Европа
Русија јави за голема сајбер шпионажа на државни институции
Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија објави дека открила вирус за кибернетичка шпионажа во компјутерските мрежи на околу дваесет руски компании, пренесуваат во саботата руските медиуми повикувајќи се на соопштение на одделот за односи со јавноста на ФСБ, но засега нема инфроамции за можното потекло на хакерскиот напад.
Заразени со вирусот биле компјутери на органите на државните власти, на научни и воени институции, на компании од воено-индустрискиот комплекс и други институции и објекти од „критички важната инфраструктура на земјата“.
Во соопштението на ФСБ, коешто го пренесува агенцијата ТАСС, се истакнува дека карактерот на ширењето на вирусот укажува на „професионално планирана и спроведена операција“.
По процените на руските експерти за кибернетичка безбедност, според стилот на испишувањето и метод на кој се заразени мрежите станува збор за софтвер сличен на оној кој се користел во големите операции за кибернетичка шпионажа како во Русија, така и во целиот свет.
Комплексите од споменатите шпионски програми биле направени посебно за секоја „жртва“, врз основа на основите индивидуални карактеристики на нападнатиот компјутер. Насочените хакерски напади оделе преку испраќање електронски пораки со опасните додатоци за „инфицирање“ на компјутерите.
Откако овој софтвер ги вчитува потребните модули потоа може да интервенира во мрежниот пренос, да врши прислушување, снимање на скриншот од екраните, самостојно да ги вклучува веб-камерата и микрофонот, како и мобилните уреди поврзани со компјутерот, да снима аудио и видео, а исто така и да ги снима податоците за ударите врз тастатурата.
Како што се додава во соопштението, ФСБ преземала заедно со односните министерства и служби голем број активноста за да ги идентификува сите „жртви“ на шпионската програма во Русија, како и да ја локализира опасноста и минимизирање на последиците од нејзиното ширење./крај/мф/сн
Извор: TACC
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.