Европа
Тројца од напаѓачите од Париз на списокот на IS
Имињата на тројца извршители во нападите од 13-ти ноември 2015 година во француската престолнина Париз кога беа убиени 130 луѓе, се на списокот со борци на екстремната сунитска организација Исламска држава (IS) кои неодамна се појавија во јавноста, пишуваат во петокот германските весници.
Станува збор за Сами Амимур, Фуад Мохамед Агад и Омар Мостефај, тројца од напаѓачите во концертната сала „Bataclan“, каде што беа убиени 90 луѓе, тврдат весникот Sueddeutsche Zeitung и германските јавни телевизиски мрежи NDR и WDR, коишто имале пристап до сите документи коишто ги поседуваат разузнавачките служби.
Името на Абделхамид Абаду, кој се смета за еден од главните организатори на нападите во Париз, се појавува во истите документи, но само како „гарант“ за влез во Сирија ба друг француски џихадист чиј идентитет не се открива.
Медиумите напомнуваат дека списите со 16 француски џихадисти, меѓи кои тројца од групата којашто го извршила нападот во париската концертна сала. Фуад Мохамед Агад заминал в Сирија за да ѝ се приклучи на Исламската држава во рамките на „големата група француски џихадисти“ која на 18-ти декември влегла во таа земја, се наведува во документите на Исламската држава.
„Тој ден најмалку 14 мажи и нивните семејства ја минале турско-сириската граница со истиот криумчар, со гаранција од џихадист од мароканско потекло. Сите сакале да бидат борци на Исламската држава“, пишуваат германските медиуми истакнувајќи дека Фуад Мохамед Агад бил во таа група.
Документите на Исламската држава кои излегоа во јавноста се во посед на повеќе медиуми и власти на западните земји. Германската влада ја потврди нивната веродостојност, кога станува збор за германските џихадисти, чии имиња се појавуваат во документите.
Документите во форма на формулар со имиња, адреси, броеви на телефони, занимања и други лични податоци за кандидати за џихад кои заминуваат од Западот.
Германските Sueddeutsche Zeitung, NDR и WDR со почетокот на седмицата објавија дека поседуваат повеќе десетици документи со германски припадници на Исламската дражва.
Британската телевизија Sky News во средата вечерта објави дека добила пристап до документи кои содржат лични податоци за илјадници борци на Исламската држава. Документите на телевизијата ѝ ги предал разочаран поранешен припадник на оваа џихадистичка група. Како што беше објавено, станува збор за десетици илјади документи со 22.000 имиња, адреси, телефонски броеви, како и информации за семејствата на борци на Исламската држава. Меѓу терористите во споменатата документација, има лица од 51 земја, кои при пристапување на организацијата бил должен да даде лични информации за себе, одговарајќи на 23 прашања./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.