Европа
Украинската војска влезe во Славјанск, бунтовниците се повлекоа кон Донецк
Украинскиот претседател Петро Порошенко нареди во саботата армијата да го крене националното знаме во бунтовничкото упориште Славјанск во источниот дел на земјата, откако добил извештај дека украинските сили влегле во градот кој во текот на ноќта го напуштиле проруските милиции, пренесуваат агенциите.
Славјанск, град со 130 илјади жители, беше од почетокот на април под контрола на проруските ткн милиции за самоодбрана кои не ги признаваат западните власти во Киев кои дојдоа на власт по соборувањето на претседателот Виктор Јанукович. Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека голем број проруски борци побегнале од градот по артилерискиот напад на украинските сили во петокот. На интернет страницата на претседателот Петро Порошенко се наведува дека началникот на генералштабот му реферирал дека бунтовниците се обиделе да ги нападнат владините сили, но дека биле одбиени се минофрлачки оган, пренесува Reuters.„Претседателот нареди (…) државното знаме да се подигне на зградата на градскиот совет во Славјанск“, се наведува на мрежната страница на Порошенко. Во градскиот совет се наоѓаше штабот на проруската милиција. Се додава и дека бунтовниците загубиле еден тенк и други оклопни возила.Аваков нагласува дека голем број бунтовници го напуштиле Славјанск., „Покрај патот нашите борбени единици ‘поздравуваат’… тие претрпеа големи загуби и се предаваат“, напиша Аваков на Facebook, „Тие бегаат кон Горловка“, додава украинскиот министер за внатрешни работи. Станува збор за град од 260 илјади жители, на 50 километри југоисточно од Славјанск. Претставникот на проруските бунтовници, Андреј Пругин, кој беше заменик на самопрогласениот премиер на самопрогласената република, за AFP изјави дека „не може ниту да потврди, ниту да го демантира губењето на Славјанск. Тоа е можно. Градот е буквално празен, додека бомбардирањето продолжува“, додал.Од друга страна, еден од челниците на самопрогласената Донецка народна република, Павел Губарев, за РИА Новости изјавил дека бунтовниците кои го напуштиле опколениот Славјанск во текот на ноќта кон саботата, претрпеле минимални загуби и продолжуваат да се концентрираат на одбраната на Донецк и Горловка.Претходно бунтовниците соопштија дека нивниот конвој успеал да се пробиле низ обрачот на украинските сили од Славјанск кон соседниот Краматорск. „Командантот на милицијата Игор Стрелков донел решение да се напушти Славјанск. Тоа беше направено ноќта. Загубите на милицијата се минимални. Организирани и заедничките сили на милициите тргнаа кон Краматорск, предислоцирањето продолжува и натаму, очигледно, кон Горловка и Донецк“, изјави Губарев ткн „народниот гувернер“ на областа Донбас, на истокот од Украина, каде што се огромно мнозинство етничките Руси и русофоните. Според него, тоа ќе им овозможи на проруските сили да добијат во време додека украинската армија и Националната гарда ќе ги преместуваат единици и продолжуваат со артилерискиот оган. „Тоа време може ефикасно да се употреби за да се заврши процеост на обединување на силите на милициите, нивна централизација под единствена команда, како и да се добие во квалитет во поглед на врските и комуникациите меѓу единиците, подобро снабдување на силите, во прв ред со тешко оружје, артилерија и оклопни возила“, рекол Губарев. Киевските власти, коишто од почетокот на борбите пред речиси три месеца загубија повеќе од 200 војници во текот на ткн „антитерористичка операција“, ја концентрираат главнината своите сили околу Славјанск./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

