Европа
Во Италија над 82 милиони амандмани против уставните реформи

Северната лига (LN), италијанската партија којашто е против еврото и доселувањето, приложи во средата повеќе од 82 милиони амандмани на нацрт уставните реформи, и покрај тоа што знае дека сите многу лесно може да ги одбие претседателот на Сенатот.
„Поднесов 82.730.460 амандмани на уставната реформа за која Сенатот расправа, сите средства се дозволени, па и ова, за да ја спасиме демократијата. Речиси сум сигурен дека ги урнавме сите рекорди“, изјави Роберто Калдероли, еден од челниците на Северната лига и потпретседател на италијанскиот Сенат, инаку познат и во минатото по вакви „потфати“.
Постапката е едноставна – компјутерската програма истата реченица ка претвора во голем број варијанти, така што ги разместува запирките, ги менува бројките и така секојпат создава нов амандман.
Според деловникот за работа на горниот дом на италијанскиот парламент, претседателот на Сенатот, Пјетро Грасо, може сепак да ги прогласи сите или дел од амандманите за неприфатливи, за да ја забрза расправата. Неговата одлука ќе биде позната следните неколку дена.
Меѓутоа, деловникот задолжува секој амандман посебно да биде отпечатен , а според пресметката на новинската агенција AGI, овој маневар на Северната лика ќе потроши речиси 412 тони хартија.
Ова е третпат Сенатот да расправа за споменатата уставна реформа, една од главните задачи на владата на Матео Ренци, кој е лидер на левиот центар. Текстот уште еднаш треба да се најде пред пратениците, а потоа за него ќе се одржи референдум, најверојатно кон средината на 2016 година.
Според оваа реформа, би бил укинат сегашниот дводомен систем кој неретко предизвикуваше политички кризи, многу ги намалува овластувањата на Сенатот, тој веќе нема да гласа за доверба на владата, ќе се занимава со регионалните закони и ќе има само 100 пратеници наместо сегашните 315.
Овој нацрт наидува на силен отпор, па и во самата Демократска партија (PD) на премиерот Ренци, но според пишувањата на медиумите, најверојатно тој се договорил со левото крило во партијата, текстот следните седмици да биде донесен во Сенатот, каде што има тесно мнозинство./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Авион со руски туристи принудно слета во Естонија поради украински напад со дронови

Патнички авион што превезуваше руски туристи до Санкт Петербург беше принуден да слета во Естонија вчера по украинскиот напад со беспилотно летало врз Русија.
„Авионот беше пренасочен кон Талин бидејќи не можеше да слета на аеродромот ‘Пулково’ поради неговото привремено затворање“, потврди Маргот Холтс, раководител за комуникации и за маркетинг на аеродромот во Талин.
Во ноќта од саботата кон неделата украински беспилотни летала погодија гасен терминал во регионот Ленинград и рафинерија за нафта во регионот Самара. Извор во Службата за безбедност на Украина потврди за „Киев индепендент“ дека разузнавањето стои зад нападот врз терминалот за течен природен гас во регионот Ленинград.
Авионот, управуван од египетскиот превозник „Ал Масрија јуниверсал ерлајнс“, полетал од Шарм ел Шеик и слетал во Талин во 5.33 часот по локално време. Тој го продолжил своето патување кон Санкт Петербург речиси шест часа подоцна.
Според Холтс, на патниците и на екипажот не им било дозволено да го напуштат авионот додека биле на аеродромот во Талин.
Украинските напади со беспилотни летала, кои сè повеќе го нарушуваат цивилниот воздушен сообраќај во Русија, се дел од пошироката украинска стратегија за поткопување на руската логистика далеку над линиите на фронтот. Во првите месеци од 2025 година украинските напади со беспилотни летала наводно ја принудиле Русија да затвори аеродроми повеќе од 200 пати.
фото: принтскрин
Европа
Украинци: Русите извршија 500 напади врз Запорожје за еден ден

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 500 напади насочени кон 13 населени места во регионот Запорожје, објави на Телеграм Иван Федоров, началник на Воената администрација на Запорожје.
„Руските сили извршија четири воздушни напади врз Билохирија, Полтавка и Червони. Три напади со повеќекратен ракетен систем (MLRS) ги погодија Плавни и Мала Токмачка. Вкупно 327 беспилотни летала (главно дронови FPV) ги погодија Запорожје, Биленки, Плавни, Хулајпол, Шчербаки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно. Исто така, 166 артилериски напади се регистрирани во Плавни, Хулајпол, Орихив, Шчербаки, Преображенки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно“, се вели во соопштението.
Властите добија 19 пријави за штети на станбени згради и помошни згради. Немаше пријави за цивилни жртви.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Патниците врескаа од страв откога силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим принудувајќи го пилотот итно да слета.
Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции на летот од Аликанте до аеродромот во Рим.
Turbulence caught on camera today on a Wizz Air flight from Alicante to Rome, forcing a diversion to Bologna.pic.twitter.com/sbLjXUp1DH
— The Age Of Genz (@TheAgeOfGenZ) August 21, 2025
Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.
Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.
Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.
По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Таму слетал во 3.53 часот наутро, речиси три часа откога требаше да пристигне во италијанската престолнина.
Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.