Европа
The Independent: Најџел Фараџ ја „мрази современа Британија“ и има „проблеми со расата"
Најџел Фараџ и УКИП ја мразат современа Британија и имаат проблеми со расата, изјавил во интервју за The Independent политичарот од опозициската Лабуристичката партија, Чука Умуна.
Опозицискиот политичар, чиј татко е роден во Нигерија, изјавил дека партијата на Најџел Фараџ е заразена со „вирусот на расизмот” и истакнал дека за разлика од нив, лабуристите го поздравуваат мултикултурниот изглед на Велика Британија и нема да се потчинат на „антиимиграциските расположенија” кои ги шири УКИП.
„На УКИП не му се допаѓа она што претставува современа Британија. Тие тврдат дека ја сакаат, но тоа не е така. Ако не сум во право, зошто тогаш стануваме сведоци на проток од вулгарности, насочени кон различни групи од општеството од страна на нивнитете кандидати и членови?” , прашал Умуна.
„Има расистички вирус кој се развива во оваа партија, со кој членовите не успеаја да се справат и јас не сум изненаден дека нивниот лидерот не гледа потребата од законска еднаквост, којашто ја имаме во Велика Британија и со којашто толку се гордееме”, додаде опозицискиот политичар./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Венеција заработи огромна сума на пари со наплата на влезници во градот за само 11 дена
Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975 илјади евра во првите 11 дена од пробниот период.
Билетот, кој првпат беше воведен на 25 април, се наплаќа по стандардна цена од пет евра.
Градот објави дека продал вкупно повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата, пренесува Независне новине.
Влезот ќе се наплаќа во повеќето саботи и недели до средината на јули, кога градот ќе ја разгледа цената.
Како општо правило, целодневните посетители помеѓу 8:30 и 16:00 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Ако не го сторат, може да платат казна од 300 евра.
Домашните жители, гостите кои преноќуваат, студентите и децата под 14 години се ослободени од плаќање.
Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.
Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.
Европа
(Видео) Украина уништи моќен руски ракетен лансер
Ракетата TOS-1A LANSER често се нарекува тежок фрлач на пламен поради специфичната термобарична муниција што ја истрелува, која е ефикасна против силно утврдените одбранбени позиции.
The warriors from the 93rd Mechanized Brigade destroyed another "no-analogue" russian TOS-1A Solntsepyok heavy flamethrower system with the use of a night-vision FPV drone. pic.twitter.com/lS22jAGa8o
— Defense of Ukraine (@DefenceU) May 7, 2024
„Војниците од 93-та механизирана бригада уништија уште еден руски тежок пламен фрлач TOS-1A Solntsepyok користејќи беспилотно летало за ноќно гледање FPV“, се вели во објавата на Твитер. Не е наведено кога и каде се случил нападот.
Вредноста на еден таков систем се проценува на 6,5 милиони долари.
Европа
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје на бојното поле, објави Организацијата за забрана на хемиско оружје.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека наводите се „недоволно потврдени“ со доказите, но во соопштението се додава:
„Ситуацијата останува нестабилна и крајно загрижувачка кога станува збор за потенцијалната употреба на токсични хемикалии како оружје“.
Ниту Русија ниту Украина официјално не побарале од организацијата да ја истражи наводната употреба на хемиско оружје, се вели во соопштението.
Минатата недела, САД соопштија дека Русија ја прекршила меѓународната забрана за употреба на хемиско оружје, која е надгледувана од Организацијата.
Таа, наводно, користела хлоропикрин, моќен пестицид што се користи во земјоделството и е забранет за воена употреба, против украинските трупи и користела хемиски соединенија кои привремено ги онеспособуваат луѓето, како солзавец, „како метод за војување“ во Украина.
Ова следеше по украинските тврдења во април дека Русија ја засилила употребата на солзавец во рововите. Русија ги отфрли обвинувањата, а украинските власти не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар во вторникот.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека ја следат ситуацијата од февруари 2022 година, кога Москва ја нападна Украина. Според Конвенцијата за хемиско оружје, секоја токсична хемикалија што се користи за да предизвика повреда или смрт се смета за хемиско оружје.
Употребата на токсични агенси на бојното поле во војна е против Конвенцијата, соопшти Организацијата за забрана на хемиско оружје. „Доколку се користат како метод на војување, овие агенси се сметаат за хемиско оружје и затоа, според Конвенцијата, тие се забранети“.