Европа
Вашингтон со санкции за шестмина унгарски владини претставници
САД им забраниле влез во земјата на шестмина унгарски владини преставници, како предупредување за властите во Будимпешта поради политиките кои им се закануваат на демократските вредности, пишува Euractiv.
САД им забраниле влез во земјата на шестмина унгарски владини преставници, како предупредување за властите во Будимпешта поради политиките кои им се закануваат на демократските вредности, пишува Euractiv.
Американски дипломат во Будимпеша во понеделникот изјавил дека шесте лица биле државни службеници или, пак, биле поврзани со унгарската влада, а минатонеделната забрана доаѓа по серијата на предупредувања од Вашингтон, упатени кон владата на премиерот Виктор Орбан.
Санкциите за забрана на влез во САД, од страна на американските власти неодамна беа употребени и против неколку руски државјани, поради нивната вмешаност во украинската криза.
Претставникот на американсата амбасада во Будимпешта, Андре Гудфренд, изјави дека корупцијата е еден од симптомите на ослабнувањето на демократските институции во Унгарија.
„Во одреден момент, оваа состојба, доколку продолжи вака, ќе се влоши до тој степен што ќе биде тешко заеднички да соработуваме како сојузници“, изјави Гудфренд во понеделникот.
„Затоа сакаме да го избегнеме ова, поради тоа што сме сојузници, пријатели, силни НАТО партнери, и сакаме да и помогнеме на Унгарија да го избегне ваквиот развој на настаните во сопственото општество, и препреката која им се заканува на нашите добри односи“, изјавил американскиот претставник.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој во април годинава доби нов четиригодишен мандат, во јули порача дека има намера од Унгарија да направи „нелиберална држава“, земајќи ги како примери Русија, Кина и Турција.
„Разговаравме за ова толку долго што во одреден момент ќе мора да се одлучи дали ќе им верувате на овие работи, и доколку се повеќе од зборови, како ќе реагирате?“, рекол Гудфренд.
Шефот на кабинетот на Орбан, Јанош Лазар, пред унгарската парламентарна комисија за безбедност изјавил дека владата не ги криела деталите од овие случаи.
„Унгарската влада е изненадена од развојот на настаните, бидејќи ова не е начин на кој пријателите ги решаваат пролемите. Ако велите дека имате кредибилни информации и потоа зборувате за владините претставници, единствениот начин на којшто ќе и помогнете на Унгарија е преку давање на тие кредибилни информации“, рекол Лазар.
Шефот на унгарската дипломатија, Петер Шијарто во вторник ќе го посети Вашингтон, каде ќе има средба со американскиот заменик државен секретар Викторија Нуланд, а меѓу другото двајцата ќе разговараат и околу ова прашање.
Весникот Napi Gazdaság во саботата ги поврза санкциите со истрагата на унгарските даночни власти во однос на американски фирми кои делуваат во Унгарија, а порталот Index.hu смета дека станува збор за можни обиди за изнуди од американските компании од стана на унгарските власти./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.