Европа
САД испраќаат воена опрема на Балтик
САД испратија повеќе од сто парчиња тешка воена опрема, особено тенкови и други борбени возила во поранешните три советски републики на Балтикот со објаснување дека ги зајакнуваат своите одбранбени капацитети и да ја одвратат Русија од евентуални закани, изјави во понеделникот во Рига американскиот генерал Џон О’Конор.
„Целта на испораката на оружје во Рига е да им се покаже нашата решителност на рускиот претседател Владимир Путин и на Русија дека можеме да ги обединиме силите“, изјави американскиот генерал Џон О’Конор кој е задолжен за транспортот на опремата.
Тенковите „Абрамс“, борбените возила „Бредли“ и возилата „Скот Хамви“ ќе останат во Естонија, Латвија и Литванија „колку што ќе биде потребно да ја одвратиме Русија од напад“, истакна О’Конор.
По присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим на Русија во февруари 2014 година, што Западот го смета за нелегална руска анексија на украинска територија и почетокот на судирот во источна Украина во април истата година за што ја обвинува Москва, САД најавија дека на териториите на балтичките земји и Полска трајно ќе распоредат зголемен број американски војници.
Засилената активност на НАТО е забележлива и на 190 километри од руската граница со Норвешка, исто така членка на Алијансата, каде што во комбинираните десетдневни воени вежби под името „Joint Viking“ ќе бидат ангажирани околу пет илјади војници повеќе од 400 единици воена опрема.
Норвешкиот министер за одбрана Ине Ериксен Серејде и началникот на Генералштабот претходно неколкупати изјавија дека не сметаат оти постои руска закана за Норвешка, но потенцираа дека земјата мора да работи на зголемување на својата одбранбена способност „во врска со коренитите промени во европската ситуација во сферата на безбедноста,
На почетокот од февруари Норвешка најави дека на нејзина територија во 2018 година ќе се одвива масивна воена вежба на НАТО во којашто е планирано да учествуваат до 25.000 војници.
Во понеделникот, исто така, започнаа и заедничките поморски маневри на НАТО, во чиј состав се бродови на САД, Италија, Канада, Германија и Турција, со Бугарија и Романија, исто така членки на Алијансата, во водите на Црното Море. Како што во неделата објави американскиот контраадмирал Бред Вилјамсон, вежбите на бугарското крајбрежје се дел од регуларните ротациони вежби и имаат цел да се увежба маневрирање на блиски растојанија и со учество на хеликоптерски екипажи. Нагласи дека според меѓународните конвенции бродовите на НАТО во овие води не можат да се задржат подолго од 21 ден.
Минатите денови беше објавено дека САД планираат да испратат во Украина во периодот од март до октомври најмалку 300 војници во рамките на проектите за соработка со украинската армија. Американскиот воен персонал ќе биде сместен во Меѓународниот центар за поддршка на мирот и безбедноста (International Peacekeeping and Security Center — IPSC) на Јаворовскиот полигон во Л“вовската област во рамките на заедничките воени вежби. Според соопштението на Киев, „предвидено е овие активности да траат од 5-ти март до 31-ви октомври 2015 година, само околу осум месеци“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.
Европа
(Видео) Вилијам и Кејт го игнорираа прашањето што им беше поставено на БАФТА наградите
Принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс, пристигнаа на доделувањето на наградите БАФТА во лондонската Кралска фестивалска сала во неделата вечерта, но нивното пристигнување имаше свои подеми и падови. Тие пристигнаа на црвениот тепих само три дена откако се појави веста дека Ендру Маунтбатен Виндзор е уапсен во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден.
За таа пригода, 43-годишниот Вилијам избра бордо кадифено сако, додека 44-годишната Кејт носеше долг, лелеав розов фустан. Организаторите го затворија црвениот тепих за да ѝ дозволат на двојката да влезе без други луѓе, но еден извик сепак одекна.
Prince William, BAFTA President since 2010, and Catherine, Princess of Wales arrive at the 2026 #BAFTAs. See all the red carpet looks: https://t.co/eLm0bmsH9f pic.twitter.com/0y1ymR9AT5
— VANITY FAIR (@VanityFair) February 22, 2026
Во еден момент, некој од публиката директно ги праша: „Дали монархијата е во опасност?“ Вилијам и Кејт не реагираа, само продолжија според протоколот.
Ова беше нивното прво заедничко појавување на БАФТА наградите по три години. Последен пат се појавија на црвениот тепих заедно во 2023 година. Вилијам дојде сам во 2024 година, а потоа рече дека неговата сопруга не може да му се придружи бидејќи се опоравува од лекување од рак. Минатата година, тие го пропуштија доделувањето на наградата, па нивното појавување во неделата го привлече вниманието на многумина.
Европа
Се состануваат европските министри: главна тема: Виктор Орбан
Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, во сенка на блокирањето од страна на Унгарија на заем од 90 милијарди евра за Украина. Клучниот состанок и неговите импликации се главна тема на денешното политичко известување од срцето на ЕУ, објавува „Еуроњуз“.
Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел од Унгарија во Украина сè додека, како што изјави, Унгарија не добие пратки нафта преку Украина и дека ќе ја блокира европската помош за Украина во вредност од 90 милиони евра.
Друга важна тема на Советот е одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на царините што ги воведе Доналд Трамп и како Европската Унија ќе одговори на нив. ЕУ веќе ги осуди новите американски царини и ги повика САД да го почитуваат веќе воспоставениот трговски договор.

