Европа
Во падот на хеликоптерот во Норвешка најверојатно 13 мртви, причината непозната
Сите тринаесет лица, единаесет работници на нафтена платформа во Северното Море и двајца членови на екипажот, најверојатно загинаа во хеликоптерската несреќа во близина на западниот брег на Норвешка, објави во петокот вечерта полицијата, која истакнува дека падот бил „ненадеен и неочекуван“, а очевидци виделе како од леталото во воздухот отпаднала елисата.
Во петокот околу пладнето норвешките медиуми објавија дека на мал остров во близина на брегот недалеку од градот Берген се урнал хеликоптер во кој се наоѓале вкупно 13 лица. Очевидци изјавија дека виделе како некои од луѓето уште пред ударот на земја излетале од хеликоптерот. Според спасувачките служби, во овој моменти сите се сметаат за мртви. Компанијата „Statoil“ во меѓувреме потврди дека со хеликоптерот се превезувале нејзини вработени, кои во Берген летале од платформата „Gullfaks B.“.
Хеликоптерот се урнал на островот Туреја близу Берген. Дел од остатоците од леталото се пронајдени во морето, а некои спасувачките тимови ги пронашле на копното. Локаното население за новинарите раскажува дека слушнале чад и експлозија, а од местото каде што се урнал трупот на хеликоптерот се издигал столб од чад.
Според очевидци, пред падот хеликоптерот се „нишал“ во воздухот. „Излеговме од автомобилот, мојот сопруг почна да вреска и да трча кон нас: ‘Тргајте се, тргајте се’, викаше дека делови од пропелерот може да паднат врз нас. Потоа слушавме силна експлозија“, изјавила за норвешкиот дневен весник Verdens Gang, сведокот на несреќата Ребека Андерсен.
„Имаше еден чуден звук на роторот, кој потоа отпадна. По неколку секунди хеликоптерот почна да паѓа и се урна на еден рид, недалеку од мојата куќа“, изјавила за новинарите од весникот Aftenposten, Моника Еспелид, која го гледала падот од прозорецот во својот дом при што видела силна експлозија.
„По 20 до 30 секунди од падот видов дека во воздухот сé уште е пропелерот на хеликоптерот“, додава Еспелид. Слични изјави за норвешките медиуми даваат и други интервјуирани очевидци.
Дел од остатоците на хеликоптерот се под вода на длабочина од околу 20 метри. Спасувачите од Координативниот центар на Јужна Норвешка соопштија, дека елисата и трупот на хеликоптерот се пронајдени на растојание од 200 до 300 метри. Трупот е најден во водата на длабочина од шест-седум метри, а роторот на копното, пренесе телевизијата NKR.
„Немаме никакви претпоставки за тоа што се случило, но сфативме дека тоа што се одиграло било одненадеж и неочекувано“, изјави за новинарите портпаролот на полицијата на Западна Норвешка, Хетил Ојри.
„Премногу е рано да се зборува за наводни причини за несреќата“, рече за NRK Арне Роланд, извршен директор во компанијата „CHC Helikopterservice“, во чија сопственост бил урнатиот хеликоптер.
Списанието Dagblade пишува дека урнатиот хеликоптер бил од моделот „Eurocopter EC22 Super Puma“. Во извештајот се додава дека на местото на падот веќе била пронајдена „црната кутија“.
Според компанијата „Statoil“, со хеликоптерот се превезувале нафтени работници, од платформата во Северното Море во Берген. Телевизијата NRK објави дека станува збор за 11 Норвежани, еден Британец и еден Италијанец.
„Спасувачката операција формално заврши во 17 часот по локално време (исто и според македонско). Сите 13 лица кои се наоѓале во леталото се претпоставува дека се мртви. Единаесет лица се работници на нафтената платформа, а двајца се членови на екипажот“, објави Координативниот центар за спасување на Норвешка на Twitter.
Портпаролот на норвешките правосудни органи Муртен Кронен во разговорот со новинарите прецизирал дека сите тела биле најдени на копното, и покрај тоа што повеќе очевидци изјавија дека виделе како неколку луѓе паѓаат во морето.
Потпретседателот на норвешкиот оддел на „Statoil“, Арне Сигве Нјулан, на прес-конференцијата по падот на хеликоптерот изјави дека 11-та патници работеле биле вработени во разни компании, но оти сите тие биел ангажирани за „Statoil“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.