Европа
Се’ повеќе Италијанци за антиевропската Северна лига

Се’ повеќе Италијанци, дури и на југот од земјата, искажуваат наклонетост кон регионалната Северна лига и на нејзиниот млад лидр Матео Салвини, најпознат по антиевропските и антиимигрантските ставови, покажаа резултатите од истражувањето на јавното мнение објавени во неделата.
Околу 35 отсто од испитаниците се изразиле позитивно за Матео Салвини, 5 проценти повеќе отколку во ноември, кој со овој резултат се искачи на второто место според популарноста меѓу италијанските политичари, зад премиерот Матео Ренци со 50-процнетна поддршка, според резултатите од анкетата којашто за дневниот весник La Reppublica ја спровел институтот Demos&Pi.
Северната лига, која доби 6 отсто на мајските избори за Европскиот парламент, би освоила 13,3 отсто доколку изборите би се одржале сега. Тоа се’ уште е далеку под поддршката којашто ја има Демократската партија на Ренци (37 отсто) и е послабо од Движењето 5 ѕвезди на Бепе Грило со 19 отсто, но е речиси исто со поддршката искажана на Форца Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони која изнесува 13,6 отсто.
Популарноста на Салвини расте ширум Италија, а помалку неверојатно звучи податокот дека неговата партија, којашто жестоко се залага за сецесија на Паданија од Италија и искажува отворен презир за сите јужно од Тоскана, најголемата поддршка повеќе ја нема на северот од земјата – 18 отсто, туку во централна Италија – 19 проценти, а доверба и укажуваат и 7 отсто од гласачите на југот.
Пред две седмици 41-годишниот Салвини изјави дека доколку неговата партија би учествувала во власта ќе ги ревидира сите европски основачки договори и земјата да излезе од еврозоната. Тој смета дека целиот систем на европските институции е погрешен, и според аналитичарите е ѕвезда во залет на италијанскиот десен центар кој инаку е расцепкан по заминувањето од државната политичка сцена на поранешниот лидер на италијанската десница и премиер Силвио Берлускони./крај/мф/сн
Извор: Ansa
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.
Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четвртокот во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.
Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Процената на штетите е сè уште во тек.
Рано утрово беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на „Телеграм“. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.
Украина официјално не коментира до моментот на објавување.
Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.
фото: принтскрин
Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин