Европа
Уапсена поранешната портпаролка на Хашкиот трибунал Флоренс Артман
Поранешната портпаролка на Хашкиот трибунал Флоренс Артман е уапсена во четврток пред Трибуналот, каде што дојде да го проследи изрекувањето на пресудата на воениот претседател на Република Српска Радован Караџиќ.
На Артман, заради процесот што се води против неа за непочитување на судот, и беше изречена забрана за пристап. Таа, имено, објавила податоци од тајните одлуки на Жалбениот совет на Хашкиот трибунал во предметот за Слободан Милошевиќ.Според обвинението, Артман тајните податоци ги објави во својата книга „Мир и казна“ и во написот „прикриени клучни докази за геноцидот“.„Ме апсат по налог на судијата од Трибуналот кој со Слободан Милошевиќ имаше илегален договор да спречи жртвите да добијат надомест. Тоа е истиот оној режим што ги помагаше злосторствата. Ме апсат луѓето од ОН, тие немаат легитимитет за тоа. Тоа е нелегално“, рече Артман пред новинарите пред да биде уапсена.Артман во 2011 година беше осудена на седум дена затвор заради непочитување на судот.Во ноември 2011 година Трибуналот казната од 7.000 евра, со која заради непочитување на судот ја казни Артман, ја преиначи во затворска казна од седум дена и издаде налог за нејзино апсење.Артман претходно игнорираше две наредби на судот во одреден рок да ја плати глобата. /крај/бл/ст
Извор: Blic
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Кремљ: Го освоивме Покровск
Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.
Песков рече дека претседателот Владимир Путин бил информиран. Нема потврда од Киев. Руските сили наводно го окупирале и градот Вовчанск во соседниот Харков. Тврдењата не можеа да бидат независно потврдени, иако украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на Париз изјави дека интензивните борби продолжуваат околу Покровск и во Харков.
Набљудувачите сугерираат дека руското соопштение за воените придобивки би можело да биде темпирано пред очекуваната посета на американскиот специјален претставник Стив Виткоф на Москва утре, додека Кремљ се обидува да покаже напредок пред разговорите за евентуален мировен план.
Европа
Мерц: Европејците ќе се спротивстават на наметнатиот мир врз Украина
Европејците ќе се спротивстават на „наметнат мир“ врз Украина, потврди денес германскиот канцелар Фридрих Мерц пред планираната средба меѓу претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
„Следиме јасна линија, нема одлука за Украина и Европа без Украинци и без Европејци, не може да се наметне мир зад грбот на Украина, нема слабеење или поделба на Европската Унија и НАТО“, рече германскиот лидер по телефонскиот разговор со неговите украински, француски, британски и полски колеги.
Мултилатералната средба се одржа додека Мерц беше домаќин на полскиот премиер Доналд Туск во Берлин, а францускиот претседател Емануел Макрон го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Париз. Двајцата претходно разговараа со претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и украинскиот преговарач Рустем Умеров, соопшти Елисејската палата.
Туск: Едногласни сме
„Во Украина, единството на Европа е исто така во прашање“, рече Мерц, додавајќи дека големите европски земји, вклучувајќи ги Полска и Германија, имаат „посебна одговорност да обезбедат дека ништо и никој не ја дели Европа“.
Според симултаниот германски превод, Доналд Туск рече дека Европејците се „едногласни“ по ова прашање и се „целосно посветени на продолжување на целосната поддршка на Украина во нејзината одбрана во војната против Русија“.
Европа
Макрон: Само Украина може да одлучува за своите територии
Европските лидери во понеделник му дадоа поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски по американско-украинските разговори за мировниот предлог кој првично беше во корист на Русија, додека претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп се упати кон Москва на разговори во Кремљ.
Зеленски беше топло пречекан во Париз од францускиот претседател Емануел Макрон, а двајцата им се придружија на десетина европски лидери, меѓу кои и од Велика Британија, Италија, Полска и Европската Унија, во телефонски разговор.
France’s support holds special significance for Ukraine, and I am grateful to President @EmmanuelMacron and his team for their attention to our people and their willingness to help.
Our engagement today was substantive and important – above all, focused on the steps that bring a… pic.twitter.com/aL3mcUokAO
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) December 1, 2025
„Војната мора да заврши што е можно поскоро. Сега многу зависи од вклученоста на секој лидер“, напиша Зеленски на Икс.
Макрон објави фотографија со украинскиот лидер пред почесната гарда во Елисејската палата.
Le travail pour la paix se poursuit.
The work for peace continues.
🇺🇦🇫🇷 pic.twitter.com/31OgcnrO2s— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) December 1, 2025
По средбата со Макрон, Зеленски изјави дека приоритетите на Украина во мировните преговори се одржување на суверенитетот и обезбедување силни безбедносни гаранции.
Тој, исто така, ги повика сојузниците на Киев да спречат Русија да биде наградена за војната што ја започна. Тој истакна дека територијалните прашања претставуваат најголем предизвик во преговорите.
Украинскиот лидер, исто така, изјави дека се надева дека ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп откако специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, ќе ја посети Русија.
Францускиот претседател нагласи дека само Украина може да одлучува за своите територии во мировните преговори. Тој додаде дека Русија не покажува знаци дека ќе ја запре својата агресија.
Мировниот план меѓу Русија и Украина, рече тој, може да се финализира само со учество на Киев и европските партнери.
„За прашањата за замрзнатите средства, безбедносните гаранции, пристапувањето кон Европската унија и европските санкции, (овој план) може да се финализира само со Европејците на маса. Значи, сè уште сме во прелиминарна фаза“, рече Макрон.

