Европа
Туск ќе бара од Анкара поголем ангажман во мигрантската криза
Претседателот на Европската комисија, Доналд Туиск, најави во вторникот дека од Турција ќе бара поголем ангажман во управување со мигрантската криза каде што ќе престојува во четврток и петок, пред одржувањето на европскиот самит во Брисел на 7-ми март.
„Европа е подготвена, како што веќе тоа го покажа, да пружи значителна финансиска помош на земјите кои граничат со воените зони. Истовремено, очекуваме од нашите партнери поголем ангажман, што е неопходен услов за избегнување на хуманитарната катастрофа. Тоа ќе биде темата на мојата посета на Турција“, претседателот на Европската комисија Доналд Туск на прес-конференцијата во Виена.
Туск во вторникот во австриската престолнина Виена ја започна четиридневната турнеја во чиј текот ќе ги посети државите на ткн балканска бегалска рута и Турција, Во четвртокот во Анкара ќе се сретне со турскиот премиер Ахмет Давутоглу и во петок Истанбул со претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Тие средби ќе се одвиваат неколку дена пред одржувањето на самитот во Брисел на кој ќе претставуваат и претставници Турција, која Европската унија ја смета за клучна за решавање на мигрантската криза којашто предизвикува поделби во ЕУ. Европските челници сакаат од Анкара да постигне побрзо спроведување на акциониот план ЕУ-Турција, со којашто Анкара да ги намали преминувањата на имигрантите кон Европа во замена за финансиска помош и политички отстапки, односно договорените три милијарди евра и заживување на турските пристапни преговори.
„Отвораме ново поглавје во борбата против мигрантската криза којашто се вика ‘Назад на Шенген’“, изјави Туск во Виена каде што се сретна со австрискиот канцелар Вернер Фајман.
Пред заминувањето во Турција, челникот на ЕК во вторник вечерта ќе ја посети Љубљана, во средата во Загреб и Скопје, и во четвртокот наутро во Атина. Оваа посета на главните земји на балканската рута на имигрантите би требала да придонесе за европскиот консензус за начинот на постапување во мигрантската криза и подготовката на самитот со Турција на 7-ми март и Европскиот совет на 17-ти и 18-ти март./крај/мф/сн
Извор: APA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки
Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.
Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.
It’s lights out in Belgorod again. It is clear that russia cannot protect this city. It should be surrendered to Ukrainian forces who can provide better protection.
Fact: None of this would’ve happened if I had been the president of russia. pic.twitter.com/7HIGxDYhy5
— Rock – NAFO Raccoon (@NAFORaccoon) February 26, 2026
„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.
Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.
Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.
Европа
Работник згмечи автомобил на депонија во Минхен: Не забележал дека има човек внатре
82-годишен Германец загина во автомобил смачкан од кран што се користи за сечење и дробење стари автомобили во отпад во минхенскиот округ Оберзендлинг во среда попладне.
Според полицијата, автомобилот бил закажан за уништување, а се верува дека човекот влегол во возилото незабележано. Во моментот на несреќата, 60-годишен вработен во компанијата управувал со тешка машина што се користи за дробење стари автомобили.
Работникот прво го смачкал покривот на возилото со кранот, а потоа го превртел на покривот. Дури тогаш, според полицијата, сведок забележал дека во автомобилот има лице, објавува Би-Би-Си.
82-годишникот претрпел смртоносни повреди кога покривот на возилото бил смачкан. На местото на настанот биле повикани служби за итни случаи. Интервенирале пожарникари, работници на брзата помош и полиција. Пожарникарите морале да користат специјална опрема за да го извлечат телото од автомобилот.
Според портпаролот на полицијата, возилото не му припаѓало на починатиот маж. Се верува дека 82-годишникот, кој живеел во Минхен, дошол на местото за да собира старо железо. Сообраќајната полиција во Минхен започна истрага за околностите на несреќата.
Европа
Полска сака да ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 години
Полска планира да воведе закон со кој ќе им се забрани на децата под 15 години да користат социјални медиуми и ќе ги направи платформите одговорни за проверка на возраста на корисниците, изјави министерката за образование Барбара Новацка во интервју објавено денеска, објави Ројтерс.
Владејачката Граѓанска коалиција ќе презентира нацрт-предлог со кој ќе се изрекуваат казни за платформите што остануваат достапни за помладите корисници. Новацка додаде дека законот би можел да стапи во сила на почетокот на 2027 година. „Гледаме последици за менталното здравје на децата и младите, како и пад на нивните интелектуални способности“, рече Новацка, истакнувајќи дека нивото на казните за компаниите сè уште се дискутира.
Неколку европски влади, вклучувајќи ги Данска, Грција, Франција, Шпанија и Велика Британија, разгледаа слични ограничувања поради тврдењата дека социјалните медиуми се штетни или предизвикуваат зависност кај малолетниците. Владата на Велика Британија објави во јануари дека разгледува ограничувања за заштита на децата на интернет, откако Австралија спроведе слични закони во декември.
Иницијативата би можела да ја доведе Варшава во конфликт со американските технолошки компании како „Мета“ или „Икс“ на Елон Маск. Некои од тие компании се спротивставија на ограничувањата откако Австралија воведе забрана минатата година.

