилотни летала во нејзиниот воздушен простор во текот на утрото, објавува „The Kyiv Independent“.
Романското Министерство за национална одбрана објави дека околу 6:30 часот по локално време, два германски авиони „Еурофајтер Тајфун“ биле испратени да ги пресретнат беспилотните летала во округот Тулча. Еден час подоцна, два американски борбени авиони Ф-16 полетале во друга погранична област, во округот Галаци.
Министерството додаде дека Ф-16 воспоставиле радарски контакт со дронот околу 7:50 часот наутро. За среќа, немало извештаи за повредени или материјална штета во Романија. Романските власти сè уште официјално не потврдиле дали беспилотните летала биле руски.
Ова не е прв пат беспилотни летала да го нарушат воздушниот простор на НАТО. Најновиот инцидент се случува во време на зголемени тензии, при што земјите во близина на Украина, вклучувајќи ги Полска, балтичките држави и Романија, ги засилуваат безбедносните мерки од страв од прелевање на конфликтот. Честите руски напади врз украинската пристанишна инфраструктура на Дунав, веднаш надвор од Романија, го држат Букурешт во состојба на висока готовност.
Сличен инцидент се случи во септември, кога руски дрон, исто така, влезе во романскиот воздушен простор, но не беше соборен и на крајот се врати во Украина, потврди тогаш министерот за одбрана Јонут Мостеану. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека дронот навлегол околу 10 километри во романска територија и останал во воздушниот простор на НАТО речиси 50 минути.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски бара притисок врз Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските напади врз Киев во текот на ноќта предизвикале „огромна штета“, додека посебен напад предизвикал „уништување“ во јужното пристаниште Одеса.
Според него, Русија испалила 22 ракети и повеќе од 460 дронови во текот на ноќта. Четири дронови влегле во воздушниот простор на Молдавија и Романија.
„Затоа сите партнери мора да запомнат дека животите мора да се спасуваат секој ден“, рече Зеленски.
„Не смее да има стагнација во помошта. Најважно е сите партнери да се движат кон дипломатија преку заеднички напори. Притисокот врз Русија мора да донесе резултати.“
Европа
(Видео) Потресни снимки од Киев: луѓе врзувале ќебиња за да избегаат од запален стан
Шокантно видео кружи на социјалните мрежи утрово по синоќешниот насилен руски напад врз Киев, главниот град на Украина. Најмалку шест лица беа убиени, а 14 беа повредени во нападот извршен со дронови и ракети.
Иако беа соборени голем број руски дронови и ракети, две станбени згради во Киев беа погодени, што предизвика пожар.
People of Kyiv improvised "ropes" out of blankets and sheets as they tried to escape from a burning apartment building hit by a Russian attack last night. https://t.co/cbInLgvY8l pic.twitter.com/WsfLuHSAQ2
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 25, 2025
Поранешен советник на украинското Министерство за украински работи објави видео на Икс за кое тврди дека покажува импровизирано „јаже“ од ќебиња и чаршафи спуштено низ прозорец од страна на жителите на Киев во обид да избегаат од една од погодените згради, која се запали по рускиот напад.

