Европа
Шведското Министерство за надворешни работи го потврди извештајот на ОН за Асанж

Шведското Министерство за надворешни работи во четврток соопшти дека работната група на Обединетите нации(ОН) донесе одлука дека основачот на Викиликс, Џулијан Асанж е „незаконски притворен“.
„Работната група донесе пресуда дека Асанж е незаконски притворен, во спротивност со меѓународните обврски“, рече портпаролката на министерството.
Канцеларијата на шведскиот државен обвинител објави дека таа одлука нема формално влијание врз актуелната истрага која против Асанж се води по обвиненијата за силување.
„Согласно шведскиот закон, одлуката на работната група нема формално влијание на актуелната истрага“, се наведува во соопштението на државното обвинителство.
„Обвинителот што го води случајот е на пат и сѐ уште не ја изнел својата оценка за последните настани“, се додава.
Асанж (44) во јуни 2012 година најде засолниште во амбасадата на Еквадор во Лондон, за да избегне екстрадиција во Шведска, каде што обвинителството сака да го испраша околу наводите дека во 2010 година извршил силување, што тој негира. /крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Пристигна првата реакција на Украина за преговорите меѓу Путин и човекот на Трамп

Јуриј Сак, советник во украинското Министерство за стратешки индустрии, за Би-би-си изјави дека Русија „одолговлекува“ во преговорите за Украина и го третира целиот процес како „спектакл“. Сак нагласи дека Украина секојдневно комуницира со своите европски партнери и дека тие го уверуваат дека ќе ја поддржат Украина сè додека не се постигне мир.
Сепак, тој додаде дека постојат работи што само САД можат да ѝ ги обезбедат на Украина, па затоа е „многу важно да се зачува стратешкото партнерство“ со Вашингтон. „Русија мора да покаже вистински докази дека е посветена на мировниот процес“, рече Сак.
Да потсетиме, претходно денес, помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков изјави дека Владимир Путин и американскиот претставник Стив Виткоф одржале „конструктивен состанок“ во Москва, каде што разговарале, меѓу другото, за можноста за директни преговори меѓу Русија и Украина.
Европа
Русија: Убиството на генералот во Москва е тероризам

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го опиша убиството на генералот Јарослав Москалик како „терористички напад“.
„Главното прашање е да се запре конфликтот во срцето на Европа и светот. Секој ден гледаме толку многу жртви. Денес, еден припадник на руската војска беше убиен како резултат на терористички напад во Москва“, рече Захарова.
Европа
(Видео) Руски генерал загина во експлозија на автомобил во Москва

Висок руски воен офицер е убиен денес по експлозија на автомобил во градот Балашиха, во Московската област, објавија руските медиуми.
„Маш“ го идентификуваше убиениот како Јарослав Москалик, заменик-началник на Главната оперативна дирекција на Генералштабот на руските вооружени сили.
Објавено е и видео од моментот на експлозијата.
Video allegedly showing the moment Major General Yaroslav Moskalik, deputy chief of the Main Operations Directorate of the General Staff of the Russian Armed Forces, is killed by an IED planted in a VW car in a suburb of Moscow. pic.twitter.com/dg80a3CAwm
— Euan MacDonald (@Euan_MacDonald) April 25, 2025