Европа
Во безредијата во Марсеј најмалку 36 повредени, еден критично
Во одделните судири меѓу англиските со руските и француските фудбалски хулигани во изминатите три дена пред, за време и по натпреварот во рамките на Европското првенство меѓу Англија и Русија кој заврши без победник одигран во францускиот пристанишен град Марсеј, најмалку 35 луѓе се повредени, а еден англиски навивач е во животна опасност.
Иако по инцидентите кои во Марсеј започнаа да се случуваат уште во четвртокот, локалните власти ангажираа најмалку 1.200 полицајци за одржување на јавниот ред и мир, хаосот на улиците на францускиот пристанишен град не беше запрен.. Полицијата приведе шест лица, а за да го запрат насилството на улиците беше принудена да користи чадни бомби со солзавец. Во тие акции повредени се полесно и тројца полицајци.
Педесетгодишен англиски навивач, кој настрадал во стампедо во Марсеј, се наоѓа во крајно тешка состојба, соопшти во неделата полицискиот префект на департманот Буш-ду-Рон, Лоран Нуњез.
„Лекарите сметаат дека неговиот живот е сериозно загрозен“, изјави Нуњез за локалните медиуми.
Инцидентот во кој бил повреден навивачот се одиграл три часа пред почетокот на мечот меѓу селекциите на Русија и Англија. За време на пресметката меѓу навивачите, Англичанецот „добил неколку удари со железна цевка по телото, особено по главата“, соопшти полицијата на Марсеј. Растурајќи ја толпата, полицајците на повредениот му укажале прва помош, вклучително и срцева масажа, со што успеале да му ја повратат свеста, и подоцна бил пренесен во локална болница.
Само ноќта кон неделата настрадани се 35 навивачи, од кои четворица се во потешка состојба и се хоспитализирани во болниците во Марсеј. Медицинска помош на марсејските улици им била укажана на повеќе од триесетина лица, по повреди здобие ни од шишиња или столчиња од терасите на кафулињата.
Меѓутоа, безредија немаше само во Марсеј. Во Ница во саботата ноќта се судриле навивачите на Северна Ирска и локалните хулигани. Според полициските извештаи, седум лица се повредени, едно од нив е со сериозни повреди на главата.
Сцените од уличните судири од двата француски града се проширија низ социјалните мрежи, а ги емитуваше и францускиот јавен телевизиски сервис. Тие пластично ја покажуваат бруталноста на таканаречените навивачи кои во пресметките користат сé што ќе им дојде при рама/
Европската фудбалска федерација УЕФА и Англискиот фудбалски сојуз ФА ги осудија инцидентите, а челниците на европската покривна фудбалска организација најавија итен состанок на тема справување со навивачкото насилство. „За луѓето кои прибегнуваат насилство нема место во фудбалот“, се истакнува во соопштението на УЕФА. Од англискиот сојуз ги повикаа навивачите на „пристојно однесување“ и изразија разочарување од „сцените видени во Марсеј“.
Организаторите на Европското фудбалско првенство изразија стравување дека сцените од Марсеј може да се повторат и во другите француски градови, а првиот дуел од оние кои се означени како најризични е неделниот меѓу Турција и Хрватска на парискиот „Парк на принцовите“. На скалата од ризичност меѓу 1 и 4, овој меч е означен со оцена 3, како и натпреварите меѓу Германија и Полска на 16-ти јуни на „Стад де Франс“, Англија и Велс истиот ден во Ленс, и меѓу Украина и Полска на 21-ви јуни во Марсеј.
На сите тие натпревари ќе бидат заострени мерки за претпазливост. По она што се случи во Марсеј, повеќе не смее да има пропусти во обезбедувањето, а одговорот на секаков вид насилство мора да биде брз и ефикасен“, изјави шефот на Националниот одел за борба против хулиганството, Антоан Бутоине за AFP.
Францускиот министер а внатрешни работи Бернар Казнев издаде соопштение во коешто истакнува дека француската полиција под контрола ја има безбедносната ситуација, како и дека предвид се земени „сите закани, вклучително и оние од можни терористички напади“.
Руските медиуми, кои нагласуваат дека во руските навивачи ги следат и руски полициски службеници, наведуваат дека УЕФА нема да пропушти да ги казни фудбалските сојузи на Англија и на Русија, а француските медиуми безредијата во Марсеј ги нарекоа срамотни. Според францускиот спортски дневен весник L’Equipe „ставот веќе победи на Евро“, а во спортскиот прилог на неделното издание на лондонски The Daily Mail доминира насловот „Враќање во црните години“, алудирајќи на ерата кога британски фудбалски фанови дивееја низ Европа, па за справување со нив беа носени драконски мерки./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.
„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.
Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.
НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.
Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.
Европа
Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра
Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени во музејот и туристички водичи кои ги таргетирале кинеските посетители во шема што вклучувала продажба на лажни билети и пререзервирање на тури со водичи, објавува „Еуроњуз“.
Според францускиот весник „Ле Паризиен“, полицијата ги уапси осомничените во вторник откако раководството на Лувр пријавило „неправилности“. За време на операцијата, запленети се три возила, 130.000 евра во готово и замрзнати се речиси 200.000 евра на банкарски сметки. Откриени се и неколку банкарски сефови со големи суми готовина.
Раководството на музејот во соопштението наведува дека сега „воспоставило структуриран план против измами врз основа на мапирање на измами, серија превентивни и куративни мерки, правни, технички и контролни мерки и следење на резултатите“.
Апсењата следат по низа лоши вести за најпопуларниот музеј во светот и една од најпочитуваните институции во Франција. Од минатиот месец, Лувр е принуден делумно да ги затвора вратите за посетители секоја недела поради штрајк на персоналот незадоволен од платите и условите за работа.
Протестите започнаа кон крајот на минатата година по објавувањето на осудувачки владин извештај за безбедносните пропусти, кои беа откриени по дрскиот грабеж на француските крунски скапоцености во октомври.
Европа
Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија отколку да ги принуди Украинците да прифатат лош договор.
Американското списание објави растечка загриженост кај некои членови на внатрешниот круг на Зеленски дека неговиот прозорец за решение се затвора и дека Украина би можела да се соочи со години континуиран, мачен конфликт доколку не се постигне договор за завршување на војната оваа пролет.
Зеленски беше цитиран како вели дека претпочита да не прифати „договор отколку да го принуди својот народ да прифати лош“.
„Дури и по (скоро) четири години интензивно војување, тој вели дека е подготвен да продолжи да се бори доколку е потребно за да обезбеди достоинствен и траен мир“, се вели во статијата, забележувајќи дека Зеленски рекол дека „Украина не губи“ кога бил прашан за неговата проценка на позицијата на Киев на фронтот.
Два круга трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржаа во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, на 23 и 24 јануари и на 4 и 5 февруари.
Во понатамошните коментари за списанието, Зеленски рече дека „нема поголема победа“ за американскиот претседател Доналд Трамп од наоѓање решение за војната меѓу Русија и Украина.
„За неговото наследство, ова е број 1“, рече тој, додавајќи дека постигнувањето такво решение пред американските меѓуизбори во ноември би била „најдобрата ситуација“ за Трамп.
„Да, тој сака помалку смрт. Но, ако вие и јас разговараме како возрасни, тоа е само победа за него, политичка“, додаде тој.
Коментарите дојдоа откако Зеленски им рече на новинарите за време на викендот дека САД инсистираат на решавање на војната меѓу Русија и Украина „до почетокот на ова лето“ и дека Вашингтон „веројатно ќе изврши притисок врз страните во согласност со овој распоред“.
Во изјавите објавени од украинските медиуми, тој рече дека Киев разбира дека „внатрешните проблеми“ во САД влијаат на овој рок, особено со почетокот на кампањата за меѓуизборите подоцна оваа година.

