Европа
Самит Ерменија и Азербејџан за решавање на ситуацијата во Нагорно Карабах
– (Ерменскиот претседател Серж Саргсјан (л,) и азербејџанскиот Илхам Алиев
Русија, САД и Франција се обидуваат од понеделникот вечерта да посредуваат за да ги убедат претседателите на Ерменија и на Азербејџан да го зацврстат кревкото примирје во областа во Нагорно Карабах, која од април е дестабилизирана со нови судири.
Русија, САД и Франција се обидуваат од понеделникот вечерта да посредуваат за да ги убедат претседателите на Ерменија и на Азербејџан да го зацврстат кревкото примирје во областа во Нагорно Карабах, која од април е дестабилизирана со нови судири.
Челниците на двете држави, ерменскиот Серж Саргсјан и азербејџанскиот Илхам Алиев, до вечерта во понеделникот се немаа сретнато откако дојде до повтореното насилство во Нагорно Карабах, област околу кој спорат повеќе од 25 години. Новите судири избувнаа во април и во нив загинаа 110 лица, цивили и војници од двете страни.
На преговорите во Виена учествуваат и копретседателите на Минската група на ОБСЕ за решавање на нагорно-карабашкиот конфликт, министрите за надворешни работи на Русија и Франција, Сергеј Лавров и Жан-Марк Ејро, кој го замени државниот секретар за европски прашања Арлем Десира, и американскиот државен секретар Џон Кери.
Саргсјан и Алиев, кои последен пат се сретнаа на 19-ти декември минатата година во швајцарски Берн, пред конфликтот, како и тројцата дипломати, претпочитаа да не даваат изјави пред почетокот на состанокот, пренесуваат агенциите.
Ерменската дипломатија пред состанокот соопшти дека главна цел која се очекува од средбата е „зацврстување на договорот за примирје од 1994 година, договорените мерки за зацврстување на довербата за создавање услови за обновување на преговорите“.
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), која стои зад виенската средна на Саргсјан и Алиев, ја истакна потребата што поскоро да се намалат тензиите по должина на линијата на разграничување.
Од Москва објавија дека се надеваат оти преговорите не само што ќе овозможат стабилизација на состојбата, туку и повторно покренување на преговорите за Нагорно Карабах, регион кој е населен доминантно со Ерменци, а прогласи самостојност, но меѓународната заедница уште го смета за дел од Азербејџан.ОЕрменија и Азербејџан на 2-ри април јавија за влошување на ситуацијата во зоната на карабашкиот конфликт. Министерството за одбрана на Азербејџан обвини за оган од страна на ерменската војска, а нивните колеги од Ереван објавија за „напаѓачки активности“ од азербејџанска страна. Двете страни на 5-ти април објавија прекин на огнот, но повремено меѓусебно се обвинуваат за негово нарушување.
Од 1992 година се водат преговорите за мирно решавање на конфликтот во рамките на Минската група на ОБСЕ. Азербејџан инсистира на зачувување на својот територијален интегритет, додека Ерменија ги застапува интересите на непризнаената Република Нагорно-Крабах.
Нагорно Карабах е регион административно сместен во рамките на Азербејџан во времето на Советскиот сојуз кој е главно населен со Ерменци. Конфликтот започна во февруари 1988 година кога Нагорно-Карабашката автономна област прогласи самостојност и истапување од тогашната Азербејџанска ССР. На почетокот од 1990-те кога се распадна СССР, ерменските сепаратисти успеаја да ја преземат контролата над таа област во војна во којашто загинаа 30.000 луѓе./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.