Европа
Самит во Брисел: ЕУ бара од Турција да прими голем број мигранти од Грција
Лидерите на Европската унија во понеделник на самит со Турција во Брисел ќе извршат притисок врз официјална Анкара да се согласи на депортација на голем број економски мигранти од Грција, откако претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека ги гледа првите показатели за разрешување на бегалската криза.
Со оглед на тоа дека со доаѓањето на пролетта се очекува нов прилив на бегалци, лидерите на 28-те членки на Унијата се надеваат во новите ветувања коишто на самитот би можел да ги даде турскиот премиер, Ахмет Давитолглу. Европската комисија на денешниот самит ќе го претстави предлогот за централизација на барањата за азил во рамките на радикалните реформи на својата бегалска политика.Азилантите сега ќе мораат да го предадат барањето за азил во првата земја членка на Унијата во којашто ќе стигнат, иако тоа правило во пракса не секогаш се спроведуваше откако германската канцеларка Ангела Меркел минатата година одлучи да не го применува.Официјален Брисел исто така ќе ја притисне Анкара да преземе мерки за драстично намалување на големиот прилив на мигранти во Европа, со оглед на тоа дека Турција е земја од која од почетокот на 2015 година во ЕУ, стигнале повеќе од еден милион бегалци и мигранти. Лидерите на ЕУ на состанокот во Брисел ќе настојуваат да ја запечатат балканската мигрантска рута, да ја зголемат помошта за Грција и ќе се обидат да го убедат турскиот премиер да го забави приливот на бегалци и да прифати илјадници мигранти кои не ги исполнуваат условите за добивање на азил, јавува агенција АП, повикувајќи се на нацрт стратегијата во којашто имала увид.Во нацртот се наведува дека лидерите на ЕУ ќе навестат дека на нерегулираниот прилив на мигранти долж западно-балканската рута му се ближи крајот, таа рута е сега затворена.„ЕУ ќе биде со Грција во овие тешки моменти и ќе направиме сѐ да помогнеме во решавањето на ситуацијата“, се наведува во соопштението и се додава дека тоа е колективна одговорност на ЕУ којашто бара брза и ефикасна мобилизација. Комесарот на ЕУ за миграција, Димитрис Аврамопулос во неделата изјави дека очекува во Грција, која сега има на товар 30.000 мигранти, до крајот на март да стигнат уште 100.000 луѓе.Туск, кој е домаќин на самитот, изјави дека во своето писмо напишал дека успехот на состанокот ќе зависи од тоа дали Турција ќе го прифати барањето да прими голем број економски мигранти од Грција.„Тоа би ја уништило работата на криумчарите со луѓе“, изјави Туск во текот на состанокот со Давутоглу во Анкара во четвртокот.По утрешниот ручек со Давутоглу, планирано е лидерите на ЕУ да се состанат сами. Официјален Брисел соопшти дека Турција оствари напредок во примената на договорот од ноември, којшто предвидува помош за Анкара од три милијарди евра во замена за намалување на приливот на бегалци, но предупреди дека од Турција во Грција сѐ уште стигнуваат премногу мигранти. И австрискиот весник „Стандард“ објави дека во Брисел се планираат драматични промени со цел решение на мигрантската криза, меѓу кои и затворање на балканската рута за мигранти. Врз основа на документот во којшто имал увид весникот, се предвидува дека Атина мора да направи место за 50.000 потенцијални баратели на азил, како и дека Грција ќе добие помош од ЕУ./крај/мф/тј
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се обидува да ја вовлече Унгарија во војната меѓу Украина и Русија.
„Четири години не можевте да го прифатите ставот на суверената унгарска влада и унгарскиот народ за руско-украинската војна. Четири години работевте на тоа да ја принудите Унгарија да учествува во војната меѓу вашата земја и Русија“, напиша Орбан.
Во писмото, тој тврди дека Зеленски, Брисел и унгарската опозиција „ги координираат напорите“ за да донесат „проукраинска влада“ на власт во Унгарија.
Open Letter to President Volodymyr Zelenskyy
Mr. President,
For four years, you have been unable to accept the position of the sovereign Hungarian government and the Hungarian people regarding the Russia–Ukraine war.
For four years, you have been working to force Hungary into…
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 26, 2026
Обвинувања за нафтоводот Дружба
Орбан го обвини Зеленски за „блокирање на нафтоводот пријателство“, или нафтоводот Дружба, за кој тврди дека е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија.
„Вашите постапки се против интересите на Унгарија и го загрозуваат безбедното и прифатливо снабдување со енергија за унгарските семејства. Затоа, ве повикувам да ја промените вашата антиунгарска политика“, рече Орбан.
Тој додаде дека Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“.
„Ве повикувам веднаш повторно да го отворите нафтоводот и да се воздржите од понатамошни напади врз енергетската безбедност на Унгарија. Повеќе почит кон Унгарија!“, заклучи Орбан во писмото со дата, Будимпешта, 26 февруари 2026 година.
Во писмото, тој не споменува дека војната ја започнала Русија, која започнала целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.

