Европа
Русија ќе ја обнови воената база на Арктикот
Русија во саботата испрати шест бродови со опрема и луѓе во воената база која датира уште од советскиот период за да го засили своето присуство во овој регион, пренесуваат руските медиуми.
Русија во саботата испрати шест бродови со опрема и луѓе во воената база која датира уште од советскиот период за да го засили своето присуство во овој регион, пренесуваат руските медиуми.
Рускиот претседател Владимир Путин во септември 2013 година нареди повторно отворање на базата којашто се наоѓа на Новосибирските острови на Арктик, напуштена во 1993 година. Како причина ги наведе потребите од контрола на северните поморски патишта, имајќи го предвид и интересот на западните земји, вклучително и на НАТО за оваа област. Температурите во оваа област се спуштаат и до 50 Целзиусови степени под нулата.
Путин и во април годинава порача дека Русија би требало да ја зајакне присутноста на Арктикот и да им парира на другите држави во експлоатирањето на најголемите нечепнати резерви на природните ресурси на светот, само неколку дена откако Русија го извезе првото количество нафта од ова област под брендот Arctic Oil (ARCO). Русија кон средината на април 2014 година го натовари својот прв танкер на „Газпром” со сирова нафта од брендот Arctic Oil (ARCO) од платформата во Баренцовото Море.
Руските амбиции на Арктикот извесно време ги загрижуваат земјите коишто, исто така, сакаат да бидат присутни во тој регион, но неодамнешното присоединување на Крим ги стави под уште поголема лупа арктичките планови на Москва, забележува Reuters.
За својот иден економски раст Русија значително се потпира на развојот на големите наоѓалишта на енергенси на Арктикот, обидувајќи се да го заживее сообраќајниот правец низ мразот кој датира уште од советскиот период. Истовремено, САД, Норвешка и Данска, се борат за својот „чесен удел” во арктичките резерви од нафта и природен гас.
Путин, инаку, во 2013 година нареди повторно отворање на поранешната советска воена база на архипелагот Новосибирск, дваесет години откако беше затворена, по што таму беа испратени десет воени бродови и четири мразокршачи на нуклеарен погон. Рускиот претседател во декември 2013 издаде указ армијата дополнително да се фокусира на Арктикот и до крајот на годината да донесе план за изградба на новите воени бази во овој дел од светот богат со енергенси околу коj се натпреваруваат светските сили и откако кон крајот на ланскиот ноември Пентагон објави дека ја подготвува својата прва стратегија за Арктикот, бидејќи забрзаното топење на мразот во ова подрачје дава поттикнување за глобалната трговија и искористување на енергијата, но тој процес може да го следат судири.
„Тука сѐ почесто се судираат интересите на арктичките сили, и не само нивните. Земјите кои се далеку од оваа област, исто така, покажуваат интерес за Арктикот. Во тие околности, мораме да преземаме дополнителни мерки за да не заостануваме зад нашите партнери, за да го задржиме нашето влијание во регионот и во некои аспекти да бидеме пред нашите партнери”, истакна рускиот претседател минатата година.
Причината за таквата реакција на претседател Владимир Путин сѐ позачестените изјави на Канада, зад која стојат САД, дека ѝ припаѓа Акртикот. САД, Данска и Норвешка, исто така, бараат одредена контрола на Северниот пол и се залагаат, како што велат, за чесна поделба на големите непипнати резерви на нафта и на природен гас.
Путин последната година неколкупати нагласуваше дека Арктикот е клучен за иднината на руската економија и безбедност, а неодамна беа обновени и некои руски бази во оваа област. Планирани за реконструкција се и аеродроми на крајниот север, како Тикси, Наријан-Мар, Аликел, Андерма, Анадир, Рогачево и Нагирскаја. Рската армија, исто така, планира и да се обноват аеродромите на Новосибирските острови и Земјата на Франц Јозеф. Во 2014 година е предвидено е и да се формираат воени единици за осигурување на воената безбедност и заштита на националните интереси на Руската Федерација на Арктикот. Кон крајот на ноември 2013 година, американскиот министер за одбрана Чак Хејгел во текот на конференција во канадски Халифакс посветена на безбедноста изјави дека американската армија ќе ги развие своја инфраструктура и можности, и ќе продолжи со одбрана на американскиот суверенитет околу Аласка. Американскиот министер за одбрана нагласи тогаш дека дел од новата стратегија е и соработката со другите земји во подрачјето на Арктик, вклучително и со Русија.
Мразот на Арктикот во 2012 година се намалил на најмалата површина откако започна сателитското снимање во почетокот на 1970-те, а многу експерти сметаат дека до средината на овој век мразот целосно ќе се топи преку летата.
Како што мразот сé повеќе се повлекува, така бродовите сѐ повеќе го користат покусиот пар меѓу Атлантикот и Пацификот, а сѐ поголемата конкуренција меѓу потенцијалните истражувачи на нафтени и полиња на природен гас во подморјето./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра
Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени во музејот и туристички водичи кои ги таргетирале кинеските посетители во шема што вклучувала продажба на лажни билети и пререзервирање на тури со водичи, објавува „Еуроњуз“.
Според францускиот весник „Ле Паризиен“, полицијата ги уапси осомничените во вторник откако раководството на Лувр пријавило „неправилности“. За време на операцијата, запленети се три возила, 130.000 евра во готово и замрзнати се речиси 200.000 евра на банкарски сметки. Откриени се и неколку банкарски сефови со големи суми готовина.
Раководството на музејот во соопштението наведува дека сега „воспоставило структуриран план против измами врз основа на мапирање на измами, серија превентивни и куративни мерки, правни, технички и контролни мерки и следење на резултатите“.
Апсењата следат по низа лоши вести за најпопуларниот музеј во светот и една од најпочитуваните институции во Франција. Од минатиот месец, Лувр е принуден делумно да ги затвора вратите за посетители секоја недела поради штрајк на персоналот незадоволен од платите и условите за работа.
Протестите започнаа кон крајот на минатата година по објавувањето на осудувачки владин извештај за безбедносните пропусти, кои беа откриени по дрскиот грабеж на француските крунски скапоцености во октомври.
Европа
Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија отколку да ги принуди Украинците да прифатат лош договор.
Американското списание објави растечка загриженост кај некои членови на внатрешниот круг на Зеленски дека неговиот прозорец за решение се затвора и дека Украина би можела да се соочи со години континуиран, мачен конфликт доколку не се постигне договор за завршување на војната оваа пролет.
Зеленски беше цитиран како вели дека претпочита да не прифати „договор отколку да го принуди својот народ да прифати лош“.
„Дури и по (скоро) четири години интензивно војување, тој вели дека е подготвен да продолжи да се бори доколку е потребно за да обезбеди достоинствен и траен мир“, се вели во статијата, забележувајќи дека Зеленски рекол дека „Украина не губи“ кога бил прашан за неговата проценка на позицијата на Киев на фронтот.
Два круга трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржаа во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, на 23 и 24 јануари и на 4 и 5 февруари.
Во понатамошните коментари за списанието, Зеленски рече дека „нема поголема победа“ за американскиот претседател Доналд Трамп од наоѓање решение за војната меѓу Русија и Украина.
„За неговото наследство, ова е број 1“, рече тој, додавајќи дека постигнувањето такво решение пред американските меѓуизбори во ноември би била „најдобрата ситуација“ за Трамп.
„Да, тој сака помалку смрт. Но, ако вие и јас разговараме како возрасни, тоа е само победа за него, политичка“, додаде тој.
Коментарите дојдоа откако Зеленски им рече на новинарите за време на викендот дека САД инсистираат на решавање на војната меѓу Русија и Украина „до почетокот на ова лето“ и дека Вашингтон „веројатно ќе изврши притисок врз страните во согласност со овој распоред“.
Во изјавите објавени од украинските медиуми, тој рече дека Киев разбира дека „внатрешните проблеми“ во САД влијаат на овој рок, особено со почетокот на кампањата за меѓуизборите подоцна оваа година.
Европа
(Видео) Украинците нападнаа руска рафинерија на 2.000 километри од границата, се шират снимки
Украински дронови предизвикаа пожар во рафинерија за нафта во северозападна Русија, на околу 2.000 километри од украинската граница.
Ројтерс објави дека утрово избувнал пожар во рафинерија за нафта во сопственост на руската компанија Лукоил во близина на градот Ухта во руската република Коми, изјави шефот на регионот, Ростислав Голдштејн. Никој не е повреден, а службите за итни случаи работат на местото на настанот, изјави Голдштејн на апликацијата Телеграм.
Russian Telegram channels report a drone attack and subsequent fire at Ukhta oil refinery plant in Ukhta, Komi region of Russia.
It's located over 2,000 km from the Ukrainian border. pic.twitter.com/ATCEcdkMCH— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 12, 2026
Пожарот избувнал откако украинските дронови погодиле инфраструктура која се смета за стратешки важна за снабдувањето со гориво во Русија, како дел од засилениот напад врз енергетската инфраструктура по краткото затишје за време на мировните преговори минатиот месец. Украинските власти, вклучувајќи го и претседателот Зеленски, постојано повторуваат дека нападите врз руските рафинерии за нафта се „најдобрите санкции“.
Meanwhile in Russia’s Ukhta.
The local refinery keeps getting hit by drones as we speak.
1,800 km away from the Ukrainan border. pic.twitter.com/TZMDIrIIg6
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) February 12, 2026
Снимки од густи облаци од црн чад над областа на рафинеријата Ухта веднаш по нападот циркулираат на социјалните медиуми, илустрирајќи го обемот на инцидентот и влијанието на нападот далеку на руска територија.

