Контакт

Европа

Успех на противниците на ограничувањето за доселување во Швајцарија

Објавено пред

Противниците на ограничувањето на масовното доселување во Швајцарија изгласано на 9-ти февруари 2014 година, однесоа победа собирајќи го неопходните 100.000 потписи за организирање нов референдум за ова прашање, според интернет страницата на оваа иницијатива.

dobivaj vesti na viber

Во декември минатата година оваа група покрена граѓанска иницијатива под мотото „Да излеземе од ќорсокакот“ (Raus aus der Sackgasse – RASA), и собрала 100.000 потпис, колку што бара швајцарскиот политички систем. Иницијативата бара да се измени исходот од плебисцитот од 9-ти февруари 2014 година бришејќи ја од уставот одредбата за повторно воведување на доселентичките квоти.

Иницијативата, што е особеност на швајцарскиот закон која на граѓаните им овозможува да одржат референдум за одредено прашање, е во завршна фаза, порачуваат нејзините промотори. До крајот на август тие очекуваат дека ќе добијат уште 20.000 потписи, за да бидат сигурни дека ќе имаат доволен број важечки потписи на граѓаните. Најдоцна до октомври таа треба да биде предадена на властите во Берн.

Според организаторите на иницијативата, одлуката донесена со референдумот од 9-ти февруари 2014 година против масовното доселување, ги загрозува билатералните договори на Швајцарија со Европската унија и нејзината примена најверојатно би ја донела земјата во „слепа улица“.

Целта е да се поништат уставните одредби воведени со споменатиот референдум, доколку нивната примена претставува пречка за билатералните односи. Според швајцарскиот закон, имено, секоја иницијатива која ќе ја изгласаат граѓаните, автоматски се внесува во уставот.

Доколку билатералните договори меѓу ЕУ и Швајцарија останат на сила, организаторите ќе ја повлечат иницијативата. Брисел веќе предупреди дека доколку референдумската одлука стапи на сила и бидат воведени предвидените квоти, кои ќе важат и за државјаните на ЕУ кои работата во Швајцарија, билатералните договори ќе бидат раскинати./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Медведев: Зоната забранета за летови над Украина би значело војна меѓу НАТО и Русија

Објавено пред

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, предупреди дека воведувањето зона на забрането летање над Украина и соборувањето на руски беспилотни летала би значело војна со земјите од НАТО, објави Анадолија.

dobivaj vesti na viber

Медведев, кој беше руски претседател од 2008 до 2012 година, на Телеграм изјави дека „ја смета европската иницијатива ‘Источна гарда’ за забавна“.

„Но, сериозно, спроведувањето на провокативната идеја на Киев и другите будали за создавање зона на забрането летање над Украина и можноста земјите од НАТО да ги соборат нашите беспилотни летала би значело само едно – војна меѓу НАТО и Русија. Да ги наречеме работите со вистинското име“, рече тој.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во саботата ја објави операцијата „Источна гарда“, која вклучува распоредување опрема на границите со Белорусија, Русија и Украина.

Медведев ја опиша секоја употреба на замрзнатите руски средства, вклучително и во форма на „заем за Украина“, како „кражба“, предупредувајќи дека доколку тоа се случи, Русија ќе ги гони државите и функционерите на ЕУ „до крајот на времето“ и „со сите можни средства“.

„Без да се откаже од побарувањата против нив поради истекот на рокот за застарување или стекнување имот, и без рок за застарување за гонење за меѓународни злосторства. Во сите можни меѓународни и национални судови. А во некои случаи, дури и надвор од судот“, рече тој.

Одговарајќи на предлогот на австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рајзингер за одржување разговори меѓу Русија и Украина врз основа на нејзината неутралност, Медведев посочи на неконзистентноста на нејзините изјави со оние што ги даде два месеци претходно, кога се залагаше за влез во НАТО.

„Беате се отрезни и е многу исплашена“, рече тој.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Лукашенко: Ние и Русите вежбаме лансирање нуклеарно оружје во Белорусија

Објавено пред

Русија и Белорусија вежбаат лансирање на руско тактичко нуклеарно оружје како дел од заеднички воени вежби, изјави белорускиот лидер Александар Лукашенко.

dobivaj vesti na viber

Државните медиуми објавија дека началникот на белорускиот Генералштаб рекол дека вежбите ја вклучувале и руската хиперсонична ракета „Орешник“, која беше тестирана минатата година во војната со Украина. Русија и Белорусија ги завршуваат своите петдневни воени вежби „Запад“, за кои велат дека имаат за цел да ја тестираат нивната борбена готовност, иако вежбите ги вознемирија некои соседни земји.

Облечен во воена униформа, рускиот претседател Владимир Путин се сретна со високи воени претставници во рускиот регион Нижни Новгород, каде што се одржуваа дел од вежбите. „Околу 100.000 војници учествуваа во вежбите, со приближно 10.000 парчиња воена опрема“, изјави Путин за државната телевизија.

„Целта на вежбите беше да се обезбеди безусловна заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на Федералните држави“, додаде тој, осврнувајќи се на сојузот меѓу Русија и Белорусија.

Воените вежби, за кои западните аналитичари велат дека имаат за цел да ја заплашат Европа, дојдоа само неколку дена откако полските и силите на НАТО објавија дека собориле руски беспилотни летала што влегле во полскиот воздушен простор.

Лукашенко: Вежбаме насекаде
Белорусија, близок сојузник на Русија што се граничи со Украина и Русија, како и со членките на НАТО Полска, Литванија и Латвија, е дом на руско тактичко нуклеарно оружје врз кое Москва ја задржува контролата. Белоруската новинска агенција Белта го цитираше Лукашенко како вели дека е сосема природно руското тактичко нуклеарно оружје да биде дел од вежбите на Западот.

„Вежбаме насекаде. И Западот го знае ова, ние не го криеме. Од истрелување мало конвенционално оружје, до нуклеарни боеви глави. Повторно, мора да имаме право да го правиме ова. Инаку, зошто би биле на белоруска територија? Апсолутно не планираме да му се закануваме на никого со ова“, рече тој.

Белоруското Министерство за одбрана потврди во соопштение дека употребата на тактичко нуклеарно оружје е практикувана со лансирањето на руската балистичка ракета со среден дострел „Орешник“, која Москва ја испали кон Украина за прв пат на 21 ноември минатата година.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Путин во униформа на огромна воена вежба на источната граница на НАТО

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин се појави во воена униформа на големата воена вежба на руската и белоруската армија, „Запад 2025“, која се одржува со денови во близина на источните граници на НАТО.

dobivaj vesti na viber

Путин го посети полигонот Мулино во регионот Нижни Новгород. Таму изјави дека 100.000 војници учествуваат во маневрите на 41 полигон за обука на копно и море, 333 авиони, околу 250 бродови и 10.000 парчиња воена опрема.

Претходно се сметаше дека во вежбата ќе учествуваат 30.000 војници, но бројките покажуваат значително поголема мобилизација.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

(Фото) „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“, „Шест месеци без правда за Кочани“: на плоштадот во Скопје одбележани шест месеци од трагедијата во „Пулс“

Вечерва во 20:16 часот, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со ѕвездено небо и молк, како симбол на солидарност и граѓанска...

Европа11 часа

(Видео) Путин во униформа на огромна воена вежба на источната граница на НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин се појави во воена униформа на големата воена вежба на руската и белоруската армија, „Запад 2025“,...

Македонија12 часа

ИЈЗ смирува: Нема тешки метали во почвата и водата не е радиоактивна

Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје, и во неделата беа земени примероци, мостри од страна на...

Топ15 часа

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

Обвинителството го објави записникот од испитувањето на Росица Коцева (31) од Велес, даден на 9 септември годинава, само неколку дена...

Македонија16 часа

Јас не сум од вчера во политиката, партијата Левица фрли гума за спасување на ДУИ со кандидатите во Струга, Гостивар и во Тетово, вели Мицкоски

Партијата Левица предложи кандидати за градоначалници во Струга, Гостивар и во Тетово само за да ги раслои анти-ДУИ гласовите во...

Македонија17 часа

Обвинителството испитува одговорност за големиот пожар во Трубарево, утре увид на терен

Утре, ќе почне увидот на самото место за причините за големиот пожар во Трубарево. Увидните екипи ќе работат под координација...

Македонија17 часа

Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над пет години, Мицкоски најави итни законски измени

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, при посетата на Јегуновце најави законски измени со кои најстрого ќе се казнува подметнување пожар и...

Македонија18 часа

Идентификувани 20 лица осомничени за подметнување пожари во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека дваесетина лица се идентификувани како осомничени за серијата подметнати пожари во Скопје. Според него,...

Македонија18 часа

Пред убиството Росица го пријавувала Стефановски за насилство и непочитување на забраната за приближување, го запалил и автомобилот на татко ѝ

Против Илија Стефановски, осомничен за убиството на Росица Коцева (31) и на татко ѝ Киро Коцев (68) во Велес, претходно...

Македонија20 часа

Намалена активната транспарентност на Владата и на министерствата, најмалку информации има за финансиите, објави Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според активното објавување...

Македонија21 час

Синоќа повторно предизвикан пожар на „Дрисла“

Синоќа, пред 23 часот, повторно беше предизвикан пожар на депонијата „Дрисла“, на сосема друго место, подалеку од местото што беше...

Свет22 часа

Рубио: Трамп е единствениот лидер што може да разговара со Русија, Украина и со Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, објави американскиот...

Македонија22 часа

„Марш за ангелите” во Кочани и мирен протест во Скопје: шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица....

Македонија22 часа

Изгаснат тежок пожар пред Пинтија, под контрола се пожарите на „Дрисла“ и во Трубарево, активен пожарот на Кожуф

Рано утрово пред 4 часот избувна тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над „Стакларата“ на местото наречено Каменик)...

Македонија22 часа

Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника по признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, велат од СДСМ

Панче Тошковски во интервју призна дека нема осомничени дека одреден центар на моќ влијаел да се подметне пожарот во Трубарево...

Свет23 часа

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и сопрете го Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд Трамп да заземе јасна позиција за да го запре Владимир Путин и да...

Македонија1 ден

Град Скопје не е надлежно за фабриката во Трубарево, „Вардариште“ е на Гази Баба, кај си да писнеш за УСЈЕ, му порача Арсовска на Ѓорѓиевски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи по последните случувања со пожарите во Трубарево, „Дрисла“ и „Вардариште“...

Македонија1 ден

Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи, состојбата во Трубарево е под целосна контрола, уверуваат надлежните

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето...

Топ1 ден

Скопјанeц ги убил девојката и татко и во Велес, па се самоубил

Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско...

Македонија1 ден

Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево, соопшти ИЈЗ

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и...