Европа
Со солзавец растерани студентите во Франција кои протестираа за реформите за вработување
Силите за безбедност на Франција со солзавец ги растеруваа студентите собрани на протест против планираните раформи во вработувањето, кои фрлаа со шишиња по полицијата во Париз и во Нант.
Реформите, кои наидоа на остра критика од јавноста и предизвикаа серија протести, беа усвоени во четврток утрото од кабинетот на сé повеќе непопуларниот претседател Франсоа Оланд, кој се надева на реизбор следната година.„Млади и несигурни, светот е наш“, пишуваше на еден транспарент на протестот во главниот град, каде полицијата употреби солзавец против студентите кои фрлаа по нив шишиња и празни канти.Демонстрантите запалија и едно возило, а уапсени се 15 луѓе во Париз. На едно видео ставено на интернет се гледа како полицаец тепа еден студент и го присилува да легне на земја.Генералниот инспекторат на националната полиција е повикан да спроведе истрага дали полицијата употребила несразмерна сила.И протестите во Нант беа насилни, и таму студентите фрлаа со шишиња кон полицијата која се бранеше со солзавец, при што се уапсени деветмина.Студентите се на фронталната линија на протестите против реформите за вработување, кои треба да ја намалат невработеноста во Франција, која изнесува 10 отсто. Меѓу младите пак, невработеноста е околу 25 отсто, меѓу највисоките во Европа. Младите, заедно со синдикатите и левото крило на Социјалнистичката партија на Оланд, велат дека реформите се премногу пробизнис направени и дека ги погазуваат правата на работниците. Околу 58 отсто од Французите се противат на планираните мерки, според послендните анкети.Премиерот Мануел Валс смета дека реформите се интелигентни, гласни и непотребни, и во насока на намалување на невработенсота која во последните 30 години не била пониска од 7 проценти.„Нашата земја стана навикната на безработица предолго“, рече тој.Седумте синдикати кои се против реформите, заедно со студентите, кои денеска излегоа на протест бараат да се повлечат мерките.Минатата недела, учениците и студентите блокираа неколку училишта и универзитети низ Франција, а во четврток, студентите го блокираа влезот во кампусот на универзитетот.Тензични протести имаше и во Рен и МарсејМерките треба да бидат усвоени од Парламентот на 5 април, а да се потврдат кон крајот на април или во мај. Но, до тогаш, демонстрантите планираат да направат уште поголемо движење на 31 март./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.