Европа
Валс и’ вети на Меркел реформи во Франција
Германската канцеларка Ангела Меркел ја оцени во понеделникот како „импресивна“ програмата реформи на францускиот премиер Мануел Валс кој вети дека неговата земја ќе ги спроведе до крај.
Германската канцеларка Ангела Меркел ја оцени во понеделникот како „импресивна“ програмата реформи на францускиот премиер Мануел Валс кој вети дека неговата земја ќе ги спроведе до крај.
„Сакам да им порачам на Германците дека ќе преземеме реформи“, изјави претседателот на француската влада Мануел Валс во текот на неговата прва официјална посета на Берлин.
Шефот на владата на Франција пред прес-конференцијата имаше средба во понеделникот со германската канцеларка Ангела Меркел на којашто и’ ги претставил нацрт реформите на неговиот кабинет и се заземал првата европска економија да вложи повеќе во обновувањето на економијата на континентот.
Меркел на заедничката прес-конференција со францускиот колега ја пофали „импресивната“ програма на реформи и мерките што се носат „според она што го слушнав, во важните области кој на крајот ќе решаваат за компетитивноста на француските компании“.
Меѓутоа, кога станува збор за вложувањата, Меркел повторно ги згасна надежите, оценувајќи дека постојат „многу можности за создавање раст без дополнителни пари“. „Германија покажа дека може истовремено да бидат консолидирани финансиите и да се создаде раст“.
Претходно во петокот, францускиот претседател Франсоа Оланд зборувајќи во Париз на истата тема, иако одбива да ја укине 35-часовната работна седмица, да ја намали најниската плата и да ја подигне возраста за пензионирање или да излезе од еврозоната, изјави дека од Франција не смее да се бара во пет години да ги спроведе реформите за кои на Германија ѝ биле потребни десет години и освен тоа во далеку поповолни економски услови. Премиерот Мануел Валс таквиот став ќе ѝ го пренесе на германската канцеларка Ангела Меркел кога во понеделник со неа е се сретне во Берлин, најави Оланд.
Две седмици откако Париз го предизвика гневот на европските партнери со изјавата дека јавниот дефицит на припишаното европско ниво од 3 отсто од националниот БДП нема да го намали до 2017 година, а тоа е две години по веќе продолжените рокови, Оланд порача дека нема да има нови кастрења.
„Франција нема да стори повеќе од тоа, бидејќи тоа би било лошо за растот, Франција нема да ги зголеми даноците, бидејќи тоа би му штетело на заздравувањето“, изјави Оланд пред 350 новинари и целата негова влада.
„Не барајте од нас во пет години да го сториме она за што на нашите германски пријатели им беа потребни десет години во далеку поповолна економска атмосфера и без присила на јавниот дефицит“, рече претседателот на Франција. Оланд, сепак, призна дека „резултатите бавно се остваруваа“, но и дека верува дека ќе ги постигне до 2017-та.
Оланд порача дека со Берлин ќе работи на посилна интеграција, во прв ред во одржливата енергија, а за шкотскиот референдум за независност рече дека претставува закана за изградбата на Европа откако таа се градеше половина век./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

