Европа
Словачка ќе подигне тужба против ЕУ за мигрантските квоти
Словачка ќе поднесе тужба до 18-ти декември против планираниот систем на мигрантски квоти на Европската унија според коишто ќе се распределат 120.000 баратели на азил меѓу земјите членки, изјави во неделата премиерот Роберт Фицо.
Словачка, Чешка, Унгарија и Романија се спротиставуваат на задолжителните квоти за распределбата на мигрантите од Италија и од Грција, но беа надгласани на состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите членки на Европската унија во септември.ЕУ има тешки маки да изнајде заеднички пристап на решавањето на бранот мигранти и бегалци кои се доселуваат во Европа од сиромашните или со војна зафатени земји на Блискиот исток, Африка и Азија. Германија, на пример, очекува оваа година да прими повеќе од милиони мигранти, што наиде на протести и резултираше со намалување на рејтингот на канцеларката Ангела Меркел, па и повици да си поднесе оставка.Словачка, која треба да преземе 802 мигранти според планот на ЕУ, веднаш објави дека ќе ја оспори таа одлука, аргументирајќи дека нема овластувања да ги задржува мигрантите доколку тие сакаат да заминат во Германија или другите богати членки на ЕУ. Владата во Братислава докажува дека мигрантите не сакаат да останат во земјата со тоа што за целата 2015 година биле поднесени сами 154 барања за азил во Словачка.Унгарија, исто така, настојува да ги оспори задолжителните квоти и тамошниот парламент овој месец ја овласти владаа тоа и да го стори. Чешка и Романија, иако не се согласуваат со задолжителните квоти, најавија дека нема да ја тужат ЕУ.Словачкиот премиер Робет Фицо во неделата изјави дека Братислава до 18-ти декември ќе вложи тужба во Европскиот суд на правдата.„Ќе ги преземеме правните мерки на судот во Луксембург порано, за тоа ќе разговараме оваа седмица“, рече Фицо во телевизиска дебата.Премиерот Фицо, следејќи го преовладувачкото расположение меѓу Словаците во однос на прифаќањето бегалци, а во март го очекуваат избори, во октомври изјави дека не ставува дека системот на квоти ќе биде спроведен против волјата на Словачка, бидејќи тој технички е неизводлив./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

