Европа
Во бунтот на таксистите во Париз нападната Кортни Лав, тројца приведени
Американската пејачка Кортни Лав била нападната на аеродромот „Роаси – Шарл Дегол“ од разгневените париски таксисти коишто во престолнината на Франција во четвртокот започнаа вистинска „револуција“, протест главно насочен против мобилната апликација која им ја одзема работата, при што според првичните информации се уапсени тројца таксисти.
„Тие го опкружија нашиот автомобил и во заложништво го земаа нашиот возач. Дали е во Франција? Побезбедна бев во Багдад“, напиша Кортни Лав на Twitter.
Под твитот американската пејачка постави фотографија, направена од автомобилот. Еден од прозорците на возилото е скршен, најверојатно, од напаѓачите, таксистите во чиишто раце според Лав имала метални шипки и бејзбол палки. „Франсоа Оланд, каде ти е полицијата? Законски ли е да се напаѓаат оние што ќе допатуваат“, се обраќа до францускиот претседател вдовицата на фронтменот на култната група Нирвана, Курт Кобејн.
Од аеродромот пејачката успеала да побегне со познатите париски мото-такси. „Плативме на мотоциклистите, и тие ни помогнаа да се извлечеме. По нас трчаа таксисти и фрлаа по нас со камења. Покрај нас минаа две полициски возила, и ништо не сторија“, напиша уште Кортни Лав.
Париските таксисти протестираат против нелегалната конкуренција што им ја прават нелиценцираните приватни таксисти, кои својата голема популарност во Париз ја стекнаа преку американскиот онлајн сервис UberPOP, којшто на туристите и жителите им овозможува да се резервира приватно такси. Според таксистите, ваквите услуги овозможуваат зголемување на нелојалната конкуренција, при што тие ќе бидат губитници, бидејќи се принудени да плаќаат многу за лиценци и давачки за регистрациите, отколку конкуренцијата.
Француските власти веќе донесоа неколку закони коишто ја ограничуваат ваквата конкуренција, но таксистите сметаат дека тие мерки не се доволни.
Полицијата уапсила веќе тројца таксисти за учество во безредијата во Париз, коишто избувнаа во четвртокот претпладне за време на штрајкот на такси возачите во француската престолнина, пренесува AFP повикувајќи се на полициски извори.
Според агенцијата, уапсени биле две лица во 17-от париски арондисман, бидејќи фрлале со камења кон припадниците на полицијата. Едно лице, пак, било приведено во 14-от арондисман за напад врз конкурентски возач, напаѓачот испрскал солзавец во такси коешто стоело на семафор.
Главните протести се одвиваат во Париз, каде што таксистите ги блокираа главните сообраќајници во метрополата. Претходно слични протести се одвиваа низ цела Франција, но со помал интензитет и минаа без проблеми. Единствено на почетокот од седмицава во Лион таксисти блокираа еден автомобил за кој се посомневале дека работи преку услугата UberPOP. Возачот успеал да избега до полициската станица каде што се сокрил. Но патникот бил истепан и морал да побара лекарска помош.
Онлајн сервисот UberPOP е дизајниран за транспортни услуги, овозможува да се закаже приватно такси преки интернет страница, а исто така и преку апликациите за iPhone или на уреди со Android. Сервисот користи софтвер кој го води возачот до најблискиот клиент кој пријавил дека има потреба од превоз.
Компанијата „Uber“ е основана во 2009 година, а нејзиното седиште е во Сан Франциско. Во моментов услугата UberPOP е достапна во повеќе од 100 големи градови низ целиот свет. Компанијата заработува од таксистите кои работат преку нејзината програма по околу 20 отсто од вената на секој повик./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

