Европа
УН предупредуваaт на можно доаѓање на милиони бегалци во Европа

Обединетите нации предупредуваат дека во Европа би можеле да пристигнат милиони бегалци, доколку продолжи сириската граѓанска војна, која трае од март 2011 година и во меѓувреме се претвори во меѓусекташки судир со над 220 илјади жртви и околу четири милиони раселени лица во соседните држави.
Повеќе десетици илјади бегалци преку балканските земји пристигнуваат во Грција и Унгарија, во Европската унија и продолжуваат натаму кон западноевропските земји, бегаат пред војната и сакаат да се населат во земјите во кои се чувствуваат добредојдени, како Германија и Шведска.
Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека неговата земја, за која се проценува дека само во оваа земја годинава ќе прифати повеќе до 800.000 баратели на азил, веќе има ограничени ресурси, и ги повика другите европски земји да сторат повеќе за да се распредели товарот од мигрантската криза.
Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) извести дека во Унгарија ќе испрати монтажни бараки како привремени засолништа за околу 300 семејства. Истовремено изрази загриженоста поради многу остриот став на Будимпешта кон бегалците кои одбиваат да бидат регистрирани и идентификувани, како и да се соберат на местата кои се предвидени за нивно згрижување , како и од најавите дека ќе ја ангажира војската во справувањето со бегалската криза .
„Од властите очекуваме да ги почитуваат правата на бегалците, без разлика дали ли станува збор за полицијата или војската“, изјави портпаролот на УНХЦР, Вилијам, Шпиндлер, во седиштето во Женева.
Поради војната во Сирија досега внатрешно раселени или ја напуштиле земјата речиси осум милиони луѓе, изјави регионалниот директор на УНИЦЕФ за Блискиот исток и северна Африка, Питер Салама, предупредувајќи дека „Сирија наскоро би можеле да ја напуштат милиони луѓе и да тргнат кон ЕУ и натаму“.
Според податоците на Меѓународната организација за миграции (IOM), само годинава Средоземјето го минале рекордни 433.000 бегалци имигрант, што е двојно повеќе отколку во текот на целата 2014 година.
Европската комисија, по инсистирање на Германија и Франција, сака земјите членки на ЕУ да ги прифатат задолжителните квоти за прифаќање на повеќе од 160.000 бегалци, но некои земји силно се противат на таквиот план. Во петокот УНХЦР објави дека бројот луѓе кои треба да бидат разместени се зголемил веќе на 200.000 лица./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Авион со руски туристи принудно слета во Естонија поради украински напад со дронови

Патнички авион што превезуваше руски туристи до Санкт Петербург беше принуден да слета во Естонија вчера по украинскиот напад со беспилотно летало врз Русија.
„Авионот беше пренасочен кон Талин бидејќи не можеше да слета на аеродромот ‘Пулково’ поради неговото привремено затворање“, потврди Маргот Холтс, раководител за комуникации и за маркетинг на аеродромот во Талин.
Во ноќта од саботата кон неделата украински беспилотни летала погодија гасен терминал во регионот Ленинград и рафинерија за нафта во регионот Самара. Извор во Службата за безбедност на Украина потврди за „Киев индепендент“ дека разузнавањето стои зад нападот врз терминалот за течен природен гас во регионот Ленинград.
Авионот, управуван од египетскиот превозник „Ал Масрија јуниверсал ерлајнс“, полетал од Шарм ел Шеик и слетал во Талин во 5.33 часот по локално време. Тој го продолжил своето патување кон Санкт Петербург речиси шест часа подоцна.
Според Холтс, на патниците и на екипажот не им било дозволено да го напуштат авионот додека биле на аеродромот во Талин.
Украинските напади со беспилотни летала, кои сè повеќе го нарушуваат цивилниот воздушен сообраќај во Русија, се дел од пошироката украинска стратегија за поткопување на руската логистика далеку над линиите на фронтот. Во првите месеци од 2025 година украинските напади со беспилотни летала наводно ја принудиле Русија да затвори аеродроми повеќе од 200 пати.
фото: принтскрин
Европа
Украинци: Русите извршија 500 напади врз Запорожје за еден ден

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 500 напади насочени кон 13 населени места во регионот Запорожје, објави на Телеграм Иван Федоров, началник на Воената администрација на Запорожје.
„Руските сили извршија четири воздушни напади врз Билохирија, Полтавка и Червони. Три напади со повеќекратен ракетен систем (MLRS) ги погодија Плавни и Мала Токмачка. Вкупно 327 беспилотни летала (главно дронови FPV) ги погодија Запорожје, Биленки, Плавни, Хулајпол, Шчербаки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно. Исто така, 166 артилериски напади се регистрирани во Плавни, Хулајпол, Орихив, Шчербаки, Преображенки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно“, се вели во соопштението.
Властите добија 19 пријави за штети на станбени згради и помошни згради. Немаше пријави за цивилни жртви.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Патниците врескаа од страв откога силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим принудувајќи го пилотот итно да слета.
Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции на летот од Аликанте до аеродромот во Рим.
Turbulence caught on camera today on a Wizz Air flight from Alicante to Rome, forcing a diversion to Bologna.pic.twitter.com/sbLjXUp1DH
— The Age Of Genz (@TheAgeOfGenZ) August 21, 2025
Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.
Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.
Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.
По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Таму слетал во 3.53 часот наутро, речиси три часа откога требаше да пристигне во италијанската престолнина.
Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.