Европа
Српските доброволци во Донецк одбиле пробив на украинската армија

Одред на српските доброволци ткн „четници“ кои во конфликтот во источна Украина се борат на страната на проруските милиции, јавија дека успешно одбиле пробив на украинската армија, пренесе во понеделникот навечер РИА Новости повикувајќи се на службата за односи со јавност на самопрогласената Народна Република Донецк.
Според информацијата на проруските бунтовници од Донецк, „четниците“ од одредот „Јован Шевиќ“ го одбиле обидот на украинската армија да се пробие во правецот Луганск – Краснодон, со што прави обид да ја пресече комуникацијата меѓу двата најголеми града во источна Украина коишто се под контрола на ткн народни милиции на самоодбраната на мнозинското руско и рускојазично население со што и ги ставило во целосно опкружување.„За време на борбите беа уништени два тенка и едно самоодно артилериско орудие заедно со екипажите, а исто така и едно теренско борбено возило. Нашите загуби се двајца полесно ранети, на коишто им е пружена медицинска помош и веќе се вратија во единицата“, го цитира службата на бунтовниците во Донецк соопштението на српските доброволци.Српските доброволци во непризнаената република на истокот од Украина пристигнаа во мај и во јуни. Според официјалните информации од командата на проруските бунтовници, тие дошле за време на опсадата на Славјанск, кој сега е под контрола на украинската армија, поради познанство со еден од челниците на бунтот, Игор Стрелков, од времето на раните 1990-ти кога тој и самиот како доброволец се борел во редовите на војската на сегашниот ентитет Република Српска во војната во Босна и Херцеговина. Бројот на српските доброволци во одредот „Јован Шевиќ“ не се соопштува, а руските медиуми велат дека е познато само името на нивниот водач, извесен Братислав Живковиќ.Единицата е наречена во чест на командантот на српскиот хусарски полк Јован Шевиќ, кој во 1751 година станал руски царски поданик а потоа и основач на автономната област Славјаносрбија, на дел од териториите на коишто денес се наоѓаат Донецката и Луганската област. Во времето на руската императорка Екатерина Втора, Славјаносрбија влегла во Новоруската губернија. Откако, во март прогласија независни ткн народни републики во Донецк и во Луганс, бунтовниците во оваа област во која живеат над седум милиони луѓе објавија „државна единица“ којашто ја нарекоа Новорусија./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин