Европа
Словачкиот премиер ги нарече новинарите „валкани проститутки“
Словачкиот премиер Роберт Фицо им порача на новинарите во средата дека се „валкани антисловачки проститутки“, кога беше запрашан да одговори на обвинувањата дека правилата за јавните набавки не се почитувани за културните настани по повод словачкото претседавање со Европската унија.
Веќе подолг период словачкиот премиер Роберт Фицо има затегнати односи со медиумите кои го критикуваат него лично или неговата влада, и одбива да одговара на прашањата на одредени новинари, а има и неколку случаи во кои тужеше новинари, пишува Reuters.
Во средата на редовната прес-конференција по седница на владата, Фицо се разлути кога му беше поставено прашањето за обвинувањата кои пред неколку дена ги изнесоа Зузана Хлавкова и Transparency International.
„Некои од вас се валкани антисловачки проститутки, и стојам зад своите зборови. Вие не информирате, вие сте во војна со владата“, им одговори Фицо на новинарите.
Истакна дека со обвинувањата се сака да се наклевети словачкото претседателство во Европската унија коешто завршува во декември.
Хлавкова била во тимот на министерството за надворешни работи кој бил задолжен за организирање на културните настани со кои се одбележуваше словачкото претседателствување, вклучително и оние во февруари кога беше објавено логот на претседателството со ЕУ.
На прес-конференција за новинарите во понеделникот таа ги обвини своите надредени дека вршеле притисок врз неа да ги заобиколи прописите за јавните набавки за таа церемонија и наместо тоа да соработува со агенцијата за организирање настани наводно блиска со партијата на премиерот Smer.
Хлавкова, исто така, обвини дека концертот по повод почетокот на претседавањето во јули е организиран без тендер и дека сите трошоци биле поголеми отколку што требало.
На интернет страницата на Transparency International се наведува дека оваа агенција побарала од три словачки тела да го истражат овој случај, во прв ред од словачкото биро за јавни набавки.
Зборувајќи на истата прес-конференција со Фицо во средата, министерот за надворешни работи Мирослав Лајчак ги отфрли обвинувањата. „Сето тоа беше во согласност со законот, а буџетот наменет за претседавањето дури нема да биде целосно потрошен“, рече Лајчак./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

