Европа
Соботка: Европа нема да може да се справи со предизвиците доколку не формира заедничка европска војска

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка во понеделникот во Прага изјавил дека Европа нема да успее да се избори со безбедносните закани како што се терористичките напади и миграцискиот бран доколку не формира своја, европска армија, пренесуваат светските агенции.
Соботка на редовниот годишен состанок со чешките амбасадори се заложил и за поголема помош кон земјите од поранешна Југославија во справувањето со мигрантскиот бран. „Не толку одамна земјите од поранешна Југославија беа потресени од вооружени судири. Сега овие земји се најдоа под голем товар од актуелната мигрантска криза и во наш интерес е ова да не ја наруши стабилноста на регионот“, изјавил Соботка.
Тој додал дека Чешка и сама и во рамките на вишеградската четворка настојува да им помогне на државите од Западен Балкан не само хуманитари, туку и преку испраќање на полицајци и опрема за да им помогне да ги обезбедат своите граници, и дека ќе продолжи да бара ефикасна помош и координација со овие земји, како и со ЕУ.
Според Соботка за борбата со предизвиците како што се тероризмот и мигрантската криза потребно е ЕУ да се откаже од инсистирањето на сила „да наметне неефикасни бегалски квоти“, туку да им овозможи на земјите членки на ЕУ доброволно да им дадат помош на оние бегалци на кои таа им е неопходно, во бегалските кампови надвор од ЕУ, но и да се обезбедат услови за темелна проверка на луѓето кои поднесуваат барања за азил.
„Во намалувањето на мигрантскиот притисок клучна улога одигра и договорот на ЕУ со Турија. Сметам дека сега е клучно ЕУ да потврди дека таа ќе ги исполни своите обврски за укинувањето на визите, само доколку своите обврски ги исполнила и Турција“, рекол Соботка./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Германскиот министер за одбрана: Разговорот Трамп – Путин беше неуспешен

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус го критикува телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин нарекувајќи го промашен.
Писториус овие изјави ги даде во програма на ЗДФ. Руските напади врз украинската инфраструктура „не престанаа по овој наводно голем телефонски повик“, рече Писториус.
„Путин игра игра овде и сигурен сум дека американскиот претседател нема да може долго да остане пасивен“, рече тој. Писториус исто така изјави дека ќе дојде време кога Трамп „ќе реагира, ќе мора да реагира“ за да ги зачува „силата и престижот“ на САД.
Разговорот меѓу Трамп и Путин се одржа синоќа и не резултира со целосен 30-дневен прекин на огнот, како што предложија Американците. Сепак, Путин се согласи на привремена пауза во нападите врз енергетската инфраструктура. На тоа се согласи и Киев. Но, денеска веќе се случија напади од двете страни.
Германскиот министер Писториус рече дека е грешка да се исклучи Европа од разговорите меѓу Трамп и Путин бидејќи „на крајот, мирот, ако дојде, мора да биде обезбеден и на европска почва“.
Трамп го пофали разговорот со Путин како многу добар и продуктивен.
Европа
(Видео) Украинците објавија снимка од напад: „Значи, вака изгледа паузата на Путин во нападите?“

Русија синоќа изврши напад со дрон врз електроенергетскиот систем што ја напојува железницата во регионот Днепропетровск во централна Украина, соопшти украинската државна железничка компанија „Укржализиница“.
Делови од железничката мрежа останаа без струја, но сообраќајот не беше во застој, додаваат тие. Откога службите за итни случаи пристигнаа на местото на нападот, Русија го изведе вториот напад познат како double-tap – двоен напад, велат од „Укржализиница“ додавајќи дека нема жртви.
So this is what “an immediate ceasefire on all energy and infrastructure” looks like?
At 1:20 AM, Russia struck @Ukrzaliznytsia‘ energy facilities in Dnipro region—twice, even as firefighters and a rescue train worked. Some railway sections lost power, but trains keep running. pic.twitter.com/yuxODT2iBP
— Ukrainian railways || Укрзалізниця (@Ukrzaliznytsia) March 19, 2025
„Значи, вака изгледа пауза во нападите врз енергетската инфраструктура“, додаваат, алудирајќи на вчерашниот договор на рускиот претседател Владимир Путин да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура на 30 дена.
Кремљ објави дека Путин се согласил на ограничен прекин на огнот и веднаш издал наредба до војската да престане да ја напаѓа украинската енергетска инфраструктура на 30 дена.
Европа
(Видео) Русија гранатира болница во Украина, спасувачките служби ги евакуираат пациентите

Руски напад врз болница во североисточниот украински регион Суми принуди евакуација на 147 пациенти, вклучително и девет лица со ограничена подвижност, соопштија украинските власти.
Снимките објавени од Државната служба за итни случаи на Украина во Суми покажуваат оштетена медицинска установа и моментот кога пациентите се евакуирани од погодената зграда. Спасувачките екипи бргу реагираа и го изгаснаа пожарот што избувна по нападот.
Во експлозијата е оштетен и блискиот детски медицински центар, но нема повредени. Во меѓувреме, Русија објави дека нејзините сили ја презеле контролата врз четири населени места во регионот Курск, а Москва продолжува да се обидува да ги потисне украинските трупи, кои држат значителен дел од територијата во регионот по упадот во август минатата година.
Украинските власти претходно објавија дека борбите во регионот Курск сè уште траат, особено во Суџа и околните области.