Контакт

Европа

Туск ги објави предлозите за договорот со Лондон ПРОШИРЕНА

Објавено пред

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ги објави во вторникот предлозите за договорот со Велика Британија, кој ќе биде основа за расправа на претстојниот самите на челници од земјите челник и на Европската унија кој на 18-ти и 19-ти февруари ќе се одржи во Брисел во рамките на подготовките за референдумот за британското останување или излегување во Унијата.

dobivaj vesti na viber

Во писмото упатено до сите челници на земјите членки на ЕУ, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск истакна дека предлозите, според неговото мислење, го решаваат прашањето коишто ги постави Велика Британија, а истовремено не ги прекршуваат начелата на коишто е втемелена Европската унија.

Според предлозите, на коишто веќе со месеци било работено, националните парламенти на земјите членки ќе имаат поголемо овластување при носењето на законите на ЕУ. Се предлага 550 отсто од 28-те национални парламенти, односни 16 од нив, мижат да ги сопрат или да ги променат законите во постапката на носења.

Велика Британија, исто така, бара јакнење на конкурентноста на економијата и намалување на бирократијата, подобрување на позицијата на земјите членки кои не го користат еврото в однос на земјите од еврозоната, јакнење на сувереноста на националните држави и улогата на националните парламенти, како и ограничување на пристапот до социјалните надоместоци за работниците од другите земји членки на ЕУ кои работат во Обединетото Кралство.

Туск, истакнува дека предлозите за заштита на земјите кои не се членки на монетарната унија – еврозоната, не значи дека тие може да имаат право на вето на одлуките на еврозоната.

Предлогот вклучува и одредби за ограничување на социјалните надоместоци за работниците од другите земји членки на ЕУ доколку дојде до преоптоварување на социјалниот систем на една земја членка, што беше едно од најтешките британски барања бидејќи навлегува во слободата на движењето на луѓето, што се смета за едно од најголемите достигнувања и основни принципи на ЕУ, коешто според Туск, со овој предлог не е прекршено.

Во предлогот на Туск, се наоѓа и своевидна сопирачка, којашто овозможува на одредено време, до четири години, да можат да се намалат социјалните надоместоци за работниците од другите земји членки на ЕУ, во случај на голем прилив на имигранти. Таа сопирачка може да се активира, доколку системот за социјална сигурноста биде изложен на преголем притисок, а на тоа би имале право сите земји членки, бидејќи според Туск, само така може да се избегнат дискриминациите и попречувањето на слободата на движењето.

Камерон бараше на работниците од земјите членки од источна и од средна Европа да не им се исплаќаат социјални надоместоци во првите четири години од работењето во Велика Британија, тврдејќи дека тие мораат прво да придонесат на британскиот социјален систем, дури потоа од него да бараат помош. „Не може да се добие нешто за ништо“, изјави повеќепати британскиот премиер.

Кога станува збор за Велика Британија, Европската комисија тврди дека веќе сега постои „вонредна околност“ којашто овозможува активирање на таа сопирачка, што отвора пат таа да се активира што во Британија на референдумот биде изгласано останување во ЕУ. Таквото толкување, очигледно, е наменето за евроскептичното јавно мнение.

Камерон изрази стравување од натамошната интеграција на земјите на еврозоната, тврдејќи дека тоа би можело да оди на штета на земјите надвор од зоната на употреба на заедничката валута. Сега добил гаранции дека нема да има дискриминации во тој поглед, но и дека земјите надвор од еврозоната нема да имаат право на вето на одлуките на еврозоната.

Туск го претстави механизмот според кој деветте земјите надвор од еврозоната можат да ја изнесат својата загриженост и да побараат потребни гаранции доколку сметаат дека некои одлуки на земјите од еврозоната се однесуваат на нив. „Но, тоа не е право на вето и тоа не може да ги запре итните одлуки, на пример, во случај на финансиска криза“, вели челникот на Европскиот совет. Британскиот конзервативен премиер Дејвид Камерон вети дека на почетокот од 2013 година дека на британските граѓани, доколку победи на парламентарните избори кои се одржаа пролетта 2015 година, ќе организира референдум до крајот на 2017 година за останувањето или излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Пред разговорот со Туск во Лондон изминатите два дена во Лондон, повтори дека ќе се обиде да постигне договор за реформите коишто би ги задоволиле британските барања и коишто би овозможиле останување на земјата во Унијата. Претходно се појавија шпекулации дека доколку таквиот задоволителен договор за Лондон биде постигнат, британскиот референдум би можел да се одржи уште во јуни годинава./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

16-годишно момче избодено во училиште во Германија

Објавено пред

16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.

dobivaj vesti na viber

На нападот наводно му претходела вербална расправија.

Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.

Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.

По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.

Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“

Објавено пред

45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.

dobivaj vesti na viber

Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.

Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.

Прикажи повеќе...

Европа

Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС

Објавено пред

Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.

dobivaj vesti na viber

Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.

Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.

Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.

Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.

– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.

Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија5 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија6 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ9 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија9 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет11 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет11 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет12 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион12 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет12 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија23 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија23 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...