Европа
Руте повика на изведување на виновникот за уривањето на MH17, за Јанценјук виновни руските тајни служби
Холандскиот премиер Марк Руте во вторникот по објавувањето на конечниот извештај на холандската Комисија за безбедност и одделното вештачење на рускиот производител на оружје „Алмаз-Антеј“ за уривањето на авионот на „Malaysia Airlines“ на летото MH17 ви јули 2014-та над источна Украина, холандскиот извештај го оцени за „важна потпора“ во спроведување на криминалистичката истрага и побара од сите да искажат повеќе трпеливост до нејзиното завршување, додека украинските премиер Арсениј Јаценјук изјави дека руските тајни служби се одговорни за уривањето на патничкиот авион со 298 луѓе и оти „нема сомнение дека за проектилот го истрелале „пијаните сепаратисти“.
Во Амстердам холандскиот премиер Марк Руте ги повика сите земји, вклучително и Русија на целосна соработка за да се пронајдат одговорните за уривањето на авионот.
„Сега ни е најважно да ги пронајдеме сторителите и да ги изведеме пред суд. Ги повикувам руските власти да го почитуваат овој извештај и да пружат целосна соработка во истрагата на државниот обвинител“, изјави Руте на прес-конференција по објавувањето на извештајот на холандската истрага за причините за падот на авионот, пренесе Reuters.
Рускиот производител на оружје претходно во вторникот на прес-конференцијата во Москва потенцираше дека тестирањето го извел „во вистински услови“ активирајќи од земјата рекета од системот „Бук’ во близина на пилотската кабина и во делови на труп на авион „Илјушин“ кој повеќе не бил во употреба и е сличен на Boeing-от.
Рускиот производител „Алмаз-Антеј“ објави дека проектилот со кој е соберен авионот од системот „Бук“ последен пат е произведен во Советскиот сојуз во 1986 година, и бидејќи со сите надградби има рок на употреба од 25 години, тој од вооружувањето на руската армија е повлечен во 2011 година. Јан Новиков рече дека во времето на СССР Украина добила такви проектили и оти не е познато колку од нив останеле во вооружувањето на украинската армија, пренесоа руските агенции во онлајн преносот на демонстрацијата на извештајот.
Според симулацијата на руската истрага, ваквиот проектил бил истрелан од областа на селото Зароешченско, во којашто во тој период биле распоредени силите лојални на властите во Киев.
Истовремено кога во базата Гилзе-Ријен во Холандија беше претставуван пред 240 новинари холандскиот извештај, во Киев на советот на министрите украинскиот премиер рече дека „Нималку немам дилема во фактот дека руските тајни служби ја испланирале операцијата на уривање“, пренесува AFP.
Киев тврди дека спровел „сопствена техничка истрага“ за трагедијата чиишто резултати „горе-долу се совпаѓаат со истрагата на западните експерти“.
„Според нашето мислење (истрелувањето на ракетата) е изведено само од територијата која ја контролираат руските борци и недвосмислено е дека пијаните сепаратисти не биле способни да ракуваат со системот ‘Бук’, а тоа значи дека со тој систем може да ракуваат само професионални руски војници“, смета Јанценјук./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.