Европа
Шефот на британските лабуристи критикуван за изјавите за Израел

Челникот на британските лабуристи, Џереми Корбин, беше критикуван во четвртокот од висок претставник на еврејската заедница поради тоа што во ист план ги ставил Израел и „таканаречените исламски држави“.
„Нашите еврејски пријатели не се поодговорни за акциите на Израел или владата на Нетанјаху од нашите муслимански пријатели за она што го правата таканаречените исламски држави или организации“, изјави лабуристичкиот првенец Џереми Корбин во текот на претставувањето на извештајот нарачан по повеќе обвинувања за антисемитизам во Лабуристичката партија.
Тие изјави веднаш предизвикаа критики и го натераа Корбин да негира дека го споредил Израел со џихадистичката организација Исламска држава.
Главниот рабин на Велика Британија, Ефраим Мирвис, на социјалната мрежа Twitter изјавата ја оцени како навредлива и додаде дека таа може да предизвика уште повеќе загриженост, наместо да воспостави доверба во рамките на еврејската заедница.
Извештајот на лабуристите го наложи Џереми Корбин по повеќе антисемитски обвинувања оваа пролет и особено партиската суспензија на поранешниот градоначалник на Лондон, Кен Ливингстон, бидејќи рече дека германскиот нацистички лидер Адолф Хитлер на почетокот сакал „да ги испрати Евреите во Израел и го поддржувал ционизмот пред да полуди и да уби шест милиони Евреи“.
Рабинот Марвис ги критикуваше изјавите на Корбин, но изрази задоволство што извештајот на партијата им препорачува на своите членови да ги избегнуваат користењата на метафори поврзани со Хитлер, нацистите и холокаустот./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин