Европа
Русија: Тинејџери кои пукале на полицајци најдени мртви

Двајца тинејџери, момче и девојче, кои се забарикадирале во куќа по бомбашки напад врз полициски автомобил во регион на градот Псков во северозападна Русија, пронајдени се мртви со прострелни рани, соопшти во понеделникот рускиот Истражен комитет.
Претходно беше објавено дека при проверка на локација на којашто може да се наоѓа тинејџер пријавен за исчезнат во село крај Псков врз полицијата бил отворен оган од огнено оружје, при што било оштетено службено возило. Полицијата го блокирала приодот кон месото каде бил извршен нападот.
Според истрагата, силите за одржување на редот неколку часа безуспешно воделе преговори, Подоцна малолетните лица повеќе ги прекинале контактите со полициските преговарачи. Кога припадниците на специјалните единици употребиле шок-бомби за да влезат во куќата, момчињата биле пронајдени мртви со прострелни рани. Тинејџерите се идентификувани, а со нивните родители разговараат иследниците.
Тинејџерите, момче и девојче, вршеле пренос „во живо“ од последните часови од своите животи на апликацијата Periscope, комуницирајќи со своите другари. Истовремено на Instragram објавиле фотографии со оружје, пушки, ножеви и муниција и видео како момчето пука во полицијата.
Откако опишале што сториле, девојчето барала совет од пријателите признавајќи дека „ние сме нули“, а момчето додало дека „убило две кучиња, кршело прозори и пукало во полицајци“. Девојчето раскажува дека имало инцидент со бабата и мајката додека тие спиеле, при што мајката била ранета од момчето во ногата од пневматски пиштол, а „потоа пристигнаа џандарите и отиде предалеку“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ватикан: Папата Франциско и понатаму критично

Состојбата на папата Франциско останува „критична“ откако денеска претрпе „продолжена респираторна криза слична на астма“, соопшти Ватикан. Папата е „полош од вчера“ и доби трансфузија на крв, се вели во соопштението.
Ватикан извести дека 88-годишниот папа бил свесен и се наоѓал во својата фотелја, но му бил потребен „висок проток“ на кислород, а неговата прогноза „останува неизвесна“.
Папата се лекува од билатерална пневмонија во болницата Гемели во Рим.
Трансфузијата на крв била неопходна поради нискиот број на тромбоцити, поврзан со анемија, соопшти Ватикан.
„Состојбата на Светиот Отец останува критична“, се вели во соопштението.
„Папата не е надвор од животна опасност. Светиот Отец останува присебен, но е полошо од вчера“, се додава.
Папата беше примен во болница на 14 февруари, откако неколку дена имаше тешкотии со дишењето.
Европа
Полска ја демантира веста за одземањето на „Старлинк“ од Украина: „Ние им го купивме“

Полска ќе продолжи да плаќа за „Старлинк“ за Украинците, изјави министерот за дигитални прашања Кшиштоф Гавковски по извештаите во медиумите дека САД би можеле да ја исклучат „Старлинк“ од воена Украина, пренесува полската ТВП.
Старлинк е мобилен рутер кој овозможува пристап до сателитски интернет, од кој украинската војска зависи за комуникација на бојното поле. Мрежата е во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск, кој моментално го предводи новоформираното американско Министерство за ефикасност на владата.
Тројца извори запознаени со ова прашање денеска изјавија за Ројтерс дека американските претставници кои бараат пристап до клучните минерали во Украина почнале да се закануваат со „неизбежно исклучување“ доколку не се постигне договор.
Таа закана ја упати и Кит Келог, американскиот пратеник за Украина и Русија, за време на разговорите во Киев во четвртокот.
Нацртот на првиот договор бараше Украина да обезбеди на САД 50 отсто од профитот од експлоатацијата на ретки метали и други природни ресурси. Првата верзија на договорот предвидува и сите спорови да се решаваат на суд во Њујорк.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли првичниот договор.
Извор на Ројтерс рече дека загубата на „Старлинк“, која обезбедува поврзување за војската и клучната инфраструктура, ќе биде „тежок удар“ за украинската војска.
Гавковски реагираше на извештајот на Ројтерс на социјалната мрежа Икс. Тој напиша дека Полска е таа што ги купила уредите „Старлинк“ и ги предала на Украина.
Polska kupiła Starlinki, które przekazała Ukrainie. Płacimy i dalej będziemy płacić abonament za internet satelitarny dla Ukrainy. Nie wyobrażam sobie, że ktoś może zdecydować się na zerwanie umowy biznesowej za usługę komercyjną, której stroną jest Polska.
— Krzysztof Gawkowski (@KGawkowski) February 22, 2025
„Ние плаќаме и ќе продолжиме да плаќаме претплата за сателитски интернет за Украина. Не можам да замислам дека некој ќе одлучи да го раскине деловен договор за комерцијална услуга во која Полска е страна“, додаде тој.
Во 2024 година, полското Министерство за дигитални прашања изјави дека финансирало 20.000 терминали на „Старлинк“. Исто така, го финансира одржувањето на овие системи на постојана основа.
Европа
Зеленски: На светот му треба гаранција дека Русија повеќе не може никому да донесе смрт

На светот му е потребна гаранција дека Русија повеќе нема да може да им носи уништување на другите народи, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерното видео обраќање, пренесува Укринформ.
„Безбедносните гаранции се она што го обединува огромното мнозинство. На Европа, Америка и на сите наши партнери во светот им треба заедничко разбирање за тоа како да се осигураат дека Путин никогаш повеќе не може да измами никого и дека Русија повеќе не може да носи смрт на другите народи – од Украина и Европа до Сирија, Блискиот Исток и Африка“, нагласи Зеленски.
Според Укринформ, Зеленски додаде дека во изминатите 30 години, светот бил сведок на уништување и смрт премногу пати, а Русија стои зад тоа – преку својата армија, разузнавачки служби и платеници.
„На светот му требаат гаранции – и јас сум благодарен на сите што го поддржуваат овој напор“, нагласи Зеленски.