Европа
TI: Лобирањето ја загрозува европската демократија
Слабата контрола над лобистите би можела да ја поткопа европската демократија предупредува меѓународната организација Transparency International, повикувајќи на построго регулирање на лобирањето во Европската унија.
Во извештајот во кој се анализираат правните и другите заштитни мерки против нетранспарентното лобирање во 19 од 28-те држави членки на Европската унија и три европски институции, објавен во средата, Transparency International наведува дека само две држави, и тоа Словенија и Литванија, имаат половина од нивото на заштита коешто оваа организација го смета за потребно да се спречи несаканото влијание на разните интересни групи.
Германија, Италија, Шпанија и Португалија имаа помалку до 25 отсто од заштитата, а Унгарија и Кипар се најлошите во овој поглед со само 14 отсто заштита. Само седум држави, Австрија, Велика Британија, Ирска, Латвија, Полска, Словенија и Франција, имаат прописи кои го регулираат лобирањето, но тие често се со недостатоци и не се почитуваат во доволна мерка.
Европската комисија, исто така, го минала прагот од 50 отсто. Меѓутоа, Европскиот парламент и Советот на ЕУ не го минале. Парламентот има 37 отсто од потребаната заштита, а Советот 19 отсто, според извештајот. Просекот меѓу земјите опфатени со истражувањето, така, изнесува 31 отсто.
Од Transparency International искажуваат загриженоста поради недостигот од јавно достапни податоци за тоа кој кого лобира, со колку ресурси и поради што. Предупредуваат и на недоволната контрола над ткн феноменот „подвижни врати“, односно премините на функционерите од јавниот во приватниот сектор.
„И покрај тоа што лобирањето е составен дел од здравата демократија, многубројните скандали во Европа докажуваат дека без јасни и правила коишто се спроведуваат, помалиот број избрани гласови кои имаат повеќе пари и контакти мое да доминираат при донесувањето на политичките одлуки“, се предупредува во споменатиот извештај.
Се додава, исто така, дека „посткризните реформски напори во финансискиот сектор на национално и на европско ниво биле во голем дел спречени и раздвоени поради интензивното лобирање на финансискиот сектор во Европа“.
Организацијата меѓу индустриите коишто користат „проблематични лобистички практики“ и наведува индустријата за производство на алкохолните пијалаци, тутунската, автомобилската, енергетската, финансиската и фармацевтската индустрија.
„Неправедното и нетранспарентното лобирање е еден од главните корупциските ризици во Европа. Европските земји и европските институции мора да усвојат строги лобистички прописи кои покриваат широк спектар лобисти (…) кои влијаат врз политичките одлуки. Во спротивно, изостанувањето на контролата над лобирањето би можело да ја поткопа демократијата во Европа“, порача потпретседателката на Transparency International, Елена Панфилова.
Европската комисија и Европскиот парламент покренаа во јуни 2011 година заеднички регистер на транспарентноста во кој може да се пронајдат разни информации за лобистите во ЕУ., Доброволниот регистер го замени стариот од 2008 година и ги опфаќа не само традиционалните лобисти, туку и сите групации и организации коишто застапуваат одредени интереси и сакаат да влијаат врз процесите на носење на одлуките во ЕУ. Новиот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер им наложи на сите комесари и главни директори на управите на ЕК да мора да ги објават своите состаноци со лобистите и забрани контакти со групи кои не се впишани во споменатиот регистер./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.
Европа
(Видео) Вилијам и Кејт го игнорираа прашањето што им беше поставено на БАФТА наградите
Принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс, пристигнаа на доделувањето на наградите БАФТА во лондонската Кралска фестивалска сала во неделата вечерта, но нивното пристигнување имаше свои подеми и падови. Тие пристигнаа на црвениот тепих само три дена откако се појави веста дека Ендру Маунтбатен Виндзор е уапсен во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден.
За таа пригода, 43-годишниот Вилијам избра бордо кадифено сако, додека 44-годишната Кејт носеше долг, лелеав розов фустан. Организаторите го затворија црвениот тепих за да ѝ дозволат на двојката да влезе без други луѓе, но еден извик сепак одекна.
Prince William, BAFTA President since 2010, and Catherine, Princess of Wales arrive at the 2026 #BAFTAs. See all the red carpet looks: https://t.co/eLm0bmsH9f pic.twitter.com/0y1ymR9AT5
— VANITY FAIR (@VanityFair) February 22, 2026
Во еден момент, некој од публиката директно ги праша: „Дали монархијата е во опасност?“ Вилијам и Кејт не реагираа, само продолжија според протоколот.
Ова беше нивното прво заедничко појавување на БАФТА наградите по три години. Последен пат се појавија на црвениот тепих заедно во 2023 година. Вилијам дојде сам во 2024 година, а потоа рече дека неговата сопруга не може да му се придружи бидејќи се опоравува од лекување од рак. Минатата година, тие го пропуштија доделувањето на наградата, па нивното појавување во неделата го привлече вниманието на многумина.
Европа
Се состануваат европските министри: главна тема: Виктор Орбан
Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, во сенка на блокирањето од страна на Унгарија на заем од 90 милијарди евра за Украина. Клучниот состанок и неговите импликации се главна тема на денешното политичко известување од срцето на ЕУ, објавува „Еуроњуз“.
Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел од Унгарија во Украина сè додека, како што изјави, Унгарија не добие пратки нафта преку Украина и дека ќе ја блокира европската помош за Украина во вредност од 90 милиони евра.
Друга важна тема на Советот е одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на царините што ги воведе Доналд Трамп и како Европската Унија ќе одговори на нив. ЕУ веќе ги осуди новите американски царини и ги повика САД да го почитуваат веќе воспоставениот трговски договор.

