Европа
Во нападот во Брисел ранет словенечки дипломат
Во експлозиите во Брисел во текот на терористичките напади во вторникот, ранет е и еден словенечки дипломат, потврди министерството за надворешни работи на Словенија, без да наведува детали и идентитетот на повредениот.
На словенечките граѓани нивното министерство за надворешни работи за неопределено време не им советува да патуваат во белгиската и европска престолнина, а на оние кои веќе престојуваат во Брисел, им препорачува да ги следат настаните и официјалните информации, како и да биде многу претпазливи.
Белгиското обвинителство објави дека најмалку 13 луѓе се убиени и 35 се ранети во две експлозии во вторникот утрото на бриселскиот аеродром „Завентем“. За бројот на мртвите и ранетите во подземната железница во Маелбек сé уште нема официјална потврда, но медиумите известуваат за десет загинати.
Нивото на тревога на територијата на цела Белгија е подигната на највисокото можно ниво. Сопрен е јавниот транспорт во Брисел. Затворени се сите европски институции и откажани се состаноците. Евакуирани се зградите на белгиската влада и на парламентот.
Експлозиите се случија откако во петокот попладнето во емигрантското предградие на Брисел – Моленбек, беше во куса престрелка уапсен 26-годишниот Салах Абдеслам, главниот осомничен за џихадистичките напади од 13-ти ноември 2015 година во француската престолнина Париз, кога беа убиени 230 луѓе и ранети повеќе од 350.
Белгискиот министер за внатрешни работи Жан Жамбон во понеделникот изјави дека земјата е на висок степен на готовност поради можни одмазнички напади по апсењето на Абдеслам. „Знаеме дека запирањето на една ќелија може да поттикне друга акција. Свесни сме за тоа, што се однесува до овој случај“, изјави Жамбон за белгиското јавно радио./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

