Европа
Руски производител на оружје: МH17 е урнат со наши стари проектили, траекторијата е од украинските позиции
Малезискиот „Boeing 777“ со 298 патници и членови на екипажот кој во јули 2014-та се урна во источна Украина во зоната на борбени дејствија меѓу украинската армија и рускојазичните бунтовници крај Донецк, е погоден со проектил за старите системи „Бук-М1“, објави во вторникот рускиот производител на оружје „Алмаз-Антеј“ чии претставници прецизираат дека според траекторијата проектилот дошол од територијата којашто во моментот била под контрола на силите лојални на прозападните власти во Киев.
Истовремено, експертите од концернот „Амалз-Антеј“, кои во вторникот кои ги претставија прегледот на нивните истражувања, не исклучуваат и други варијанти, но изводите ќе се прават од резултатите на официјалната меѓународна комисија.
„Првите анализи покажаа дека типот на проектилите кој е користен (за уривање на авионот) бил Бук-М“, изјави висок претставник на компанијата Михаил Малишевски на прес-конференцијата, пренесуваат руските агенции..
Компанијата „Алмаз-Антеј“ истакна дека проектилите земја-воздух „Нук-М1“ од 1999 година не се произведуваат во Русија, но дека уште ги има во арсеналот на украинската војска, но децидно не тврди кој е договорен за истрелување на проектилот.
Резултатите од своето истражување од „Алмаз-Антеј“ веќе ги предале на меѓународната комисија за истражување на падот на авионот на летот МH17 од Амстердам за Сиднеј, но истакнаа дека се сомневаат дали тие ќе бидат земени предвид.
Несреќата на авионот на 17-ти јули во Донецкиот регион е една од најголемата воздухопловна катастрофа во светот во изминатата 2014 година, загинаа сите 298 патници и членови на екипажот, а околностите уште се обвиени со голема мистерија што навистина се случило. Постојат повеќе контрадикторни изјави од меѓународни експерти и политичари.
Украина и САД тврдат дека малезискиот авион е соборен со систем кој бунтовниците им го дала Русија, додека Москва понуди сателитски и радарски снимки според кои таков систем „Бук-М“ на украинската армија бил распореден во зоната на судирот, како и дека авионот бил пресретнат од украински борбен авион.
Инженерите на концернот за да го одредат типот проектил кој наводно го погодил авионот, „спроведоа темелна анализа на оштетувањата на надворешната каросерија и моќноста на рамката од авионот, како и оштетени делови доставено на меѓународната комисија земени од различни елементи на конструкцијата на авионот“, се истакнува во соопштението на „Алтај-Алмаз“. Притоа се истакнува дека „беа анализирани не само формата, туку и општиот карактер на оштетувањата“.
Специјално биле ангажирани експертите кои го истражуваа падот на рускиот патнички авион „Ту-!54“ со 78 израелски туристи кој во 2001 година над Црното Море го соборија украинските противвоздушни сили.
„Како резултат на анализата беа решени двете задачи: прецизиран е типот ракета, според тоа е ракета (М38М1 со боева глава 9М314, како и дефинирање на условите на контактот на ракетата со авионот – ракетата се приближувала во пресек на курсот во хоризонтална рамнина 72 до 78 степени, во вертикална 20-22 степени. Најверојатна област од каде што би можел да биде истрелан проектилот, тоа е областа околу селото Зарошченско“ контролирано во времето на трагедијата изјави на прес-конференцијата советникот на главните конструктор во „Алмаз-Антеј“, Малишевски./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Во Киев се урива споменик кој ја слави блискоста меѓу Русија и Украина
Властите на Киев во вторникот почнаа да го отстрануваат споменикот од советската ера што ја означува врската меѓу Русија и Украина, повеќе од две години откако Москва започна инвазија врз Украина.
Неколку дена ќе бидат потребни за целосно уривање на споменикот од црвен гранит, кој се состои од дваесетина поединечни елементи, соопшти градската управа.
Тоа е всушност група статуи кои прикажуваат украински Козаци кои го опкружуваат лидерот Богдан Хмелницки и московскиот амбасадор.
Статуите ќе бидат префрлени во воздухопловниот музеј.
Споменикот е изграден во 1982 година за да го одбележи „обединувањето на украинскиот народ со братскиот руски народ“ во 1654 година, кога Хмелницки склучил сојуз со рускиот император во борбата против полско-литванскиот сојуз.
Советските историски книги го романтизираа како почеток на нераскинливо пријателство меѓу Украина и Русија.
Европа
Белоруските спортисти одат на Олимписките игри, Лукашенко: Победете ги противниците
Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска им порача на белоруските спортисти кои учествуваат на Олимписките игри во Париз под неутрален статус „да ги победат своите противници“.
„Ако сте избрале и одите таму под неутрален статус, истепајте ги, покажете им дека сте вистински Белоруси“, рече Лукашенко во соопштението за печатот на претседателството.
За време на посетата на регионот Могилев во Белорусија, жителите го прашале Александар Лукашенко што мисли за ова учество под неутрален статус, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на белоруското претседателство.
„Спортистот треба да избере. Доколку одлучи да учествува на Олимписките игри, ќе биде уште пожесток. Затоа што разбирате дека состојбата на умот и гневот не се од мала важност во спортот“, реагира Лукашенко. „Вие сте Белорусија и кога ќе излезете како победници, тоа е добар начин политички да ги удрите во лице“.
Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, ги искорени сите форми на опозиција во неговата земја, потиснувајќи мирно масовно движење во 2020 година. Тој е навикнат и на широки изјави и испади, како на пример кога парадираше со калашников во раката пред демонстрантите кои се противат на неговото владеење, нарекувајќи ги „стаорци“. Во февруари 2022 година, тој ја отвори Белорусија за руската армија за да може да ја нападне Украина од север.
Белорусија беше исклучена како земја од Игрите поради нејзината поддршка за руската инвазија на Украина, а нејзините спортисти се натпреваруваат под неутрален статус, без химна, знаме или национални обележја.
Европа
(Видео) Полицијата го бркаше убиецот со меч низ Лондон, објавена е снимка
Би-би-си објави снимка на која се гледа лондонската полиција која го брка напаѓачот со нож, кој денеска уби 13-годишно момче и повреди неколку други.
На снимката се слушаат полицајците како им викаат на граѓаните: „Заклучете ги вратите“.
Полицијата смета дека не се работи за терористички напад.
Полицајците уапсија маж вооружен со меч по извештаите за сериозен инцидент со прободување во североисточен Лондон.
Со електрошокер бил совладан 36-годишниот маж кој мавтал со меч.
„Со голема тага можам да потврдам дека 13-годишното момче кое беше избодено, почина во болница набргу откако му биле нанесени убодите“, изјави началникот на лондонската полиција Стјуарт Бел.
Уште две лица и двајца полицајци се во болница поради убодни рани и се надвор од животна опасност.
„Не мислиме дека постои закана за пошироката заедница, полицијата не бара други осомничени и се чини дека овој инцидент не е поврзан со тероризам“, рече Бел.