Европа
Турција им го забрани влезот на германски државен секретар и на пратеници

Германскиот парламентарен државен секретар за одбрана и пратеници мораа да ја откажат посетата на Турција по забраната на Анкара, известија германските власти, во екот на германско-турските тензии откако германскиот Бундестаг го призна турскиот геноцид над Ерменците.
Одговарајќи на прашање на AFP, германското министерство за одбрана потврди дека „патувањето на државниот секретар Ралф Грауксипе и пратениците на Бундестагот во воздухопловната база Инџирлик во Турција во моментов не може да се оствари како што првично беше планирано“, додавајќи дека „турските власти не можат да ја одобрат посетата во овој момент“, без да бидат наведени причините за тоа неприфаќање.
Како што наведува магазинот Der Spiegel во интернет изданието, генералот Дитер Варнеке, задолжен за стратешки прашања во министерство, изјавил на затворена седница на парламентарната комисија за одбрана дека Турците ја образложила забраната за посетата планирана во јули со признавањето на ерменскиот геноцид во долниот дом на германскиот парламент на почетокот од јуни.
Во воздухопловната база Инџирлик, на југот од Турција, стационирани се воздухопловните сили на меѓународната коалиција којашто се бори против Исламската држава, меѓу кои и германските „Tornado“ кои учествуваат во извидувањето, како и авионите за снабдување со гориво.
По гласањето во Буднестагот со кое беше признаен ерменскиот геноцид, Турција изрази силно негодување, а претседателот Реџеп Тајип Ердоган најави противмерки./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин