Европа
Терезеинштад, ’пробен’ логор за нацистичките пропаганди
Официјална комеморација на денот на одбележувањето на холокаустот во Чешка вторникот се одржа во Терезин, во близина на главниот град Прага, со откривање на споменикот што на жртвите на нацистичкиот погром им го посвети чешкиот скулптор Алеш Весели, како и со уметничка програма во чест на жртвите на овој нацистички логор од времето на Втората светска војна, бидејќи за нив уметноста била потврда дека се уште се човечки суштества, пренесуваат чешките медиуми.
Сторијата за своите родители, кои го преживеале логорот, ја раскажал Томаш Краус, а сопственото сведоштво по завршувањето на музичката програма го изнел и преживеаниот логораш на Терезинското гето, Феликс Колмер. По сведоштвото на израелскиот рабин Меир Лау, претседател на советот Јад Вашем, кои исто така го преживеал холокаустот, обредот бил завршен со еврејската молитва за мртвите (кадиш), и со изведба на композицијата „Ел Малеи Рашамим“.
И Меѓународниот форум во Прага и комеморацијата во Терезин биле проследени со уметничка програма, бидејќи уметност во овој логор не замрела. Многу истакната уметници од поранешна Чехословачка, Австрија, Германија и поранешна Југославија, биле затворени во Терезиенштад заедно со писатели, научници и друга интелектуална елита. „Културата во Терезин беше последната кревка спојка со човечкиот живот, како нишка која храбро остана нескината“, сведочел еден од преживеаните уметници.
За нацистичката пропаганда токму логорот Терезин и’ служел за измама на меѓународните хуманитарни организации во Втората светска војна и го претставувала како логор во кој има богат културен живот.
Пијанистката Алис Херц-Зомер која го преживеала логорот и почина минатата 2014 година, има изведено повеќе од сто концерти во Терезин, за што го сними и документарниот филм „Музиката ми го спаси животот“. Во понеделникот вечерта пијанистката Наталија Романенко во Прашкиот дворец, во кој беше одржан Меѓународниот форум, изведе дела од концертот „опус 25“ од Виктор Улман кој го компонирал во логорот, меѓу другото и опера, и го водел оркестарот сé додека не бил префрлен во Аушвиц каде е убиен во гасна комора. Композиторот Ханс Краса ја компонирал детската опера „Брундибар“, од којашто дел во вторникот на комеморацијата изведоа деца од Прага и до Терезин. Во вторникот и оркестарот на Руската национална филхармонија го изведе делот „Жолти ѕвезди“ на рускиот композитор со еврејско потекло Исак Шварц.
Гратчето во северозападна Чешка, подигнато во XVIII век како утврдување, наречено според царицата Марија Терезија, на почетокот од XX век служел како затвор, во којшто, меѓу другите, бил заточен и умрел извршителот на Сараевскиот атентат, Гаврило Принцип.
Меѓутоа, Терезиенштад, според германскиот назив, стана синоним за страдањата на чешките Евреи во текот на холокаустот во Втората светска војна. Нацистичките власти ова гратче го пренамениле во 2гето за пензионирани“ австриски германски Евреи, повозрасни до 65 години. Се проценува дека во периодот од 1941 до 9-ти мај 1945 година кога е ослободен, низ логорот минале 150 илјади, од кои најмалку 15 илјади деца, а се проценува дека во него починале меѓу 33 до 60 илјади луѓе, од епидемија, неисхранетост и исцрпени од работа, и таму со месеци и години биле држени пред со желница да бидат транспортирани во логорите на смртта како Треблинка и Аушвиц-Биркенау кај денешен Освенцим во Полска./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.
„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.
Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.
НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.
Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.
Европа
Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра
Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени во музејот и туристички водичи кои ги таргетирале кинеските посетители во шема што вклучувала продажба на лажни билети и пререзервирање на тури со водичи, објавува „Еуроњуз“.
Според францускиот весник „Ле Паризиен“, полицијата ги уапси осомничените во вторник откако раководството на Лувр пријавило „неправилности“. За време на операцијата, запленети се три возила, 130.000 евра во готово и замрзнати се речиси 200.000 евра на банкарски сметки. Откриени се и неколку банкарски сефови со големи суми готовина.
Раководството на музејот во соопштението наведува дека сега „воспоставило структуриран план против измами врз основа на мапирање на измами, серија превентивни и куративни мерки, правни, технички и контролни мерки и следење на резултатите“.
Апсењата следат по низа лоши вести за најпопуларниот музеј во светот и една од најпочитуваните институции во Франција. Од минатиот месец, Лувр е принуден делумно да ги затвора вратите за посетители секоја недела поради штрајк на персоналот незадоволен од платите и условите за работа.
Протестите започнаа кон крајот на минатата година по објавувањето на осудувачки владин извештај за безбедносните пропусти, кои беа откриени по дрскиот грабеж на француските крунски скапоцености во октомври.
Европа
Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија отколку да ги принуди Украинците да прифатат лош договор.
Американското списание објави растечка загриженост кај некои членови на внатрешниот круг на Зеленски дека неговиот прозорец за решение се затвора и дека Украина би можела да се соочи со години континуиран, мачен конфликт доколку не се постигне договор за завршување на војната оваа пролет.
Зеленски беше цитиран како вели дека претпочита да не прифати „договор отколку да го принуди својот народ да прифати лош“.
„Дури и по (скоро) четири години интензивно војување, тој вели дека е подготвен да продолжи да се бори доколку е потребно за да обезбеди достоинствен и траен мир“, се вели во статијата, забележувајќи дека Зеленски рекол дека „Украина не губи“ кога бил прашан за неговата проценка на позицијата на Киев на фронтот.
Два круга трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржаа во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, на 23 и 24 јануари и на 4 и 5 февруари.
Во понатамошните коментари за списанието, Зеленски рече дека „нема поголема победа“ за американскиот претседател Доналд Трамп од наоѓање решение за војната меѓу Русија и Украина.
„За неговото наследство, ова е број 1“, рече тој, додавајќи дека постигнувањето такво решение пред американските меѓуизбори во ноември би била „најдобрата ситуација“ за Трамп.
„Да, тој сака помалку смрт. Но, ако вие и јас разговараме како возрасни, тоа е само победа за него, политичка“, додаде тој.
Коментарите дојдоа откако Зеленски им рече на новинарите за време на викендот дека САД инсистираат на решавање на војната меѓу Русија и Украина „до почетокот на ова лето“ и дека Вашингтон „веројатно ќе изврши притисок врз страните во согласност со овој распоред“.
Во изјавите објавени од украинските медиуми, тој рече дека Киев разбира дека „внатрешните проблеми“ во САД влијаат на овој рок, особено со почетокот на кампањата за меѓуизборите подоцна оваа година.

