Европа
Шпанија: Мас подготвен за нови избори во Каталонија, Рахој не гледа алтернатива во нив
Каталонскиот сепаратистичкиот челник Артур Мас изјави во вторникот дека и против своја волја е подготвен да распише нови парламентарни избори, бидејќи крајниот рок до кој поборниците за независност на оваа шпанска покраина требаа да формираат влада речиси истече, а истовремено вршителот на должноста шпански премиер Маријано Рахој изјави дека не гледаа алтернатива во повторувањето на изборите во Каталонија, имајќи предвид дека поборниците на независноста не можат да се договорат кого да го именуваат на чело на покраинската влада.
„Подготвен сум, и против својата волја зашто тоа не е она што го посакувавме и не она што го сакав, но подготвен сум да го потпишам указот да се одржат нови избор“, изјави Артур Мас за новинарите во Барселона, откако различните фракции во рамките на сепаратистичкото парламентарно мнозинство на септемвриските избори досега не успеаја да се согласат кој треба да ја води владата на Каталонија.
Каталонската сепаратистичка и екстремно лева партија CUP објави во неделата дека нема да ја поддржи каталонската влада предводена од челникот на движењето за автономија Артур Мас, што може да предизвика нови избори во шпанската покраина во која сегашното мнозинство пратеници се залагаат за отцепување од Шпанија.
На Артур Мас, кандидат на сепаратистичката коалиција Junts pel Si (Заедно за Да), која доби 62 мандати во 135-члениот каталонски парламент на изборите на 27-ми септември, му беа потребни најмалку 2 од 10-те гласови на CUP за да стане каталонски премиер. Доколку двете страни не се договорат до следната сабота, 9-ти јануари, околу името на можниот нов кандидат, ќе мора да се организираат нови избори.
Неуспешното составување на каталонската влада ја одразува политичката ситуација и на национално ниво во Шпанија по изборите од 20-ти декември, на коишто победи конзервативна Народна партија (PP) на поранешниот премиер Маријано Рахој, но не успеа да освои апсолутно мнозинство, така што постои голема веројатност и цела Шпанија да оди повторно на парламентарни избори годинава.
„Искрено не знам што би можело да се случи во следните пет дена, но верувам дека би било најдобро да (вршителот на должноста регионален премиер Артур) Мас да се откаже од независноста, а имајќи предвид дека тоа се чини невозможно, нема алтернатива за изборите“, изјави Рахој во интервју за државното радио.
Изгледите за одржување нови избори во Каталонија, најверојатно во март, ја зголемуваат веројатноста за одржување на повторените парламентарни избори на национално ниво оваа година, бидејќи намалената закана од силна каталонска влада која бара одвојување од Шпанија ќе го намали притисокот врз партијата од десниот центар на Рахој и врз опозициските социјалисти да формираат голема коалиција за да се спротистават на сепаратистичката каталонска администрација./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

