Европа
Швајцарците на референдум за доселувањето, оданочувањето и златото
Гласачите во Швајцарија во неделата се изјаснуваат на нов референдум за трите народни иницијативи – за дополнителното заострување на доселеничките политики, за укинување на единствената даночна стапка за богатите странци и за златото на централната банка.
Гласачите во Швајцарија во неделата се изјаснуваат на нов референдум за трите народни иницијативи – за дополнителното заострување на доселеничките политики, за укинување на единствената даночна стапка за богатите странци и за златото на централната банка.
Во сите три случаи, анкетите предвидуваат неуспех на иницијативите, меѓутоа политичката елита не исклучува „изненадување“, особено во врска со политиките на доселување во Швајцарија, благодарејќи на анонимноста на изјаснувањето.
Покрај тоа, неодамнешните истражувања на јавното мнение покажуваат дека швајцарските избирачи не се наклонети да застанат зад иницијативата којашто е покрената надвор од етаблираните политички партии за заштита на природните богатства, а којашто политичката класа, деловните кругови и синдикатите постојано ја квалификуваат како „ксенофобична и расистичка“.
Организацијата Екологија и население (Ecopop), која се декларира за непристрасна и сака бројот на доселениците да се ограничи на 0,2 отсто од швајцарското население, што значи околу 16 илјади луѓе годишно, ги повика гласачите да ѝ кажат „доста на пренаселеноста“. Покрај тоа, бара Швајцарија 10 отсто од своите фондови за помош на земјите во развој да издвои за мерките за контрола на раѓањето во земјите на југот.
Меѓутоа, овој предлог наиде на многу критики од сите страни на политичкиот спектар. Сите тие истакнуваат дека стопанството, од коешто некои сектори како што е здравството имаат третина од вработените коишто доаѓаат од странство, повеќе не би функционирало нормално и не би можело да се развива.
„Го поддржуваме швајцарскиот народ во неговото изјаснување против масовното доселување од европските земји“, изјави во саботата за швајцарскиот весник Le Temps, Марин Лепен, чијашто партија од крајната десница Национален фронт (FN) во саботата го започна во Лион дводневниот партиски конгрес.
Швајцарските граѓани ќе изјаснуваат и за „спасувањето на швајцарското злато“ обврзувајќи ја Швајцарската национална банка (BNS) барем 20 отсто од својата сопственост да ја чува во злато, наместо досегашните 7 проценти.
Изјаснувањето за единствената даночна стапка на што се противи левица во името на „еднаквоста“ се однесува на 5.729 странски милионери кои попрво плаќаат даночен паушал од милијарда швајцарски франци, или 830 милиони евра, отколку да бидат оданочени во своите земји.
„Треба да се спасиме од единствената стапка, бидејќи тоа е разумно би ги заштитило нашите природа и татковина“, соопштија од таборот на зелените, кои се иницијатори на референдумот.
Гласањето, коешто во Швајцарија често е и дописно, ќе заврши напладне по локално време а резултатите ќе бидат познати доцна попладнето./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

