Европа
Три цивила загинаа од гранати во центарот на Донецк
Тројца цивили се убиени во саботата во центарот на Донецк, милионски град кој повеќе од четири месеци е под контрола на проруските бунтовници, откако украинската армија отворила артилериски оган, пренесува AFP.
Телата на загинатите се прекриени во чаршафи измачкани со крв на улица во центарот на Донецк. Дописникот на агенцијата јавува дека силни детонации го потресувале градот во саботата наутро. Роднина на еден од убиените мажи облеана во солзи од сопругот барала да го покаже пасошот на жртвата докажувајќи дека се роднини за да можат да го подигнат телото, пренесува AFP. Претставници на бунтовничките власти соопштиле дека гранатирањето било извршено од системите „Град“ и траело најмалку половина час.Во извештајот се додава дека на улицата има соборени стебла, ударите од гранати се видливи на трамвајските шини, а фасадите на станбените објекти и продавниците се целите со траги од шрапнели. Истовремено властите на самопрогласената Народна Република Луганск соопштија дека изминатото деноноќие биле ранети 68 цивили, како и дека продолжува критичната хуманитарна ситуација, што го потврди и Меѓународниот комитет на Црвениот крст, пренесува РИА Новости.„Во Луганск не престанува артилериското бомбардирање. Според пријавите и извештаите во медиуми, само во последното деноноќие биле ранети 68 цивили. Според страницата на Обединетите нации, претставниците на Меѓународниот комитет на Црвениот крст кои пристигнале во Луганск, соопштиле дека градот се наоѓа во тешка хуманитарна ситуација“, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на Градскиот совет на Луганск.Се соопштува и дека неколкуте стотици илјади жители на Луганск сé уште се без вода за пиење, електрична енергија, како и мобилна и фиксна комуникација. Нема ниту доставување на храна, лекарства и горива во градот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.