Европа
Рускојазичните власти во Луганск откриле систем С-300 во Донбас
Разузнавањето на самопрогласената Луганската народна република откриле во петокот во населба во Донбас контролирана од украинските специјални сили противракетен систем С-300 кој според нив можел да се користи за диверзии, изјави заменикот началник на Корпусот на Народната милиција на ткн ЛНР, Игор Јашченко.
„Веројатно целта била да се изврши уште една диверзија против републиката… Во местото Петренково (под контрола на силите лојални на прозападните власти во Киев –з.р.) откриена е локација на антиракетен систем С-300, а во областа на населеното место Чугинка (исто така под контрола на украинските безбедносни сили) забележан е ракетен систем Стрела-10“, изјавил Јашченко.
Истакнал дека овие вооружувања се способни за соборување на цивилни авиони, алудирајќи на соборувањето на малезискиот патнички авион на 15-ти јули 2014 година со 298 патници и членови на екипажот во источна Украина во зоната на борбени дејствија меѓу украинската армија и рускојазичните бунтовници крај Донецк. Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за оваа трагедија, украинските власти тврдат дека авионот го собориле бунтовниците со ракетен систем БУК донесен од Русија, додека руските власти велат дека тој е соборен со таков систем од страна на украинската армија која го има во своето вооружување.
„Вооружените сили на Украина продолжуваат да ги нарушуваат условите за повлекување на воената опрема предвидени со договорот од Минск. Нашето разузнавање во центар на населеното место Червен Жовтен откри локација на воена опрема забранета со договорот од Минск“, изјавил еден од челниците на рускојазичните бунтовници на прес-конференција во Луганск.
Според него, меѓу идентификуваното оружје имало самооден артилериски систем 2С1и една единица од ракетен систем „Оса АКМ“,
Според една од одредбите од мировниот договор постигна точно пред една година (12-ти февруари 2015-та) во белоруската престолнина Минск, покрај прекинот на огнот, предвидено е и повлекување на тешкото вооружување од линијата на контактот меѓу двете завојувани страни и создавање тампон зона.
Во моментов властите во Киев преговараат со претставниците на бунтовничките власти во Донецк и во Луганск, особено за спроведувањето на локалните избори, измените во уставот на Украина за децентрализација, со признавање со кои овие региони добиваат специјален автономен статус./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.