Европа
Украинските тенкови на периферијата од Луганск, започнаа тешки борби
Тешки борби избувнаа во предградијата на источниот украински град Луганск кој повеќе од три месецa е упориште на проруските ткн народни милиции за самоодбрана, а според некои очевидци извршен е и воздушен десант, соопшти во неделата за РИА Новости, командантот на одбраната на самопрогласената Донецка народна република, Игор Стрелков.
„На периферијата од Луганск се водат тешки борби. Непријателот во борбата користи околу 70 тенкови и две единици околопни возила. Според непотврдени информации, извршен е и десант од хеликоптери со специјални сили во самиот град“, изјави Стрелков.
Според него, ситуацијата ескалира и во близина на Донецк, град со околу милион жители, центар на источниот регион познат како Донбас, населен претежно со руско и рускојазично население кое не ги признава прозападните власти во Киев кои дојдоа на власт по масовните протести и безредијата во украинската престолнина и соборувањето во март годинава на претседателот Викторј Јанукович. Во почетокот тие се организираа во ткн народни милиции за самоодбрана и бараа федерализација на Украина, а подоцна по започнувањето на ткн „антитерористичка“ операција на украинската армија прогласија преку референдум независност и парадржавна единица Новоросија и бараат да бидат присоединети на Руската Федерација, како што тоа во март го стори црноморскиот полуостров Крим, што Западот го смета за руска анексија на украинска територија.
„По должината на фронтот се водат артилериски престрелки, непријателот покрена многу оклопни возила, артилерија и авиони. Од југ и од запад кон Донецк се насочeни колони на украинската армија“, изјавил Стрелков.
Претходно бунтовничките сили соопштија дека го оспособиле авионот „Сухој Су-25“ кој пред неколку денови го запленија od украинските сили, при неговото принудно слетување крај Луганск. Според непотврдени информации тој веќе дејствувал кај местото Александровск врз колона украински оклопни возила.
Истовремено руската дипломатија до Украина, откако претходно во неделата протестираше поради повтореното гранатирање од украинска територија на истоимениот град Донецк во руската Ростовска област при што загина еден Русин а две жени беа ранети, испрати уште еден демарш до Киев, поради нарушување на рускиот воздушен простор од страна на борбен авион на украинските воздухопловни сили. Според очевидци, украинскиот авион од руска страна гаѓал цели на украинска територија. /крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

